Не се водам по распоред, јадам она што во моментот ми се јаде во помали количини, но како што споменав во првиот мој пост избегнувам грицки, благо, бел шеќер и бело брашно. Ова на МЕНЕ ми функционира, што никако не препорачувам да ме следите затоа што не сум нутриционист. Не е воопшто малце храна. Има феминки што јадат по два оброци дневно од кои јајца и парче пица, затоа викам на кој како му одговара. Сепак фала ти на советот
Ден 55 (да се мотивирам малку со калкулацииве) Денес многу убаво јадење сум јадела, ловечка плескавица со малку помфрит, салата и пиперки со масло и лукче.
Тука сум тука, ми избега диетава за празнициве и килажава Ама верувам вода е, одма за два дена ќе се вратам на 85.8кг ко пред празниците Се враќам полека, во среда ќе се мерам да кажам официјално до кај сум избегана Денес; - овес со јогурт и малини - банана - печен компир 3-4 парченца, и требаше месо ама ми се враќа луѓе назад месово, неподносливо ми е за јадење после празнициве и собиранкиве - може ќе каснам зелка салата со морков сирење и индиски ореви, оти ручеков ми беше ништо буквално После постот верувам дека ти е потешко оти си била ограничена со храна и сеа сакаш да каснеш и други работи... Дај си време две недели, касни броејќи калории и ќе се вратиш во колосек верувам Мене одморот во август ми е, имам време
Ден 2/50 д: 2 тонус, паштета и краставица р: печен компир и пилешко в: шопска салата Едно кафе денес и испешачени 5км.
Ден 3/50 д: овесни со јогурт р: ќе каснам тонус и некој намаз в: овошје ќе биде Кафе и 2 литри вода. Ми се јаде благо денес, па затоа гледам бар здраво да е.
Ден 56 Многу салата со различен зеленчук и 2 тањири гравче Одлично се чуствувам, се мерев денес и имам 82.2 килограми. Официјално 13 кг симнати
Се враќам во некоја нормала. Глутенот деф.не го можам. За утре. П.Два бг мафини со варени белки, 3 листа мисиркина, салата од валеријана. Р. Плескавица од јунешко со салата В. Пола од ручекот
Леле браво Ми избега ти мене Причекај ме малце За денес; - јајца и салата - јаболко - манџичка и салата
Женски, како броите калории? И како се рачуна колку калории во денот смееш да внесеш, според килажата?
Ајде сега тие кг полесно се симнуваат, овие се потешки од 82 па се додека не видам 7ка. Така да ќе заглавам некое време на оваа килажа. На 84 подолго време стоев па после наеднаш симнав до 82. Ајде придружувај ми се, и таман ќе те мотивирам да стигнеш до 82. После одиме заедно надолу Вчера си се опуштив малку си се почастив со патлижанче сиренце и јогуртче, мх мх мх Изедов и едно парче мало од здрава торта една со банани, што ја имав направено за велигден а немав ич пробано Ама ако, не се осудувам Свесно го направив тоа и сепак мислам дека калориски не изедов многу. Денес македонска салатичка со овчо сиренце и пица пеперони. Пажљиво си ги трошам калориите на вкусни јадења Кога бев на пост си готвев сама, и тогаш е полесно да знаеш. Си имам кујнска вагичка, и обично некој по калорични јадења ги мерам, точно до грам колку се. Ја користам myfitnesspal и таму си ги додавам сите јадења што ги јадам, вклучувајќи и зеленчук и се. 20 калории да се 20 си ги внесувам, така ми е чиста сметка. Ако јадиш некое готвено јадење, најдобро е посебно од секоја состојка да ја пресметаш калориската вредност и така. Scitec nutrition, 100% vegan protein од лешник. Немаш појма колку е добар. Нема соја во состав, од грашок е правен, за во случај ако имаш алергија на соја.
Ден 3/50 д: овес со јаболко р: тонус, варени компири, пилешко и салата в: пуканки и соленки Се на се 1100 калории. +2л вода
Официјално сум во плус, 1.3кг од празнициве, очекував повеќе на тоа јадење, така да ова е супер За денес; - овесна каша со банана - јаболко, јатки, што дојде при рака - туна и салата @FierceFemme_ за две недели максимум ќе бидам на твоја килажа мислам, па ако ми бегаш уште повеќе ќе ме мотивираш, од многу почнавме ние двете
Цел викенд по настани ама успеав да одржам некој ред. Денес на мени готова овесна каша на oetker, за ручек зеленчукови ќофтиња, вечерата ќе биде паста салата. Приметувам разлика во стомакот ама не се мерам ќе издржам уште малку за да се израдувам повеќе
Ден 4/50 д: тост од 2 тонус со пилешко и кашкавал Не бев дома и не јадев нешто многу здраво но бар сум во дефицит.
Среда, јас сум во плус 1.3кг како што кажав, а баш убави беа 85.8кг Ама сум и ден пред циклус... ќе задржам изгледа едно време килажава, секогаш стагнирам за време на циклус и пред тоа, ама секако ќе се придржувам, освен некое благце ако пребројам во дневен внес За денес, - овесна каша со боровинки - нешто овошје и јатки - пилешко со салата, или туна, ќе видам, а можеби и ќе заменам со паста
Јас варирам постојано 82/83, не сум поместена од та килажа, да бев на пост до сега секако ќе имав барем 7ка видено. Малце сега ќе се позаозбилам со калориите, построго ќе ги стегнам. Ајде сега посериозно работава и одиме јако до лето Денес, 3 домати, 3 варени јајца и 1 чаша јогурт. Планот ми беше денес да го прочистам малце телото, да не јадам ништо ама не можев да им одолеам на доматите, преубави се овај период.