Денес од зулуми издвојувам ред чоколадо на гладно и чаша бело вино. Од мали победи, пешачев пола саат и повежбав (дури) 15 минути . И не јадев благо после ручек . Имам вишок калории, ама ај, утре е нов ден…
Од мали победи на денот, се држев до планот за јадење. Имаше и изгубена битка - не вежбав, а планирав. Затоа и денес сум во суфицит, некои 150 калории. Утре е нов ден .
Ајде денес да си го одбележам денот, или по правило вчера. За доручек кснав од оноа ѓевречето половинчето шо остана. Ручек и вечера јадев по еднаш чорба и две кришки леб. Али оваа чорба не беше ко од оние обичнине супи, него домашна со пилешко, моркови, праз Spoiler За ужинка имав костени и стандард неколку чаја од камилица со мед и поленов прав
Секој ден го почнувам супер, со протеини, за ручек пак сум супер, е веќе ко ќе се стемни, ме фаќаат бубалечките и јадам ко да немам видено храна. Добро, не е тоа далеку од вистината, година и нешто си јадев по малку, протеините ми беа 98% од исхраната. Ама претерав. Од август ко фатив со џанк фус... скоро 4 месеци се гоштевам. Последните месец ипол ептен претерав и тадааам, вагата е на 74 кг А ко ми почна одморот бев 64 Здраво. Јас сум Малерозна и од денес сум на диета Се враќам на темава, која е за стап, кажувајте, кај мене е Ако ме нема, пингајте на време
+ Денес есапот вика дека сум добра со калории. - Изедов еден ред чоколадо… - Пак не вежбав. Едно напред, две назад… @malerozna кај рече дека е стапот?
Јас едно напред, три назад. Појадок супа. Ручек коковче со зелка салата Да не сум подолна, и малку компир каснав, не за друго, ептен вкусен го правам. После јадење топол нес со шеќер . Е после едно кутивче еклери, после уште едно. Епа 6 еклери изедов Стапот кај мене е... земај и мавај
@Ariel Оо преубаво што си имам друштво, ќе си дподелуваме нови и интересни рецепти. Се надевам на уште 17 кила да симнам. Имам 77 моментално и многу ми се. Одлично се држам неделава, вежбам и стојам во калориски дефицит. Не пишував поединечно да не бидам досадна. Кај мене одлично функционира еден оброк во денот и на рутина и на карактер и на се (не препорачувам, препорачувам секој да си го запознае сопственото тело). Понеделник Салата со туна, грчки јогурт, пченка, краставички и тонус леб. Вторник Шпагети со болоњезе сос (само месо пржено на малку путер и кечап). Среда Омлет со 5 јајца, изварка богата со протеини и грчки јогурт. Вечерта изедов мандарини неколку. Четврток Парче торта (морав, принудена бев) никогаш не јадам благо на празен стомак, но неизбежно ми беше денес. Поради тоа за ручек изедов три јајца со изварка и маслинки. И за вечера мандарини. Се мерев после тортата, 1 кило сум симнала. Можеби и не е реално, но ќе си го земам за ослабено, убаво си ми е. Одиме следна цел 75кг.
За денес да си шкртнам шо сум јала. Доручек прескокнав, ручек јадев некој специјалитет со свинско, компири, кашкавал и праз и една кришка леб. Вечера исто. За ужинка ќе си ги рачунам костените што ги јадев после вечерата и чајот што тренутно го пијам.
Ќе сакаш ли да споделиш идеи за доручек, ручек со протеини? Јас никако не можам да ги намалам јх, а најголем проблем ми се.
Епа да си пишам за денеска што сум јала. Ручек јадев мантии купечки замрзнати и печени у рерна со пола чаша јогурт. Е сеа кај ужинката се слизнав малку. Неколку чаја, ги дојадувам костените од пред два дена и....... излапав 10 киндер чоколатца, од 125 грама, ама ај ќе си простам. Ко шо вика @Ariel утре е нов ден. И нова шанса за слабеење. Ете така. Сеа пред малку дојадов и мантиите од прееска со пола чаша јогурт, исто ко ручекот. Си викам од утре се по ново. Уште два дена до мерење, се надевам ќе ослабам нешо. Па и 100 грама да бидне, да се покаже на вага ќе бидам благодарна. Не ми се ни брза којзнае колку со слабеењето, до лето ќе бидне
И јас вчера не бев многу за пример. Цел ден во движење, само на готова храна, скоро 300 калорои имам вишок. Денес и во кафана ќе одам. Планирана ми е од пред две недели.
Па луѓе, јас сум пресреќна. Стигнав до 75кг . Вчера се мерев ама си реков да не сум дехидрирана па да ме лаже бројката, денес повторно се измерив и истата бројка. Одлично се чуствувам, уште 15 кг то гоу, официјално 20 кг симнати . Следна цел 70кг. Петок Вчера за поручек изедов овошен јогурт, за ручек менемен со 5 јајца. И потоа си се почастив едно топло чоколадце, ама свесно без грижа на совест, а и во рамките на калорискиот дефицит ми беше
Бравооооооо Ете видиш дека можело ако се сака Сега уште поголема мотивација би имала од претходно, само напред!!!
Јас денес некако декадентно се чувствувам, имам чувство дека многу изедов и испив. Ама кога удрив математика, исто како претходните денови, некои 200 калории вишок. Е, глупости јадев, тоа не е ок.
@FierceFemme_ Браво. Горда сум на твојот успех. Ко те прочитав ми даде мотивација да се држам до моето, дека ќе биднат резултатите и за мене. Да ти се множат успесите. Се радувам како за себе. Ајде денешниот ден да го запишам. Доручек скокнав. Ручек јадев отприлика 3/4 од плескавица, 10-тина помфритчиња, неколку залчиња леб, резниња патлиџани, на страна од тањир со кечап, мајонез и пола чаша газирано. Вечера јадев останата 1/4 плескавица, секако кечап и мајонез, ништо без нив, малку помфрит, неколку резниња патлиџан, неколку залака леб, 1 чаша газирано и една малечка замрзната пастрмајлија печена у рерна. Ужинка едно нескафе, костените конечно ги дојадов од пред неколку дена, беа 20-тина на број, уште една чаша сок, 3 реда милка и моментално додека го пишувам ова ми се лади чај од камилица со една лажица мед и поленов прав, таман пред спиење да се стоплам. Јас искрено се надевам дека у понеделник ко ќе застанам на вага, ќе има резултат, и 100 грама се мала победа. Убав ви ден, вечер, сабајле или што и да биде кога ќе го читате моето. Утре е нов ден, нова шанса за живот, нова шанса за мали и големи успеси.
Кога си ги кажуваме резултатите тука? Денес? Или у среда? Или никад? @Ariel @FierceFemme_ @malerozna @penelope10
Едно време во среда ги кажувавме, па после различно, кој кога се мерел. Мене среда ми е ок, ич не сакам во понеделник да се мерам, демотивирачки ми е затоа што викендите ми се доста декадентни . Јас деновове не сум се мерела затоа што не сум ни почнала, во четврток почнувам со постот, а веројатно ќе го комбинирам со броење калории. Сега сум во подготвителна фаза, бројам калории за ориентација / калибрација .