Еве ме и мене пак Периодов бев преокупирана со работа и обврски и не стигнав да пишувам тука оброци, во глобала беше океј се додека не настинав и морав да јадам покалорично. Од утре се враќам со иста килажа.
За денес: - смути со банана - цреши и лубеница - пилешко ќе е, дали поховано со јајце или печено со ориз + салата
За денес: - банана овесна каша - овошје/јатки - салата и риба Не можам да се измерам, вагата ми покажува различно, утрово шеташе од 83 до 86 кг на 3 мерења Ќе мора да си купам нова, оваа ја уништив @FierceFemme_ ти се мереше ли? Иии едно топче сладолед пресметано во калории за дента ништо не праи, убаво е да се почасти човек, ич да не му се секираш, задоволство мало од време на време не штети, не сме роботи, луѓе сме
Ама не останав на то топче то е проблемот, изедов и вечерта повеќе. Се имам мерено 83 негде 84 се движам, си јадев повеќе деновиве. Ама задоволна сум што не видов 85ка. Сега почнувам на работа активно, и ќе ми е исполнет денот и ќе ми е полесно за одржување, почнувам од денес построго и повеќе ќе се движам. Денес не стигнав да поручам, за ручек пилешко со печурки, компири и салата. Тоа е за денес, сигурно внесов 1200 калории со ова јадење, можи и повеќе
Е арно де, пак ќе ти кажам не сме роботи И јас прееска седнав со ќере после балет, сладолед, две топчиња си ги изедов, тоа е И ручекот ако не бил со сосови, кашкавали итн немаш 1200 калории сигурно.. преброј ги отприлика За утре; - чиа пудинг со банана и бадеми - овошка/јатки - тортилја со пилешко и салата
1200 ти е доволно за базален метаболизам, односно телото да функционира. Ти гладуваш неколку дена, после ќе внесеш нешто екстра и тоа те кочи.Треба да имаш калориски дефицит ако сакаш да ослабеш, ама не да се ставиш на bare minimum за преживување. Ако беше ок да внесуваш 1200 калории дневно, ти ќе беше досега повеќе од 15 кг ослабена. Секое каснување плус, како што е топчето сладолед го тера телото да складира енергија во облик на масти оти не знае кога следно ќе гладуваш, па си чува резерви за тоа време. Затоа не слабееш ко што сакаш. Со правилна исхрана и пешачење има да симнеш и повеќе од тоа што сакаш. Заследи ја SarahCattersonCoaching на инста, многу добри совети дава девојката. Не мора да вежбаш и да изгледаш како неа, ама паметно зборува. На пример, кога брои калории таа не ја смета салатата, оти тоа се јаде во неограничени количини, ама да е незачинета, со малку сол, на пример. Протеините мора да ти се составен дел од режимот, а ти ги немаш доволно. Има и калкулатори секаде на нет за тоа колку калории дневно треба да внесуваш за да ослабеш, тоа сигурно не е 1200 калории, повеќе е. Не е дека солам памет, ама ние жените сме малку поспецифични од мажите во поглед на метаболизмот, особено после 40тата. Затоа не треба гладување, треба се' да се јаде, со мерка. Големината на оброците е клучна исто така.
Внесувам 1200 оти секогаш сум пробувала со разни диети, и сум ослабувала само со режим од 1200. За 7 недели и плус 2 недели после постот, ослабев 13 кила, со тој режим, затоа ослабев како што сакав само со 1200 калории ограничување, никогаш не сум ослабела со повеќе (кога зборам 1200, има денови и каде што би внесла 1300 или 1400, но повеќе не, и тоа би било најсила ден два во неделата). Поради тоа мислам дека овој режим ми одговара лично мене, врз база на психички и физички статус. Овој режим го имам откривано со години и тоа ми функционира. Каснувањево плус ми се деси само претходната недела, поради славење, радосна бев за моето дипломирање и се подопуштив од секое кажување колку сум ослабена. За протеини, пијам вегански протеин кога немам внесено воопшто. Правам евиденција на myfitnesspal за секој внесен нутриент. Внимавам и на крвната слика, знам точно кога не ми е во ред. Салатата не ја бројам, но маслото што го ставам го бројам, оти маслото знае да биде голем непријател на weight loss journey ако го стабаш без контрола, тежнеам кон здрава исхрана, се имам скарано со лебот, соковите и благото. А за топчето сладолед, ако си во калориски дефицит, не складира, мора да троши. Гладувањето е многу добра техника за јакнење на организмот и влегување на организмот во автофагија, односно клетки кои не се способни да опстојат на тој стрес изумираат, тоа се клетки кои имаат грешки во метаболизмот, кои имаат потенцијал да развијат малигни клетки, башка тоа, секоја клетка што не е способна, изумира, а тебе на широк поим те спасува, имаш чисто лице, клетки што се способни да функционираат во најдобар ред за тебе. Затоа мислам дека гладувањето е добро, се случува после 18 сати гладување, затоа е добро гладувањето според мене. Поради специфичноста на нас жените, се имам фокусирано на секоја мала количина на храна и што точно внесувам со тоа, кај нас таа разлика ја прават хормоните, не ни се секој ден исти хормоните, имаме големи разлики, за разлика од мажите. Поради сето тоа, мислам дека секој сам треба да си го запознае организмот, да знае како му функционира, едноставно да научиш да работиш свесно во поволност на својот организам. Немаш читано претходни мои мислења, затоа мислиш дека шибам недоволно информирана.
Се согласувам со ова што го кажа Сите обично ги знаеме последиците од диетата, прво е тоа губење на килажа, потоа враќање на килажата и воедно нарушен однос со исхрана. Главниот проблем со диетите е што не дисконектираат од нас самите, не сакаш да признаеш дека си гладна, а гладот станува се посилен и потоа се пронаоѓаш себе во кујна како се давиш во храна. И иако можеби не си физички гладна, самиот рестриктивен момент на забрана ти прави психолошко чувство на потреба да јадеш. Паметната жена не е фокусирана на крајната цел туку е фокусирана на процесот, не е целта што побрзо да се слабее, туку е целта која станува процес преку оваа промена.
Денес за поручек варени јајца и за ручек многу салата со пилешко месо со печурки и печени компири. Вечера, многу помалку од ручекот.
Денешното мени: Поручек овес со активиа јогурт, банана и протеин Ручек телешка манџа со домат салата. Вечера ако сум гладна премногу моежби салата ќе каснам. Тоа е се
Малку настинав па сум на супа, овошје и некоја бисквита Не можам да голтам па ќе видиме што ќе се јаде, немам друго ништо во план
Денешно мени: Поручек овес со активиа и јаготки и далгона кафе. Ручек здрав сендвич (направив кора од изварка (68 калории на 100гр) со јајца и ја испеков смесата, ми излезе кора и потоа во кората ставив лажиче песто, мартадела, зеленчук и сино сирење) и тоа го јадев со салата мешана. Тоа е за денес, сендвичов ви го препорачувам, исто кората можете на каков сакате начин да ја употребувате, може и како пица да го направите, здрава замена на лебот.
Да се продолжи, конечно подобра сум - јајца и салата - овошка/јатки - тестенини во сос, или ќе ги заменам со црно лебче, намаз и домат и сиренце И да, немам вага, официјално расипана е
На вчерашното мени полнети пиперки. Денес поручек овес со јаболко рендано и за ручек едно бурито големо.
Сакам да прашам за чиа семето. Како го подготвувате? По форуми за диети имаа спомнато дека од вечер се кисне во вода. Ок. Утрото се процедува ли? И дали може да се блендира во смути? Нигде немам сретнато дека некој го блендирал. Или смути да направам па потоа да го додадам и измешам
Ќе ти дадам едно рецептче сега, мене ми е највкусно така. 3 лажици чиа семе, со млеко 180мл, малку ванила, и нека отстои цел ноќ, промешувај кога ќе ти текне.. Утрото стави сецкана банана и сецкани потенки бадеми Не се процедува инаку чиата, набобрува од течноста и се праи густо како пудинг, комбинации има многу За денес; - цреши јадев - остатоков од денов ќе е нешто мевце ама и торта, на мм му е роденден, правев чоколадна