И јас не верувам во чаеви. Всушност секогаш со разни алтернативи пробуваме да ја заобиколиме маката и фокусот потребни за слабеење. Само што си ги трошиме парите и си ставаме ризик на целото здравје, кај нас барем женските е многу ризично кога се во прашање хормоните. Го комплицираме слабеењето поради недостатокот на упорност, психичката работа на себе ја прави својата магија. Тоа е мое мислење што го имам стекнато од искуство низ години. Ден 4: Започнав да пијам секое утро чаша вода со лимон и цимет. Поручек овошје Ручек печена пиперка, домат, компирчиња печени и една кришка леб. Каснав некоја кикиритка и две чаши сок. 20 000 чекори за денес Тоа е за денес
Немаш протеини некако. Протеините играат клучна улога во процесот на слабеење, бидејќи тие помагаат во намалување на апетитот и одржување на мускулната маса. Кога внесуваме доволно протеини, телото троши повеќе енергија за да ги разгради, што го зголемува метаболизмот. Протеините исто така помагаат во одржување на чувството на ситост подолго време, што го намалува внесот на калории.
Ете знаев дека нешто заборавив да наведам, дури и во пресметката на калории како нешто да ми фалеше, испив протеин плус. Секако, никако не ги изоставувам, особено на пост протеините ми се минимални, затоа си најдов преубав протеин од грашок со вкус на лешник, преубав е.
Ајде на појадок: тост со хумус, јајце и домат, на мени за ручек имам риба со сладок компир, смути за ужина а вечерата ќе биде јогурт со варено просо. Браво за идејата за броење чекори, конечно да го ставам во употреба часовникот ќе почнам да мерам и јас и онака планот ми беше да започнам да пешачам до работа и од работа до дома (за една недела од сега, надежно дека нема да е прежешко )
Здраво на сите, Јас се враќам пак на темава. Пред две години одма после бременост успеав овде да стигнам од 72кг до 57 за помалку од една година. Тогаш си ветив дека ако ја постигнам целта ќе одам на некое егзотично патување. За жал парите мораше да ги дадам за други, неубави работи, ама барем си бев витка Од денес почнувам пак од 63кг сакам да се симнам до 57 за 2 месеци (значи до 1 Ноември) преку броење калории, пешачење и вежби. Можеби ќе ви бидам досадна зошто ќе постирам што ќе јадам, ама мене така ми е полесно да се придржувам до режимот. Денес доручек: Парче риба Ручек Урда и пиперки и парче леб Вечера: протеински шејк со овошје, ако ми се малку калории може и банана
Ден 29 Доручек - 3 јајца само белки со печурки и домат Ручек - Пилешко и ориз Вечера - Протеин Чекори 7.000 - Се целиме кон 10.000
Бтв Дали сте пробале оцет и вода насабајле да пиете за подобро варење? И дали сте пробале вакви вежби? Поздрав , посакувам на сите што имаат цел да им се оствари
Да имам јас пробано и мислам дека не е здраво секој да го прави тоа бидејќи ја засилува киселоста во желудникот што не е толку добро. Покрај тоа е многу одвратно за пиење и после тоа е правилно да се пие сода бикарбона која исто е многу одвратна. Но, многу поздрав начин и корисен е чаша вода со лимун и лажичка цимет, поднослива замена, а премногу корисна за слабеење и за здравје.
Предлог бесплатна апликација за фастинг? Ми треба за да ми ги пресметува часовите. Знам дека не е е комплицирано, ама полесно се ориентирам така.
Јас само ауотофагија правам и тоа 14-15 часа не јадам . Тоа би дошло од 7 вечер до 9 сабајле и си ставам аларм за да ме извести за толку време. Не сум чула некој апликации искрено.
Ви посакувам на сите да стигнете до бројката што ја посакувате. Јас би дошла тука, само да си пишувам што јадам, зашто откако не сум на програма веќе, тешко ми иде да ја задржам килажава, посебно кога имам чит-деј(поарно да го немам) не се задоволувам со малку. Тоа ,знам, слаб карактер. Доручек: оризови галети со котиџ чиз, домат, краставица, маслинка Ужина: праска Ручек: врап со хумус, јајце и домат Ужина: шака бадеми Вечера: салата Детокс вода и едно утринско кафе со нискомаслено млеко. Како најголем кризаџија за благо, најдов протеински чоколатца од Лидл кои ептен ме бендисаа.
Ден 8: Поручек протеински мусли со овесно млеко Ручек пастрмка, салата со компир, печени пиперки со масло и две кришки леб. Вечера нема.. Денес чекори многу малку, цел ден бев на гости. Од утре секаде одам пешки, и викендов ќе обрнам повеќе внимание на физичката активност. Иначе вчера ја утнав малку со пица веге и некоја пиварка. Денес пак мислам дека не сум во некој дефицит ама не е проблем, утре секако се враќам во шема, завршува и постот. Одлично се чувствувам, малку овие дена чуствувам повеќе глад, ама ќе помине.
1 недела диета, 3 кила симнав 5ката напред се поблизу и поблизу, ама сега потешко ќе е за слабеење. Денес си каснав еден бургер, вчера постев, на вода бев, завчера бургер Ама јадам еднаш дневно така да ок сум засега
Здраво на сите Барав дали Јанка Будимир е спомнувана во тема. Организираат FitWell настан на 14 Септември во Белград, па да прашам случајно да не оди некоја од тука?
Мени за денес: Доручек: Мусли со нискомаслен јогурт, боровница и јагоди Spoiler Ужина: јаболко Ручек: Салата со пченка,наут и киноа ќофтиња Spoiler Ужина : пола протеински јогурт Spoiler Вечера: супа од морков
Доручек: интегрални лебчиња со песто моцарела и домат Ручек: пилешка оброк салата Вечера: друго беше предвидено ама намирисав печена пченка и бидна вечерата од понеделник почнувам со нова програма и се надевам конечно ќе почнам да го користам и часовникот па да бројам чекори и јас