Убаво и јасно напишано,веќе некое време пробувам да се хранам вака и многу убаво се чувствувам. Дали имаш симнато некоја количина на килограми или начинов на исхрана ти е за одржување на веќе нормална килажа?
И двете, во принцип вака се хранам општо, со тоа што кога одржувам килажа си дозволувам по 2-3 оброци неделно пица или слично. Но кога сум во фаза на слабеење, строга сум, подобро е да се фокусираш одреден период и да не забушаваш, па после кога ќе излезеш од фаза на слабеење, полека и повремено да си вклучиш и други работи. Класичното 80% балансирано, 20% друго. Исто, во фаза на слабеење секогаш сум во мал дефицит, на пример гледам 3те оброци да ми се по 500 калории. Годинава кога бев во фаза на слабеење, терав и интермитентен пост, јадев од 10 ипол до 18 ипол. Тоа ми помагаше да бидам полесно дисциплинирана.
ми е и мене ама тоа е. Може да се деси да каснам ама тоа ептен ретко. Од вчера да си пишам. Појадок шопска салата Ужина цеден сок од лимон и портокал Ручек компири пекарски со зелка салата и плескавица Вечера тоа што не треба касна малку чипс
женски да ве прашам, кој слабее тешко во нозете после колку време почнувате таму да слабеете? јас сум 3 недела на програма од нутриционист, симнав веќе 6кг, ама само горе, лице, раце и во половината, нозеве абер ми немаат ни бутови ни листови има ли некоја надеж?
Ако ти е таква градбата, последни ќе слабеат И јас така слабеам, лице прво, па раце половина, а нозе и колкови слабо За денес; каснав банана и кајсија, немам време баш, и плус ќе јадам надвор па да сум во дефицит
Девојки јас сум 14 кила минус за сега, овој период ми одеше потешко, но се враќам во форма. Се обидувам да пешачам повеќе, тогаш најповеќе гледам резултат. Како ви оди вас? Денес посно мени, гравче со салата многу. И вечера праски и грозје.
хелооу, има ли некоја на OMAD диетата? Јас ја почнав сеа за сеа ми е супер, тешко ми беше ама се навикнав ... старт со 67 кг,сакам 58 и плус вежбам Т25
One meal a day Јадеш еднаш дневно, постиш 24 саати. Јас бев кето плус омад, екстра е. Ќе почнам пак. Се мислам и за 3 дена пост на вода
Јас вчера не знам што му стана ама ја претерав во јадење, јадев неколку пати ама ич не внимава што и се осеќав грдо. Како подуен тромаво све на мене и во мене ми тежеше.... Денес јадев само 2 пати и многу вода испив и од водата пак се осеќам ко подуено од утре ќе го фатам редот i Soo hope кога сум на работа полесно ми е ама ако сум дома не знам што правам. Среќа па ретко се случува ама....
3ти ден никој ништо да пише. Од Вчера : Во 10 саат на работа ориз со сткче во кари сос и салата зелка. (појадок) Во 15h салата домат со кромид и зачини и парче сирење. Вечерта пак ми се пријаде истото Денес во 10 саат на работа похован стек пекарски компир и зелка салата. Во 15 дома омлет со парче сирење. За вечера ништо зашто не ми се јаде.
@marchi-cool малку забегав со јадење, двете деца болни, што ќе останеше каснував, глупости во главно, затоа и не пишав... Ќе се опраам од денеска се надевам - овес со јогурт и праска - јатки/овошје - салата + мусака планирам да праам, или ориз и пилешко