Девојки има некој тука што почнува некоја диета за да ме дружи? Јас ослабев околу 15/17 кила, но помина веќе подолго време каде си ја одржувам тежината, ми треба мотивација за да ослабам повторно барем уште 10 кила. Затоа морам да се фатам за работа. Официјално почнувам од утре, доколку има некој да ме дружи би било супер.
Јас ќе те дружам Таман 21ви Први ќе си го броиме. Страв ми е на вага да се мачам, ама барем 8 треба да симнам сега
Ооо овдека сум и јас Не стигнав уште до кај што сакам, одмори, настани За денес: - протеински сутлијаш - некое овошје - ќофтиња во сос
Одлично, мене целта ми е да симнам уште 20 кг. но не се брзам многу, сакам полека ама сигурно да ги симнам. До каде си со килограмите, баш се прашував каде си што правиш. И јас исто, некако добив желба за да ја почнам и втората тура на слабеење. Ја одржувам за сега тежината, но сакам уште многу да симнам, затоа морам да почнам. Колку имаш уште за симнување? Јас се нервирам вагата ми се подрасипа и немам каде да се мерам, а одлично ми одеше со вагата. Ќе му ја мислам утре да ја направам. Не знам точно колку имам, последно ко се мерев околу 80 кг. Почнуваме одново кон поголеми цели Ден 1 Поручек овес со овесно млеко и протеин Ручек бакрдан со кокосово сирење Вечера нема
Јас катастрофа, стојам на 83кг.. инаку треба да дојдам до 70 така сум си изгледала на себе најубаво, ама сега ќе видиме и после второво породување, како ќе изгледам со тие 70 - шејк - ќофте и салата - измеѓу некое овошје
@Vanilla15 Тогаш имаме дружба до 70ка, одиме заедно Ден 2 Денес не ми се знаеше поручек ручек, изедов едно ѓеврече варено, лубеница, една салата со домати и краставици, парче интегрален леб, банана, кафе и тоа е. Бидејќи веќе е касно, нема да јадам друго, но утре ќе внимавам да внесам повеќе и поздрава храна.
Овошје не каснав, ама затоа испив боба кафе, мала катастрофа За утре: - чиа пудинг со малини и кокос - праска/круша - туна со пченка
Ајмо Малерозна на рапорт после недели прејадување. Вчера 68.5 постев 25 саати Денес 67 Денес на мени телешки стек и плус чиа семе со протеин На почетокот на диетата имав 3.5 до 60ка, сега 7. Јбг, малер .
Ајде и јас ве подржувам максимално! Јас сум исто на диета веќе до крај на неделава кје биде 4та недела. Досега изгубив 5 килограми а треба да изгубам уште 20 сигурно. Со среќа!
Конечно 10кг помалку си се почастив и сладолед за бројката а богами и 2 пара фармерки оти старите не ми се фаќаат Појадок грчки јогурт и праски со корнфлекс од спелта Ручек мисиркини ќофтиња во сос Вечера или смути или салата
Ајмо Малерозна на рапорт и денес. Килажата пак 67 Јбг, не се слабее лесно. И денес на мени телешки стек, ќе видиме утре што ќе покаже вагата
Ден 3: Поручек: Лимун со цимет и парче лубеница и диња со полна рака аронија. Ручек: Два слатки компири големи печени со малку таан и зачин од лук, со плус кечап. Вечера: Малку од ручекот што остана. Опседната сум со броењето на чекори, и ми дојде идеа дека би било добро доколку си ги кажуваме и поминатите чекори во денот, внимавам да не сум под 10к чекори во денот. Што мислите дали сакате покрај дневното мени да почнеме да си внесуваме и колку чекори имаме изодено денот?
Ден 26 Доручек - овесни снегулки со јогурт, јагоди , семки од тиква и протеин ужинка - смути со зеленчуци Ручек - пилешко и ориз Вечера - протеин и бадеми Сега за сега 7000 чекори - Мислам дека би можеле да внесуваме и чекори
Јас не можам да бројам чекори оти немам телефон цело време со мене, а немам ни часовник Луѓе не можам да се контролирам во последно време со јадењево, дали од нервоза, од ненаспаност, не знам Не знам како да се сопрам Ќе се ставам на овошје и зеленчук
Јас од овој ослабев 12 кг. И јас не верував во чаеви, и една пријателка ми го препорача. И го делевме со колешка по пола за проба. И испадна дека навистина делува.
Сепак не верувам. Не купувам више работи што ги рекламираат. Доволно пари фрлив. Знам што треба само ми треба упорност.