Кога се качив на вага, не можев да си поверувам!!!!!!! 12кг МИНУС Уште 5 месецов и 21 роденден ќе го дочекам со идеална тежина.
Честитки, а ако не е тајна како го постигна тоа, држеше некаква диета или инаку? Јас да си кажам за мене. Овој јули ме направи мрза . Поретко вежбав, но внимавав на исхраната ( иако и благо каснував), ама пак пливав на плажа и пешачев почесто и ич не се здебелив, дури и подослабена сум малку од колку што бев на почетокот на јули. Едни пантолони тогаш ми беа кнап, а пред 10-тина дена кога ги облеков ми беа покомотни, малку пошироки, а едни други во кои што успеав да влезам пред 1 месец сега ми стојат поубаво, не ми виси ништо од страна, а стомаков прибран си седи . Јас мислев дека џабе ми беше вежбањето и внимавањето на исхраната ама не било. Инаку стомаков ми е подуен - ПМС, па од другата недела го чекам да се истуши. Сега, од утре, здравје, ќе внимавам повеќе што јадам и ќе вежбам почесто, давам чесен збор!
[/quote]Честитки, а ако не е тајна како го постигна тоа, држеше некаква диета или инаку? Јас да си кажам за мене. Овој јули ме направи мрза . Поретко вежбав, но внимавав на исхраната ( иако и благо каснував), ама пак пливав на плажа и пешачев почесто и ич не се здебелив, дури и подослабена сум малку од колку што бев на почетокот на јули. Едни пантолони тогаш ми беа кнап, а пред 10-тина дена кога ги облеков ми беа покомотни, малку пошироки, а едни други во кои што успеав да влезам пред 1 месец сега ми стојат поубаво, не ми виси ништо од страна, а стомаков прибран си седи . Јас мислев дека џабе ми беше вежбањето и внимавањето на исхраната ама не било. Инаку стомаков ми е подуен - ПМС, па од другата недела го чекам да се истуши. Сега, од утре, здравје, ќе внимавам повеќе што јадам и ќе вежбам почесто, давам чесен збор![/quote] Таман рабoта за тајна Jaдев се само без вечера, место бел леб јадев црн и место шеќер користам натрен последниве 2-3 месеци. Тоа во комбинација со секое сабајле трчање на кеј половина час, час. За 20 денови се губат одприлика по 5 кг. Доброто е што нема гладување, а вечерата не ја ни осеќаш затоа што легнуваш максимум до 9, за да станеш во 5. И фул си после цел ден со енергија.
Не сум почнала, но луѓе тренерот на теретаната ми гарантира 30 кила минус за 3 месеци скоро! кога видов какви ги средил ги направил фит, може и мене! Богами и ке ми треба поддршка за да почнам, после е лесно! Мада мене не ми треба многу, ми треба ептен малку, но што е тука е
^Легнуваш во 9 и стануваш во 5?? Тоа за мене е мишн инпосибл бе... Не знам како ви успева. Инаку, јас од утре почнувам диета со која братучед ми ослабе 5-6кила. Верувам дека помага затоа и ја почнувам. А и почнувам да вежбам. Го порачав Streamline plus eliptical bike од ТопШоп и се спремам за 10кила да одам во минус.
После летниот одмор вагата ми покажа плус 3кг , да бидам искрена очекував дека ќе се поправам повеќе! Си јадев редовно и тоа доста калорична и масна храна, гиро секојдневно , газирано, пржена храна... Сето тоа значи дека и се враќам на темата и морам да си ги вратам моите 52кг! Од утре почнувам по старо... газирано никако, сендвичи не иде у предвид, повеќе пешачење, го вадам и јажето за скокање од шкаф и се надевам без многу мака ќе се вратам у форма! Тоа е девојки, се дружиме пак на темава!
еве ви се придружувам и јас повторно за време на одморот не качив ни 1 килце јадев се но во помали количини доста пешачев ... сега целта ми е уште 5кг. и тамн сум си...
Па да одприлика така Сега направив неколку денови пауза па пак исто за уште 5 кг. Инаку изглеа вака као мишн инпосибл, али за да се стокмиш цела вечер нема да спиеш, ќе истрчаш во 5 и продолжуваш да не спиеш цел ден и вечерта си кома во 8. После си навикнуваш спиење
Значи ослабев 5 кила од една диета за една недела. - отидов на одмор и си ги вратив килцата..Имам добиено и имам 1+
Е па, ми помина првиот диетален ден! А од утре т.е. денес почнувам да вежбам! И да, сега знам дека штом јас го поминав ручекот и изедов колку толку од спанаќот предвиден за денес тогаш можам се!! И знам дека ова нема да бидат само зборови кажани или напишани, ќе станат дело за гледање, а богами и чудење!! Можеби конечно јас најдов мотивација за слабеење!
е ајде и јас да ве прашам нешто што не ми е јасно веќе половина месец има како почнав да пешачам ,понекогаш и трчав значи си комибинирам,се хранам здраво,јадам се во помали количини ,иако изгледа дека по цел ден дека дремам на фемина не е така ,сум постојано активна,ама некако на мене не гледам некакви резултати од слабеење освен во лицето и не изгледам слабо туку пропаднато како којзнае што мака имам ,немам вишок килограми (имам55 кг висока сум 165) или салце на мене ама сакам да имам долги нозе и малце да го намалам задникот кој и не е многу голем ,ми се чини џабе спортувам кога задникот и нозете пак ми се тука и такви какви што ми беа што е работава и ја незнам
^ Задникот можеш да го намалиш со посебни вежби, избарај низ темиве ќе најдеш нешто сигурно (имаше мислам една тема баш за тоа). А долги нозе, е па не можеш да имаш подолги од што ти се... Како, да ги тегнеме треба? Значи каква диета и да држиш нозете нема да се издолжат... А дека сакаш верувам, па сите сакаме нешто! И еве јас успешно го минувам и вториот диетален ден. Денес плус вежбав на орбитрекот или како и да се вика тоа што вчера ми стигна од топшоп. Осеќам малку глад, ама се издржува...
Најпрво провери дали си здрава чим се осеќаш или изгледаш пропаднато. Не знам што јадеш но види дали внесуваш доволно зеленчук, јаглени хидрати и протеини а може и ти фали некој витамин. Ако сакаш да делуваш на одредени делови на телото не е доволно само диета и трчање туку и посебни вежби кои ќе ги стегнат баш тие мускулни партии. Провери на тема Фитнес за Power 90 Extreme (P90X) и Вежби за нозете. Прашај таму и ќе добиеш одговор како да вежбаш за тоа што те интересира .
@ fallenangel Резултати од вежбање и диета, посебно за помалку килограми не може да има веднаш. За намалување на обемот на задникот и нозете, нема подобро од трчање. Се останато служи за да ги оформуваш. Но, повели, Тае Бо кардио workout и Pump it up workout. Двете симни ги од нет, пошто се добар тренинг за целото тело, особено "pump it up". Но, ти ко за старт, зависи колку телото ти е навикнато на вежбање испробај и види што ќе ти одговара за почеток најдобро. Вака изгледа Тае Бо Кардио: http://www.youtube.com/watch?v=qbqNiysM ... r_embedded ова ти е торент за да го симнеш, доколку имаш BitCommet со него: http://thepiratebay.org/torrent/6076602 ... k%29_video Торентот: http://thepiratebay.org/torrent/5750174 ... ost_It.avi
Луѓе јас се здебелив 14 дена - 4 кила Ама не бев јас крива,жими се ! Тато и мама се криви!Тие купуваа,готвеа,ме носеа во ресторани. Шала на страна,сама сум крива Јадење еден тон - за доручек обично јадев штрудла,лиснато,пита,крофна,лебче со зденка со чајна..Абе што не ..Имав две ужинки и обично јадев бисквити,американски колачиња,чипс,мали кроасанчиња,овошје Ручеци - што има.Плескавица и пире,шницли и печени компири,пилешко и ориз,пица.Исто и многу гира јадев..А што да правам кога се толку вкусни а и неодоливи.. Вечерав нешто на пример лепче и крем-сир или зденка со шоља млеко ако не сме излезени.Кога излегувавме на пример во слаткарнца јадев кремпита,кокос-колач,колаче со лешници..На вечера бевме само два пати и еднаш јадев лигњи со тартар сос а другиот пат ќофтиња во некаков сос,не знам како се викаше.На крајот,без да порачаш во таверните ти даваат десерт.И ти носат една голема чинија во неа-во средината чоколаден прелив се топи на свеќа,а од страните во посебни тањирчиња -свеж ананас,праски,диња,колачи,банани. И тоа јадев. И многу пиев леден чај и газирано... Свињче.Ете,сега се вратив па од утре сум на диета.. Wish me luck.
Јас за нецел месец ослабев 3 кила, одиме понатаму, уште 3-4 кила таман ќе бидам Полека но сигурно не се брзам. Поддршка за сите диеталки НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈТЕ
Јас веќе две недели одам интензивно на зумба, јадам според диетата на Иренна, некогаш можи и помалце, па се надевам на резултат. во текот на оваа недела ќе се мерам, а вака стомакот не ми е толку дебел и надуен, а и секој ден пијам чај за слабеење. ај валда ќе ви се пофалам оваа недела. искрено овај пат ептен запнав за да ослабам
Мене вчера ми рекоа дека сум ослабната,и идемо даље уште денес и утре а од понеделник УХ диетчето.Еден месец,максимум месец ипол доста ќе ми биде ми фалат уште 5-6 килца,па ќе видиме.Инаку секој ден стомачни + скокање со јаже + тегови.Ќе биде...се ќе биде само да не се разочаруваме пред време
Леле женцки, јас најзгодна бев на плажата. Па се баби околу мене, самодоверба стотка. Море, како си јадев, само тоа беше позитивно на одморов. Негативно гледано од оваа гледна точка, нели. По три полни оброка на ден, плус ужинки. И лепче си каснав, и блачко... Не можам да го гледам мафинот што остана, којзнае колку браќа и сестри му изедов. Ами едно саламче што имаше, ПОРК МИТ - директно од вратчето на животното кон кое имам тендеција да заличам. За кукис да не правам муабет, со дабл чоклат, за дабл чрабл. Сега ќе вегетирам малку на лубеници, ама ништо страшно.