женски ми треба совет и поддршка, како се храните на одмор, посебно ако сте со се вклучено, а не сакате да качите кг? jac бев на диета со нутриционист 5 недели и ослабев од 72 до 63кг, сега сакам да направам 10 дена пауза додека сме на одмор, и после уште 4 недели да доjдам до 60 или наjдобар случај 57кг. Таа ми даде совети како да се хранам таму (ако ви е интересно можам да пишам), ама се плашам дека нема да се придржувам многу сум стрвна од секогаш и тоа уште не ми се сменило. Два пати бев излезена и ја прекршив исхраната јадев и пица и сладолед и милкшејк имате ли совет за повеќе самоконтрола?
@KidA Јас би ти рекла насочи го вниманието кон некои активности додека си таму. Односно, испланирај го денот да пливаш повеќе, пешачиш или некои други водени активности ако има. Ем да си зафатена со умот, ем да се согорува активно храната. Воедно, искористи го одморот психички да се опуштиш т.е да го намалиш стресот, ако тој ти е еден од факторите кои повеќе те тераат да јадеш. Уживај, ќе си дојдеш, ќе се вратиш пак на рутината и лесно ќе стасаш до целта
фала ти многу, да многу е битно да не се преоптоварам со jaдењето и дека мора од сѐ да пробам, кога има нешто и го гледам и веќе е платено не можам да се воздржам си викам како да не го испробам барем можеби треба да си мислам ај ќе си купам понатаму и уште повкусно и поквалитетно кога ќе дојдам до целта) а да и активности и кратки оброци можеби да имам правило само еднаш да одам до шведските маси по оброк, и што земам тоа - репете никако тоа да дефинитивно, само и со контрола имам проблем. дома кога сум и пазарам по мое немам гајле, ама вака надвор мн ми е некако тешко
Ако не ти е проблем да споделиш кај кој нитриционист имаш такви ефекти? Јас веќе 2ипол/3 недели ептен пазам што јадам исто така вежбам по малку и не можам грам да симнам, не знам до што е проблемот прв пат ми се случува ова… Претходно кога и да сум внимавала и некој ден одма ми се познавало и имало ефект… Ептен се разочарав некако и демотивирав.
здраво Миа и на сите) јас работам со еден нутриционист од Русија еве и го профилот https://www.instagram.com/nutri_sin?igsh=MWc2MHV2dHRueXZldA== неодамна е почната и затоа беше поедфтино, а сертификатот го има земено од оваа жена https://www.instagram.com/nutritionist_olesia?igsh=dHpibnc0ZjZwOWdn низ која поминале 25.000+ луѓе.. Олга ја прашав и ми рече ако сака некој може даго води на англиски, може да и пишете на инстаграѓ на првиот линк. Оваа другата познатата веќе не води луѓе туку само обучува нутриционисти. За совети ќе напишам накнадно повеќе, два совети за само да се проба малку би биле: доручек на гладно црно кафе со јагоди/малини/вишни 100г или 1 зелено јаболко (едно од тоа), заедно со кафето пивни/касни два пати неделно наместо вечера зелено смути, со пример целер, зелено јаболко, јаготки, спанаќ и свеж копар Пишете ако сакате уште детали да напишам и за самата метода исто ќе пишам покасно. Можеби на фб страната од Олесја може автоматски со превод да се читаат постовите
А има ли нормален доручек пошто кафе на гладно со овој тип на овошје (а и било кој во комбинација) доведува до гастритис? Нема ни з од здраво доручеков, ама да, диуретик одма ќе те издише…
има да, ова е само понекогаш и велат дека дефинитивно кафе на гладно е лошо, ама вака со многу овошје и малку кафе (150-200мл) е добра комбинација. јас имав општо понекогаш проблеми со желудник а откако сум на оваа исхрана не, напочетокот ми беше само тешко ради малкуте калории и количини зошто претходно по преемногу и пречесто јадев. инаку др доручеци може да бидат со јајце, со овес, варени житарици, еве пример што јадам денес
@KidA Колку време си на оваа исхрана и што имаш бенефит? Слабеење, подобрена крвна слика, подобар имунитет.......? Некако дневното мени ми изгледа штуро. Бев и јас со нутриционист, имав 5 оброци на ден, без да бидам воопшто гладна. Напротив, 3те главни оброци треба да се пообилни, богати со витамини, балаштоф, протеини.За еден месец изгубив 7 кг, крвна слика подобрена. Не велам дека твојот начин на исхрана не е добар, него ако треба јас повторно да бидам на режим, нема нешто што ќе ме привлече да ја земам неа да ме води. Јер гурман сум, јбг. Ништо лично, само мое мислење на ова прашање
Сертификат добиен од приватно лице кое решило да шитка сертификати нема никаква вредност освен лична сатисфакција. Подолг период на 600-900 калории дневно долгорочно ќе донесе голем број здравствени проблеми. Тука нема простор за дискусија, не е релевантно што ќе каже индивидуално лице кое се обидува да продаде свој производ. @Kasiopaja221 мерак ми е што го прочитав твоето мислење. Баш супер дека си наишла на добар нутриционист шо си ја разбира работата, реткост е.
а колку е долгорочно? два пати по 4 недели е ок? :/ тие исто велат дека не смее вака да се остане долго мене ми беше преку глава од себеси и признавам зедов првото што го најдов без воопшто да истражам, за понатаму ако има некој др проверени контакти би пробала ако има потреба или за одржување тежина. крвна слика роверувам и ми е супер, само тромбоцитите малку намалени ама тоа и порано го имав. има можност освен три оброци да се вклучи и ужинка (секогаш или по потреба)
мене ми одговара да биде многу просто зошто имам три деца и немам ни минута да стојам и готвам долго.. а можеш ли да се споделиш со твојот контакт посебно ако имаат инстаграм/фб - сега интересирам и збирам рецепти идеи и информации за да зачувам колку што може повеќе од здравите навики
Не сум во мк и по препорака од ептен блиски личности, телефонски контактирав со него. Можда имаат и страна ама јас немам никакви социјални мрежи, па затоа телефонски беше и ме додаде во мотивациона група на ватсап. Ако те интересира, можам поопширно да ти пишам што и како беше, ама ко ќе имам повеќе време да склопам подолг текст.
Да, молам малку пооширно кога ке имаш време. Од Македонија некој нутритционист или од странство? Малце на сфатив.
би било супер ако успееш и јас не сум во мк (Германија), тука ова е премногу скапо, другарка плати околу 500е за пола година и тоа не знам дали ефтино се смета..
Добро што си проверуваш редовно крвна слика. Како и да е, имаш три деца, ти треба енергија. А калориите се енергијата, не може телото да троши само наталожени масти. Со нискокалорична диета телото влегува во фаза на изгладнување и мора да гаси нормални функции за да има енергија за преживување. Пример почнува да ја намалува мускулната маса, која всушност има улога на потрошач на калориите. Така да 4 недели може не се толку долг период за да направат здравствени проблеми, ама се класичен пример јојо ефект диети. Зошто не сум изненаден хахах. Некако очекував дека нутриционистов не ти е од мк. Дури се зачудив коа прочитав прв пат . 500 евра не е ненормално скапо за добар нутриционист шо те води цело време. Тоа му доаѓа помалку од 100 евра месечно. Ама добар нутриционист ти наоѓа начин на исхрана што ти одговора тебе лично и на твоето тело, а не ти продава "програма", особено не рестриктивна диета.
Немаше тука правило секоја среда да се мериме ? Јас понеделнички инаку се мерам, а обемот не го мерам, тоа облеката ми го кажува. После боледување заради вирус, пак си почнувам од денес. доручек: овесна киндер каша (по рецептот на Ана Стојанова) ручек: 2 ќофтиња со ориз со спанаќ ужина: овошје праски или сливи вечера: 2 галети намачкани со филаделфија лајт и свежа салата