За слабеење само месо и зеленчуци треба да јадеш. Без леб, благо, газирано. Јас така ослабев, Најлесна и најиздржлива диета ми беше од сите пробани до сега. Штом не можеш без благо, најверојатно имаш инсулинска резиденција, подобро сега некоја недела да страдаш без благо отколку да прогресира во дијабетес, па после ќе мораш вака да се храниш.
Прво, да бидеш во дефицит, ќе можеш да си дозволиш и благо, ама многу ќе жртвуваш за него. Второ, да зголемиш физичка активност, да ја намалиш жртвата за благо.
Како ја намалувате гладта навечер? Цел ден ми е во ред, но кај 20, 21 часот јадам повторно зашто не можам да издржам и мислам дека баш тогаш внесувам многу калории
Со 3 добро избалансирани оброци (фокус на протеини, доволно јх, нешто масти, и многу свеж зеленчук) кои горе-долу секој ден ќе ги јадеш во исто време во денот, организмот да се навикне на редослед и да добива сè што му треба.
пиј вода,мастика џвакај и фокусирај се на нешто друго да не мислиш на гладот,пример гледај серија,филм
Не штеди на калории во првата половина од денот, појадувај дури и ако не си гладна, балансирај ги оброците и додади многу салата во секој оброк и јади си овошје. Телото си ги бара нутриентите што ги пропуштаме во текот на денот и затоа вечерта се случуваат токму тие напади на глад и губење на контрола... и да дозволи си да си каснеш и храна која не е толку "здрав" избор повремено ☺️
@I shto sega Да јадеш преку ден Исто ќе ти пишам ко другиве, и јас го имам тој проблем ама знам поради што е, преку ден прегладнета, обврски итн, вечерта ќе се забораам јадејќи... За денес немам ништо одредено на мени, слава ни е, ќе гинам неделава не пишувам ништо
Здр може ли некој совет како да ослабам бев на ун диета и ослабнав 10кг ама малку ми се сакам барем уште толку но мачно ми е со таа диета. Дали може некој совет или нутриционист што ви има казано. Јас еве неколку дена нсабајле не јадам само преку ден ручек и вечерата ја прескпкнувам но не намалувам почнав да качувам кг ве молам за помош да се решам од овие кг.
Појадок: јајца, чиа пудинг, смути со протеин и овошје, овесна каша Ручек:манџа пр. Леќа,грашок,ориз со копани, тестанини со зеленчук, Вечера: супа, туна салата, Секогаш полнозрнести производи ќе бираш, свежа салата со малку масло со секој оброк, и ужина некоја овошка. Барај на youtube рецепти за здрави оброци. Пример надафит има такви пример оброци, нискокалорични, а здрави( за доручек,ручек и вечера). Пиј доволно вода и најди 10-15 минути вежби. Телото досега гладувало и затоа качуваш на килажа. Јади доволно, не се изгладнувај и вежбај !
@Vanilla15 Како стоиш со килограмите, супер ти оди диетата, браво што се придржуваш. Јас стагнирав, ни горе ни долу, сега сум во план да истерам две недели или три како на постот, да го размрдам малце организмот. Демек јадам многу здраво, се чувствувам како отепана и после 9 часа одмарање, дехидрирана и никаква. Сакам да почнам со пост исто без масло како претходно, да симнам барем уште неколку кила, оти вака ако си се застанам на оваа килажа ќе продолжам да се демотивирам и себекритикувам постојано и да тонам само надолу. Овој режим сега ми е добар за одржување на тежина но, не и за симнување
Здраво кај кој е стапот да ми мавне една ама 100 да ми се причинат.Ве читам редовно ,свесна сум дека ја достигнав најголемата килажа до сега,ама памет не ми иде.Се си викам од утре,ама тоа утре никако да дојде.Да испазарам нешто здраво денеси да се почне веќе еднаш доста беше.
Иако не пишував тука, стигнав до 60кг. Вкупно 15кг минус. Имав замислено да заокружам на 20, но и вака ми е топ засега. Ќе пробам наредниве 2 недели да симнам уште некое.
Не скокајте оброк, имајте 3, и гледајте секој ден да се горе-долу во исто време. За појадок комбинирајте јајца (во било која форма), идеално е 3 (за повеќе протеин) со парче фета, шака маслинки, малце авокадо, и било каков свеж зеленчук, сега барем има избор, краставица, домат, пиперка, млад кромид, ротквица, итн. Со јајцата додадете шака варена киноа или булгур или цело зрно овес ако најдете. Ако не јајца, тогаш туна, исто комбинирајте со што е можно повеќе свеж зеленчук, плус наут, пченка, маслинки, итн. Ако ви се присака сладок појадок, тогаш овес. Еве цел рецепт за највкусниот оброк со овес: 4 големи лажици овес, 1 голема лажица чиа, потопени во млеко (имате и на Алпско со дупло протеини од обично), ако сакате, но не е задолжено, една мала лажичка сурутка (има една во Кам кај овесот, не мора да зимате огромни пакувања), оставате тоа да стои преку ноќ, утредента додавате 10ина замрзнати боровинки и 10 замрзнати малини, а пред јадење додавате банана, па сето тоа го мешате и ете ти цел балансиран оброк. За ручек, претежно парче месо комбинирано со: ориз, грашок, црвен грав, пченка, компир, киноа, булгур, боранија, наут, и многу свеж зеленчук. Што повеќе зеленчук, тоа подобро. Логично не само што зеленчукот е здрав, но е и волумен храна, односно храна што можеш да ја јадеш колку сакаш и ти дава шанса да те засити. Марула, краставица, пиперки, млад спанаќ, рукола, тоа е зеленчук што можеш колку сакаш да јадеш, буквално ако сакаш јади по 5 цели краставици на ден ако сакаш, океј е. Набројав што набројав, вака набројани звучи досадно, меѓутоа не значи дека секогаш мораш да земеш, на пример парче стек, па малце ориз ко прилог, и салата од марула и краставица. Туку имаш еден куп класични рецепти што спаѓаат во тие набројани нешта, пример мусака (месо, компир, и тиквица ако јадеш така), полнети пиперки (пиперка, месо, ориз), потпечена боранија (со месо и морков), потпечен ориз тава со копани, итн, итн. Битно комбинирајте разни меса со разни зеленчуци, мешунки, зрна, итн. За вечер, нешто слично ко појадокот, само помалку и без јаглехидратите. На пример, 1 варено јајце со (нешто налик) цацики салата (изгмечена фета со ситно исецкана краставица, зачинети со сол, копар и лук, и издробени ореви)(можно е да беше ова снежана салата). Или мимоза салата, варено јајце смешано со марула, и друго по избор (млад кромид, краставица). Или мала конзерва туна смешана со марула, кромид, краставица. Нешто слатко ако ви се јаде многу убаво иде грчки јогурт со боровници и малини, може и 1 мало лажиче мед. Или сладолед од изгмечени банани и путер од кикирики. Или на крај краишта од купечкине протеински пудинзи. Ако вака избалансирани и испланирани ви се оброците, и секако во нормални количини, каснувајте си и по некое парче овошје. И секако би советувала да зголемите физичка активност, не мора во теретана да се згнете, почнете повеќе и редовно и испланирано да пешачите. Можете и точак да возите. Еве ви мој инста профил посветен на храна (во принцип таа што ја носам на работа, зошто обично проблемот е што да се јаде на работа, а да не е пекара): https://www.instagram.com/boyanastips?igsh=dXBhbjlhbXdod2Rp Може ќе се инспирирате.
Никаква диета, мислам дека и заради тоа успеав да ја одржувам килажата. Кога сум на исхрана скроз избегнувам благо, леб, тестенини, грицки и сокови. Е сеа тоа трае 2 недели пример па пауза и се така, а отсекогаш сум била поприлично дебелка ама го открив трикот што на мене ми функционира, без да имам јо-јо ефект. Значи со здрава исхрана, доста вода, калориски дефицит може да се ослабне и без вежбање, ма да верувам дека и тоа доста би го убрзало процесот.
Вежбам дома тегови и исфрлив леб и сите нездрави работи кои прават сало, паднав во обем 5 сантиметри и кај и да е чекам да отиде вагата на двоцифрен број за брзо време. Немав ефект 6 месеци вежбање а да немам калориски дефицит. Сакам да одам во теретана ама немам време па ова ми е некоја алтернативна опција.
@FierceFemme_ немам вага сеуште девојчее Не и дошол ред да се купи Ќе земам деновиве па ќе пишам, ама немам некој минус сигурно, деновиве се јадеше За денес; - јајца и салата - овошје - тестенини со некој сос или само со кечап, не е времево за готвење
Ве нема девојчиња За денес; - корнфлекс со грчки и боровинки - паднаа крушки и праски низ двор, ќе се јадат - супа, салата, и ориз тава посна ќе напраам
Да си ставам стреч фолија и идам на работа. 8 сати затворен во лименка на 25 степени комотно добиваш бесплатна сауна. Одкако почнаа жештиниве стопив на обем. Од храна неделава наутро кафе чај смути и пред работа салата, на работа има ручек со месо и многу салата. Јас исфрлив леб а десертите кои ни ги даваат (чоколатца политанки и сл) одат дома кај децата. Инаку пред некој ден што се запнав за чиа семето.... Секој втор ден го јадам по рецепт овде што ми споделија. 100мл млеко со 2 супени лажици чиа, ванилин шеќер сецкана банана ама јас додадов и мелени ореви и едно лажиче кокосово брашно