Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    4.776
    Вчера немаше манџа, само свинско варено месо, зелка салата, модар патлиџан во air fryer, лукче и кромид црвен.
    Се тоа ме тераше на мнооогу вода.
    За вечера една краставица на ситни коцки, 3 лажици кисело млеко и микс таратур зачин.
    Ден 2:
    Се мерев на вага, за чудо имам 83 кила.
    Станав накај 7, едно кафе со млеко без шеќер. Накај 10 саат доручек две јајца испржени со една лажица зејтин, две интегрални кришки намачкани со урда (1 лажица) и пола краставица.
     
    На andrejko82 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MI052021

    MI052021 Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2022
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Прв ден:)
    Доручек: смути (банана, јаболко, чиа семе, 2 јајца од препелица, 150 мл вода, киноа семе)

    Ужина: 2 кришки леб тонус со хумус + марула и краставици салата

    Ручек: урда и јајца салата

    +2 литри вода
     
    На marchi-cool и Ema.Sk им се допаѓа ова.
  3. Suzana Jovanova

    Suzana Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2019
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Здраво Дами!!!
    Јас имам многу голем проблем,што значи скоро 20 години се борам со килажата ама добро беше,е сега со строги рестрикции со пазење што се јаде,после 19 часот не јадење,вода 3 л. на ден и вагата не мрда инаку сум 39 години,висока 150 см. А килажа 85 Дајте некој ваш совет!!!
     
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Amoricka

    Amoricka Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2021
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    I jas imam 33 godini visoka sum 1,71 kilaza 81 nikogas ne sum imala tolku kila i jas sakam da oslabnam pocnav da jadam pomalce blago poslen 20h da ne jadam pomalce cipsovi poveke ovojse pa ke vidime mislam treba da jades ama pozdravi raboti i popeleka ke oslabnes i ja se nadevam ke oslabnam i poveke fizicka aktivnost
     
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.991
    Саат кога престануваш со јадење не мења ништо, битно е колку и што си јадел во текот на денот.

    Воглавно не јадете процесирана храна, секогаш гледајте да имате повеќе протеин во оброкот (поготово во појадокот, ќе ви го насочи апетитот за цел ден), со секој оброк што е можно повеќе зеленчук (колку повеќе тоа подобро за да се заситиш за ич калории).

    Ако пиеш кафе или чај пред појадок, не ставај ни млеко, ни шеќер, едноставно не го почнувај денот со шеќер.
    Наутро јадете 3 јајца со некаков јаглехидрат (кришка леб, варена киноа, варен булгур, варен цел овес, варен ориз, итн), со нешто масти (авокадо, маслинки, полно маслен грчки јогурт, семки од тиква или сончоглед, јаткасти), со некаков свеж зеленчук.
    Или туна со многу разновиден зеленчук, мешавина од млад спанаќ, рукола, марула, краставица, свежа тиквица, кромид, шампињони, пченка, маслинки, било што.
    Кришки со авокадо и урда или фета, и свеж зеленчук.
    Палента со грчки јогурт (полномастен).
    Лично, не би почнувала ден со шеќер, значи не со овошје, ама тоа е мое мислење и избор, сметам дека овошјето е подобро понатаму во текот на денот.

    За ручек, парче месо со некаков јаглехидрат (ориз, обичен компир, сладок компир, овес, тестенина, булгур, хељда, мешунка), со салата со маслиново; или само мешунки (манџа, печени, варени) со салата со маслиново, итн.
    Примери: домашна супа со многу зеленчук и пилешко, паста со урда и брокула или со мелено месо пржено со конзервирани домати (болоњезе), печен карфиол со печени компири и моркови, печена тиквица со мелено месо и печурки во средина (како бродчиња), разни традиционални рецепти како тава ориз со копани, полнети пиперки, мусака, тава печена боранија со мелено месо, манџа грашок со мевце, гравче тавче со колбас, итн. Со многу свеж зеленчук, не се ограничувајте со зеленчукот, смееш колку сакаш.
    Или овес со млеко и сурутка, бобинки и банана, ако си расположен за сладок оброк.

    За вечера би се фокусирала на протеин, би избегавала јаглехидрат. Нека биде туна со свеж зеленчук, или варени јајца со грчки јогурт и мелен лен во јогуртот, варена леќа со урда наросена при сервирање (можда чудна комбинација, ама вкусна), замотана мисиркина шунка со урда и авокадо, грчки јогурт со боровници и малини, фета со краставици, кромид и сусам, итн.

    Помеѓу оброк би јадела само овошје, или овошје со путер од кикирики, или јаткасти, или урма со обичен путер (вадиш семка, ставаш во средина малку ладен путер, совршен десерт), или урма со путер од кикирики.
    Десерт: чиа пудинг направен со сурутка (во ДМ имате нивен со вкус на ванила) со свежо јаболко, печена тиква со цимет и исецкани ореви (малку мед ако не е блага), мус од гмечено авокадо со какао, малку млеко, малку мед и малку екстракт од ванила, сутлијаш варен со млеко, кокосов крем и малку мед, овесот со млеко, сурутка, бобинки и банана.

    Целосно би исфрлила секаков прелив и намаз како мајонез, тартар, кечап (може сенф и чили сос), и работи како паштета, мармалад, нутела, крем сир, ајвар, зденка, виршли, би свела на минимум сувомеснато и млечни како класично сирење, кашкавал, павлака.

    Држете се дисциплинирано до ова одреден период (имајќи на ум дека е фаза на слабеење) и ќе имате резултати 100%. Трпение и конзистентност.

    И внесете повеќе физичка активност, ако не можете класично вежбање, тогаш повеќе пешачење, кај можете користете скали, пуштете си музика и играјте, што можете, тоа, битно движете се.
     
    На Suzana Jovanova, mjay.yyy, simoncelicius и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Авокадо и слично не на сите ни е храна што е јадеме ниту пак можеме финансиски да си приуштиме.
    Јас лично све би пробала ама авокадо, семки и слично не.
    А и производите од ДМ за здрава храна се скапи.
    Според некои шеќерите се добри за сабајле затоа што се трошат во текот на денот што е и логично.
     
    На ultraviolence му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.991
    Изостави го авокадото, примени го останатото.

    Од сам почеток ако внесеш шеќер, влијае врз апетитот во текот на денот. Поготово ако е апла шеќер во кафе/чај. Поготово ако работиш седентарна работа, а не физичка (па до некаде да ти е потребен шеќер веднаш).
    Пробај, можеби ќе видиш разлика. И подоцна внесениот шеќер, ќе го трошиш во текот на денот, како што викаш.

    А какво се тие производи за здрава храна од ДМ?
     
    На Suzana Jovanova и simoncelicius им се допаѓа ова.
  8. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Како така стигнав некако до 59кг (повеќе од стрес, отколку од диета) и денес почнувам со онлајн фитнес што ми го препорачаа тука на форумот за да се затегнам ,па ќе пишам резултати. Ме мрзи многу да вежбам и немам баш услови, ама мора да сменам нешто.
     
    На marchi-cool, Ema.Sk, andrejko82 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.876
    Допаѓања:
    6.979
    Пол:
    Машки
    Нема врска дали ќе ја прескокнеш вечерата или ќе ја јадиш, се е заблуда.
    Али во секој случај е подобар избор да се прескокни за да не го оптоваруваш стомакот повеќе на вечер и да внесуваш повеќе калории.

    Нема врска и тоа пазење шо да се јаде (одредена храна) ако внесот на калории во денот тие висок од потребите и си во суфицит. Не значи ако е здрава храна треба да јадеме колку сакаме оти не дебелее, не е точно. Секоја храна си има своја енергетска вредност (калории) односно енергија која телото ја користи за да живее, значи и здравата храна дебелее. Ете некој таму увидел за да се преживее ни требаат 2000 калории или базален метаболизам. За да се ослаби мора да си минус денеска од овие 2000, пример 1500 калории цел ден, за да се здебелиш треба да си во плус или суфицит, пример 2500-3000 калории во денот.

    Ти не мрдаш од вага оти на крајот од денот не си во калориски дефицит. Ако си во калориски дефицит, и вечера да јадиш, сабајле ќе си минус на вага. Ако си во калориски суфицит, си му дала фазла на телото енергија од колку шо муе потребно, вишокот ќе оди во резервна енергија т.е сало "за кога ќе затреба", телото си складира оти вишокот не можи да го истроши на еднаш, и така на крајот од денот ако си во суфицит, и вечерата да ја пресколниш, сабајле на вага нема да мрдниш или пак ќе бидиш и плус.

    Кало. дефицит - слабееш
    Кало. суфицит - се дебелиш
    Базален метаболизам - одржуваш
     
    На ultraviolence, Suzana Jovanova, DoubleK и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.991
    Можете и ChatGPT да користите, сметам дека е доволно прецизен за да служи. Ако ги имате точните мерки на намирниците, верувам дека проценката ќе биде уште поточна.

    На пример, прашував за оброков (туна со рукола, корнишони, морков, печурки, виолетов кромид):

    Screenshot_20241031_100141_Gallery.jpg

    Го опишав оброкот, што и колку имам ставено (го заборавив виолетовиот кромид), и прашав колку калории има во оброкот, колку протеини, јх и масти има, и дали е здрав и балансиран:

    Screenshot_20241030_091707_ChatGPT.jpg Screenshot_20241030_091715_ChatGPT.jpg Screenshot_20241030_091723_ChatGPT.jpg Screenshot_20241030_091729_ChatGPT.jpg

    Подобра анализа, здравје.
    Ем ти кажува калории по намирници, ем севкупно, ем макронутритивните вредности, ем дава предлог на крај како да го подобриш.

    Потоа продолжив со вториот оброк (овес со чиа, млеко, боровници и мед потпечени во микро, па додадено протеин сурутка и путер од кикирики):

    Screenshot_20241031_143148_Gallery.jpg

    Истите прашања ги поставив, со тоа што заборавив дека имам ставено и путер, па накнадно за тоа добив анализа:

    Screenshot_20241030_093442_ChatGPT.jpg Screenshot_20241030_093455_ChatGPT.jpg Screenshot_20241030_093506_ChatGPT.jpg Screenshot_20241030_093514_ChatGPT.jpg Screenshot_20241030_093522_ChatGPT.jpg Screenshot_20241030_093528_ChatGPT.jpg Screenshot_20241030_093540_ChatGPT.jpg Screenshot_20241030_093547_ChatGPT.jpg Screenshot_20241030_093552_ChatGPT.jpg

    Пак, супер анализа.

    Па продолжив со третиот оброк кој планирав да го јадам, ориз со копани печена тава во рерна, и бидејќи првите 2 оброци ми беа релативно нискокалорични, прашав за 3 шољи приготвен ориз, 2 копани, и неколку кисели краставички, и ги прашав истите прашања за калориите и нутритовната вредност:

    Screenshot_20241031_143730_Gallery.jpg Screenshot_20241031_143733_Gallery.jpg Screenshot_20241031_143736_Gallery.jpg Screenshot_20241031_143739_Gallery.jpg Screenshot_20241031_143743_Gallery.jpg

    Па бидејќи бајаги калоричен е оброков, наместо со 3 шољи, прашав со 2:

    Screenshot_20241031_143746_Gallery.jpg Screenshot_20241031_143748_Gallery.jpg Screenshot_20241031_143751_Gallery.jpg Screenshot_20241031_143754_Gallery.jpg Screenshot_20241031_143757_Gallery.jpg

    Така, знаев комплет колку калории (секако отприлика), протеини, јх и масти имав внесен цел ден со оброците.

    Бонус, на крај прашав уште колку калории иам простор во денот за конзумирање после оброциве, со тоа што напочетокот на база на мојата возраст, тежина и висина ми даде инфо дека за мене се таман 1700 дневно за седентатен живот и 1850 за малку активен:

    Screenshot_20241031_144939_Gallery.jpg Screenshot_20241031_144942_Gallery.jpg Screenshot_20241031_144944_Gallery.jpg Screenshot_20241031_144948_Gallery.jpg

    И завршив со анализа дали ваквиот тип на комбинирање оброци е добар и да даде примери што да се подобри:

    Screenshot_20241031_144950_Gallery.jpg Screenshot_20241031_144953_Gallery.jpg Screenshot_20241031_144959_Gallery.jpg Screenshot_20241031_144956_Gallery.jpg Screenshot_20241031_144939_Gallery.jpg Screenshot_20241031_145005_Gallery.jpg


    Малце надугачко. :makeup:
    Ама многу добар начин да видиш што е, како е, што правиш со изборот, да најдеш идеи, итн.
    Може и рецепти да се прашаат, поготово со намирници кои веќе ги имаш.
     
    Последна измена од модератор: 1 ноември 2024
    На slatka39, Ariel, Suzana Jovanova и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Belo krilo8

    Belo krilo8 Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2024
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Хормони зависи после 40+ е лудило нити храната ослабнува ниту поправа, за еден момент си качуваш дури и 5 кг плус тешко се симнуваат дури и само на овошје да си .Истиот проблем и јас го имам сега намалив во внес јадам пола порција од тоа шо јадев но и тоа не дава некој резултат освен шо се осеќам подобро, со други зборови неподувано.
    Си треба физичка активност и храна во мали порции на подолг период за резултати.
     
    На mimoza.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.876
    Допаѓања:
    6.979
    Пол:
    Машки
    Не е до хормоните, ниту до годините, не треба да се бара вина во нив. Има и млади луѓе со истиот проблем. Хормоните се ланец кој оди или нагоре или надолу и истите ние ги насочуваме како ќе се движат па така и да не служат, а трите најважни работи и фактори за правилно функционирање на хормоните се, сонот, правилната исхрана и физичката активност.

    Не можи преку ноќ да дојдат резултатите, ако до вчера сме се хранеле нездраво и сме трупале празни калории, не сме спиеле доволно или не сме биле ни физички активни.

    Под правилна исхрана се подразбира отфрлање на целосно преработената, кондиторска, вештачка и индустриска храна, која содржи премногу јаглехидрати и нездрави масти и заситени масти, која има огромна калориска вредност. Оваа храна не само шо не здебелува ради калориите кои ги содржи, него сите тие нездрави макронутриенти кои ги содржи влијаат врз хормоните и целокупното здравје попречувајќи го да функционира нормално, наместо да ги насочиме хормоните да одат на нагорен ланец за да не служи здравјето. На крајот од денот многу е битно дали сме во калориски суфицит или дефицит. Со суфицит се дебелееме а со дефицит слабееме. И овие калории шо ќе ги внесиме во денот треба да се од здрави макронутриенти, здрави и споро шеќери, здрави масти и протеини. И пак, без разлика шо се здрави, на крајот од денот мора да сме во дефицит за да го натераме телото да работи на резервите (салото) а здравата и правилна исхрана ќе ги натераат хормоните да го забрзаат процесот. Телото е како компјутер, паметна машина која се адиптира на промените, но зависи какви ќе бидат тие промени.

    Да сме физички активни не значи да спортуваме или вежбаме нешто. Доволно е да се испешачат 45 минути, наместо со кола/бус да се иди пешки или точак, ако одиме со бус, ќе слезиме 2-3 постојки подолу за да попешачиме, наместо со лифт ќе одиме по скали. Значи ако се сака, се можи.

    Сонот е битен за нормален биоритам и правилна работа на хормоните. Кога спиеме, телото најмногу согорува калории, се ослободува од штетните токсини, се ослободува од стресот кој е исто толку многу важен, растиме додека спиеме, се обвновува енергијата и сме енергични, свежи, бидејќи телото се ослободило од сите штетни работи од претходниот ден и е подготвено за наредниот ден.

    Без овие работи, нема промени ниту успеси. И за да се случат промени, треба време и трпение, а пред се дисциплина. Кога се има дисциплина доаѓа и мотивацијата а тогаш доаѓаат и промените.

    Прво и основно, здравјето почнува од чинијата.
     
    Последна измена: 7 ноември 2024
    На christinnn, MikicaBt, Damsel и 2 други им се допаѓа ова.
  13. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    14.426
    Пол:
    Женски
    Недела дена нема ништо ново на темава?

    Јас да си напишам, сватив дека кога сум 2ра смена на работа повеќе контрола имам над јадење и имам и време за вежбање. А има и ефект но што фајде кога следната недела кога сум 1ва смена се е крш (facepalm) смена од 6,стаата од 5 сатот прва пауза во 7ипол. Мораш нешто да поткаснеш да грицнеш зашто до 9ипол до паузата за јадење цревата пајдушко ќе играат. Тогаш има готвен оброк. Салата обавезно секој ден и месо обавезно. Јадам без леб. Ама што фајде ко кога ќе дојдам дома гледам да се најадам а не бирам многу што ќе јадам и тука се губи контролата. |(
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    233
    Пол:
    Женски
    Девојки еве ме пак со иста мака сум. За еден ќотек невиден сум. Периодов си се опуштав со храната и си јадев се и сешто. Но убава работа е што мојот мозок сепак ме пази од дебелеење, пак стојам на иста килажа со кило само можеби плус. Сепак внимавав да пешачам и вежбам, некои денови бев дисциплинирана некои не и така целокупно немам никаков позитивен резултат. Поради тоа сум многу разочарана. Имам за симнување уште многу кила, морам на ново.
    Сега некако се спремам психички за наредниот пост што доаѓа, и се надевам на повторно слабеење со постот. Но, чекајќи го, некакп си се опуштив. Сега сакам да почнам со рестрикции до постот за да можам полесно да го поднесам.
    Доколку има некоја што сега почнува ајде да се мотивираме
    Дали некој го има вклучено зелениот чај во диета на подолг рок и дали му има помогнато?
    Дали вежбањето со тежина ќе помогне за слабеење?
    И што би ми препорачале за да бидам подисциплинирана, поистрајна, која е вашата тајна за останување истрајни во процесот. Прифаќам и критики.
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  15. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    233
    Пол:
    Женски
    Ден 1.
    Поручек овошен јогурт
    Ручек менемен со три јајца и парче сирење и грчки јогурт.

    15к чекори денес.
     
    На marchi-cool и Ariel им се допаѓа ова.
  16. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.612
    Допаѓања:
    7.727
    Пол:
    Женски
    Ајде од утре и јас ќе ве дружам. Далеку сум од буцка, али периодов од стрес качив неколку и сеа до лето сакам да се истонирам малку.:wasntme:

    У план ми е по пола кило неделно, но не знам дали ќе го стигнам тоа. Некако ко премногу ми се чини. Ма и 100 грама неделно е добро само да не качувам и да не стагнирам.

    Групи на храна нема да исфрлам, освен шеќер. Значи само у кафето ќе си дозволам шеќер оти такви кафиња без шеќер ич ги нејќам. Ако ме фатите да јадам благо да ме искарате.:rofl:

    У лупата побарав, сум пишала на темава пред 2 години. Ех, да ја имав таа килажа сега. Али добро не е страшно. Немам качено многу. Лесно ќе ги ослабам, со воља. Јас у тој период имав ептен мука со тироидата, хипер ми беше и цела у аут. Ни сама не знам како се опраи, али фала му на Господ, денес сум здрава, жива и тип топ. Значи можам диета каква сакам да држам.

    За физичка активност, сум јас ептен без воља. Имам дома и орбитрек и справи и еден куп чуда и глупости, ко на пример статичен точак, али ич не ми се вежба. За пешачење си пешачам ваму таму, де. Уште кола немам и положено, а у автобус нема шанси да се качам, освен ако не е на другиот крај на градот и нема некој желен од дома да ме превезе.:whew:

    Вие другите си мерите чекори? Предлог за некоја добра апликација на телефон?:?:

    За кој колку се здебелил, ослабел си кажуваме тука?:$
     
    На Belo krilo8 и Ariel им се допаѓа ова.
  17. Despina !

    Despina ! Активен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2022
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите :hai: Е баш ми треба морална подршка за да ослабам не сум некоја буцка :lol: ама имам стомак ;(;( Тешко мие да почнам диета искрено незнам ни какоо ми треба помош околу оброците многу ќе мие полесно ако некој ми кажи пример за доручек јади ова за ручек ова итн. Секој совет мие добредојден ! Само не ми велете да почнам да вежбам ;( и ана стојанова НЕ ! зошто реално нејзините диети се скапи

    И јас имам слушано за овој чај дали сеуште го пиеш?
     
    Последна измена од модератор: 18 ноември 2024
  18. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.612
    Допаѓања:
    7.727
    Пол:
    Женски
    Сесре нит чај, нут бутур помага. Ако сакаш да ослабеш треба да засукаш то ракавите и да се зафатиш за работа.

    Еве јас ќе си кажам за мене, па ако има некој шо повеќе се разбира нек ме поправи. Јас слабеам кога пазам на дефицит и кога јадам балансирани оброци. Значи протеин, карбохидрати, овошја и зеленчуци. Гледам да се задржам на непреработена храна, но не си ограничувам ништо на себе, нит сакам да исфрлам цели групи на храна. Само шеќерот сакам да го паузирам некое време.

    Е и од вежбање се слабее, али мене некако не ми е по ќеиф она класично вежбање со кардио и со дигање тежина. Јас можам да испешачам и толку од мене.
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.186
    Допаѓања:
    139.289
    :bandit: Има некој?

    Време е за враќање во колосек. Треба да ослабам неколку кила за да ме собере поголемиот дел од облеката. Сакам да не претерувам со кафани и пиење и да се движам повеќе.

    Планирам да постам, @FierceFemme_ ќе се дружиме тука. Само убаво да смислам оброци, да комбинирам посно за мене, а мрсно домашните. Тоа што постот почнува во четврток не ме радува, креативноста и ентузијазмот ми се намалуваат како поминува неделата (facepalm).

    За слабеење @Puellapulchra само калориски дефицит. Главно се сведува на многу салати. Вежбањето минимално помага, ама добро е за здравје, лепота, ама и за мотивација. Кога ќе видам колку тешко се трошат калории, ми се одјадува :D. Плус не можеш да се прејадеш, ако треба после тоа да вежбаш :D.
     
    На Ema.Sk, FierceFemme_, mareane и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.612
    Допаѓања:
    7.727
    Пол:
    Женски
    Епа ај да си пишам што кркав денес и вчера.

    Вчера ем со желба, ем приморано си ја почнав диетата. Настинав. Загубив апетит и цел ден јадев 2 ѓеврека, чаша јогурт и сабајлето пиев едно турско со лажица и пол шеќер.

    Денес подобро ми е со настинката, ми се врати апетит. За ручек јадев плескавица, малку помфрит и лебче. За вечера јадев ѓеверек и уште пола. За ужинка имав јапонско јаболко и у тек на денот испив едно отприлика 5 чаја со нане, секое со лажица и пол шеќер, оти не ги можам без.

    Калории на избројав. Ако не ваља овој систем на јадење помалку од око, следен понеделник посериозно се зафаќам.
     
    На marchi-cool, Cutiepie1 и penelope10 им се допаѓа ова.