За салатата ќе си измериш се и ќе пресметаш колку калории имаат. На мајонезот пример ти пишува колку калории има на 100 грама. Најлесно ми е да го мерам мајонезот пред да ставам во јадење, и после пак го мерам и ја одземам разликата и ги пресметувам калориите.И кога правам ручек, пример мусака, си запишувам колку грама сум ставила од се и на крај пресметувам.
Од денес ново мени Д: овесни со лешник брусница и ванила протеин Р: телешка кесадиља В само детокс смути ќе биде не сум баш многу гладна во последно време навечер вчера испешачени 10000 чекори конечно за денес се надевам на исто бидејќи до сега сум на 6000
дали некој има намалено со вода, лимон и сол ( ми испадна ова на тикток дека намалуваат )? јас веќе 3 ден пијам и почнав да вежбам со клипови од chloe ting i eleni fit па ќе видиме што ќе има резултати
На почетокот мерев така, ама веќе оти со години мерам не ми треба вага. Плус сега има апликации како самсунг хелт кај што има за многу јадења веќе внесено. За готова храна гледам на пакувањето. За готвена храна мерам по намирници на пример за салата ко што сум пишала мерам три компири средна големина + 2 јајца + лажица зејтин. Јуфките ми се домашни правени и тука е малку потешко. Сметав врз основа на нудли правени од истотиот рецепт за тесто ко моите јуфки. Тешко ми е само кога јадам во менза а некогаш морам
Јас внесувам во апликација од прилика. Не е прецизно, ама добра ориентација е. Обично внесувам додека да се навикнам на количината и добијам осет за калориите, после си терам и без внесување, знам што да избегнувам, што да намалам итн. Почнав да намалувам калории, првите денови имам вишок од околу 500 калории, а вчера „само” 150. На добар пат сум .
Еве денес јадев тањир мусака со шопска. Како ќе знам колку калории сум внела. Уфффф ова со калории е дефинитивно не го сваќам.
Од интернет/ апликација наоѓам за таа храна или сама пресметувам и после по рецептот си знам. На пример книгите за готвење што ги купувам или изнајмувам од библиотека исто гледам да бидат јадењата со калории. За мусака и сложени јадења сметам за цела зготвена количина и после делам на грамажата што ја јадам. Ако ме мрзи си барам од интернет што секако не е 100% точно но е приближно. Има и ФБ групи на српски и бугарски каде може да се најдат информации Но, 100 калории напред назад не мислам дека се проблем. Со броењето воочуваш на пример која разлика ја прави една лажица повеќе зејтин во салатата, па следниот пат внимаваш повеќе. Јас како апликација ја користам самсунг хелтх. Супер ми е бидејќи тука во странство во државата во која живеам скоро сите купени производи ги има во неа. Сега извештај да дадам Вчера: Д: 2 праски Р: парче леб и гулаш В: свинско со праз Чекори 11000 За калории не можам да кажам гулашот беше од менза Денес; Д: 2 мандарини Р: 3 виршли, малку Помфрит и 2 парчиња леб В: смути со протеин Калории околу 1200 Само 5000 чекори и малку ме разочара ова оти ми ја прекина серијата од многу денови со над 10000 чекори.
Јас ја користам MyFitnessPal. Порано ми се допаѓаше повеќе, сега сѐ нешто бара да доплатиш за премиум, ама па навикната сум, одамна внесувам, не ми се менува сега.
За прв пат во последниве 10-тина години денес не јадев благо...добро пиев чоколадно млеко, ама не јадев чоколадо. Шала на страна 1000мл Млеко, протеинско на Алпско, Несквик 70 грама, се на се 700 калории, 60 грама протеин Кикирики-80 грама, 450 калории, 20 грама протеин Грчки јогурт 0%, 250 калории, 50гр протеин Цвекло, 150 калории,// Тортиљи, 200 калории Хаварти кашкавал, 340 калории, 20 грама протеин Вишни и Цитрони за крај, овие ме мрзи сеа да ги мерам па да ги бројам, ама не се ништо посебно. 2300 кал, 150г протеин+ Релативно океј дефицит е 400-500, мада нема да лажам ми фали едно чоколадо сеа да плеснам.
Викендот беше една огромна утка, ама од утре пак поозбилно. Сумирано, наредната недела ќе ја почнам со кило и пол помалку.
Имам проблеми со хормони и циклус, заради тоа што ми е пореметено имам +3кг плус (ситна сум и имам 54.5кг во моментов, така да тие +3 не се малку). Од денес ќе почнам озбилно. Ќе пишувам тука со надеж дека ќе сум успешна. Иако телото во моментов ми се спротивставува страшно. Вежбам/трчам 4-5 пати неделно зависно од време. Д: Банана, чоколадно млеко Р: авокадо тост х2, домат В: овошје (2-3 сливи или праски)
Откако баталив режими,тренери,и програми од секој и сешто ( а се имам пробано од Ана Стојанова до Ице ББФ до незнам и јас што) и само бројам калории на апликација My Net Diary - do 1300 kcal на ден и правам дома тренинг- буквално само да е одржлив а не да се измачувам саати-некогаш 25 мин некогаш 40 мин а некогаш саат, и еден ден одмор неделно =од лани април пораѓај имав 127 кг !!!!!! Сега имам 97 кг- тоа се - 30 кг!. Сакам да дојдам до 87-88 кг ( уште 10 кг ) ама не се брзам и конечно најдов нешто одржливо за мене и ефективно. Мора трпение, време и упорност.и Муцето затворено
Кога ќе се вратиш во нормала, отиди на нутриционист да ти направи соодветна исхрана за да не паднеш пак у јадачките тенденции (јебига јас сум гурман и многу свесно паднав)
Сакам да споделам случка од мој најблизок па можеби некому ќе му биде од корист - Братучед ми имаше ситуација каде што достигна голема килажа и имаше запушување на артериии и му ставија стенд. Докторот последен пат го предупреди дека ако не си го смени животниот стил може нема да е среќен да дојде до втор стенд. Проба се и сешто меѓутоа навистина тешко му одеше. Се реши да ја проба автофагијата и да конзумира балансирана храна преку ден односно мени свртено повеќе кон салати (многу салати), јадкасти, еднаш до два пати неделно риба и еднаш пилешко. Збориме за посветеност, без шекери, и многу малце црн леб. Е се тоа до 18:00 часот, после тоа само вода и чај + пешачење. Значи без вечера, му дозволуваш огранизмот да ја обработи таа храна. Резултатот се појави одма после 2 недели , симна цели 8 килограми и не застана таму. Еве го сега -25кг. Ја достигна својата идеална тежина, сеуште се придржува, почна да вежба и искрено не го препознаваме. Му се врати сјајот и самодовербата и здравјето му е на друг левел. Сега може да конзумира каква храна ќе посака - пак е тоа се здраво, ама сакам да кажам организмот му се навикна на тој ритам и нема никаков проблем ниту качена килажа. Односно не му даваш повеќе од што може да обработи. Да напоменам ја достигна килажата за 3 месеци. Сеуште сум фрапирана на какви се промени е способно нашето тело. Мораме да се грижиме. Ете.. упорност и борба со себе.
сватив дека мора да го контролирам Муцето ( шо позатворено то поарно хаха). фала на советот и јас сум таква
Пак правам утки ама деновиве сум малку под стрес и кога сум таква стресирана губам многу на килажа, иако јадам доволно. Доручек: овошен јогурт Ручек: ориз со пилешко фрикасе Вечера: еден врап полнет со боранија и скир (вид на јогурт) Ужина: мандарини И се беше во ред дури сега не изедов парче леб со еурокрем Ама добро е, се мерев и се оди по план освен тоа што заради времето не можам 10 000 чекори да правам
Заборавив да пишам вчера. Мени за денес: Д: две варени јајца, грашок, кефир Р: две авокадо тост, печеница У: сливи, една кугла фереро рошер И теретана.