Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.001
    И да целиш по 1500 калории дневно, тоа се по 500 во 3 оброци, со кои можеш солидни оброци да напраиш ако добро ги искомбинираш. Од тоа што го имаш споделено во последно време, прва грешка ти е што јадеш еднаш во денот, па се напукуваш со сè и сешто. Втора грешка ти е изборот на храна, со мантии и пастрмајлии не се слабее. :D Барем не здраво и без изгладнување, како што правиш.
    Па така 2 совети би ти дала, прв: имај редовни оброци, 3 нека бидат, ете без ужинки помеѓу; втор: секако освен протеини, фокусирај се на нискокалорична храна што можеш колку сакаш да ја јадеш за да бидеш сита, a.k.a. зеленчук. Можеш колку сакаш да јадеш краставица, марула, рукола, спанаќ, пиперка, тиквица, ротквица, блитва, свежо цвекло, трупка, морков, туршија, домат, кромид, маслинки, печурки, итн. Колку сакаш, и 3 краставици ако ти се јадат, можеш да ги изедеш во еден оброк. Ама и парче месо, или неколку јајца, и плус шака ориз или булгур или киноа или еден компир или кришка леб. Што те спречува еден куп свеж зеленчук да јадеш кој не мора ни да му рачунаш калории? И повеќе протеин, за да те држи сита. Ко ќе видам тука едно јајце со пола краставица ми се стемнува. Кај штедат на протеин, штедат и на краставица! Пазат да не се здебелат од краставица. :wasntme:
    На одреден период батали мантии и пастрмајлии, дур си во фаза на слабеење.
    Ако сакаш подетално мислење за храна, слободно прашај.
     
    На penelope10, Annath, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.643
    Допаѓања:
    7.863
    Пол:
    Женски
    Глеав нешо на интернет чепкав. И на неколку места кажаа дека порцијата треба да биде 1/4 протеин, 1/4 јагленохидрати и 2/4 зеленчук. Добар систем ли е ова?

    И сакам да те прашам како можам дефицит да пресметам?
     
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.001
    Јас гледам во секој оброк некако да имам барем 25 гр протеин. Јаглехидрати не рачунам, само влакна ми се битни, и не ги избегавам ко некои, само гледам да се од добар извор.

    За дефицит јас би пробала со 1500 калории еден месец, да видиш како ќе иде. Ама треба стварно да не ги надминуваш за да биде успешно. Ако стварно не ги надминуваш цел месец и не симнеш кг, значи не си во дефицит. Така ќе знаеш дали си или не си. Па по правило ќе треба да симнеш уште 100-200, ама јас не би зошто тоа е премалку, туку би зголемила физичка активност.
     
    На theowndemon и Puellapulchra им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.714
    Допаѓања:
    168.520
    Пол:
    Женски
    @Puellapulchra Вака, прво рачунаш колку калории јадиш во нормален ден без рестрикција. Значи секоја една поединечна храна оди на вага па во тетратче. Не бележиш одма колку калории за да не осеќаш притисок да прајш рестрикција. Околу 2-3 дена така. Внесваш да видиш колку калории ќе дојдат за секој ден. Пример околу 2250-2570 калории да речиме нормално јадиш. То ти е "нормалната" исхрана ради која си на тие кила. И одземаш калории од неа за да си во дефицит. 300-500 калории можиш да намалиш од старт ако испадни голема бројка. По некој месец ќе стигниш до стагнација. И можиш полека по 200 калории да намалваш дур стигниш до кај шо сакаш. Ако на се ова додајш и вежбање влегуваш во поголем дефицит. Пример би ги дошло 2250 калории исхрана, -500 дефицит од рестрикција и -200 од вежбање = 1550 калории.

    Ко ќе влезиш во стагнација, на апликациите за броење калории имаш калкулатори за базичен метаболизам. То е колку калории на твоето тело во тој момент му требат да одржуваат тежината шо ја имаш. И да речиме дека стигна -8кг од саканите -10. И да претпоставиме дека CHATgpt е во право дека базичниот метаболизам ти е 1600 (иако јас никогаш не би се потпирала на него). Ако 1550 калории ти иди со се вежбање и рестрикцијата, ти уште ќе намалваш кила оти тие 50 се во дефицит уште на базален метаболизам. И се дур си во дефицит од базелен метаболизам ќе намалваш. Ако преќиниш да намалваш со 1550 - значи толку ти требат сега да одржуваш тежина.

    Е са друго, како бројш калориите и кај ги внесваш? Оти наназад ти читав денојте и нема шанси да си на 1200 калории секој ден. Ај последниов ден со рибата и пепсито е возможно зошто иако полн шеќери и штетен, пепсито и општо сите soft drinks немат многу калории иако не помагат во слабеење. Исто еден мал оброк на ден е измачување. Многу полесно е со поќе мали оброци. Ама еден ден имаше пишано две пастрмајлии.
    Screenshot_2024-12-01-05-31-31-087_com.android.chrome-edit.jpg
    Една пастрмајлија ти е од 800-1200 калории зависно од големината (ако се екстремно мали евентуално од око би ставила 500 ама не сум сигурна за то). 94 калории е лајца мајонез. Во просек чоколадите се 70 калории за ред чоколадо. Три реда е најчесто пола = 210 калории иако милката мислам дека за 100г е 500 и нешто калории и ова би дошло 250-270 калории. Со средно големи пастрмајлии ставени, денов минимум иди 1900-2000 калории вака од око израчунато. Зато ме интересира како броиш. Ова е за оброк + ужинка. Со 1900 калории можиш да имаш три обемни оброци ако се добро скоцкани.

    Калории броење е многу захтевно. Секоја една состојка оди на вага па во апликација. И дури тогаш можиш да имаш "реална" слика за точните калории. Ако рачунаш од око секогаш имаш 200-400 калории можност да си во грешка. Скоро се се мери сирово, особено тестенини. Тестенини мериш пред да клајш пример да се варат. Или пример ако ставиш цело пакетче 4 порции, и извајш 1/4 можиш да си израчунаш со portion guide од пакетчето. Ама ко шо реков захтевно е и има многу мерење и рачунање. Особено на почеток. Ако подолго време бројш = полесно е.

    И сакав уште за метаболизам да ти зборам. 1200 калории се некој минимум. Ако пробаш под то да јадиш секоја апликација ќе те искара. Колку помалку јадиш, телото оди во "шок" и прај задршка на калории во случај гладувањето да трај подолго за телото да има резерви. Ако гладувањето трај подолго пак се слабеј (мислам, зато постои анорексија) ама се забавува метаболизмот. После буквално и малку храна да крениш, место малку да се здебелиш ќе се здебелиш многу. И обично кога заздравуваат луѓе зошто си забавиле метаболизмот ради рестрикција мора прво да се здебелат и да не се плашат од то оти е неизбежно. Како телото сфаќа дека не е поќе во гладување и дека има многу резерва, почнува да троши од та резерва и после се нормализира пак базалниот метаболизам и се однесува како шо треба, а не како да се спрема за подолг глад. Шо пробвам да ти кажам е да не одиш на преголема рестрикција зошто е штетно. Храната треба да си ја напрајш пријател.

    И сега исхрана на рестрикција. Не треба да држиш диета. Треба да се храниш здраво. Точно здраво слабеење е кога адаптираш здрав начин на исхрана и телото како резултат се формира како шо треба од та исхрана. Диета е краткорочна, од таму и ефектите нејзини. Ти треба макронутриенси да спојваш за да се заситиш. Пример јаглехидрати + масти. Еден таков пример ти е банана + крем од јатки. Или ориз, грав, салата, риба. Имаш избор на енергија со оризот (јаглехидрат), извор на протеин со гравот (мускулно, градежно ткиво), извор на масти од рибата (неопходно за здрава функција на мозок) и нутриенси кои ни се потребни од салатата. За друго горе ти објасниле супер. Јас исто би ја расчитала медитеранската исхрана. Иако од месо само риба јадам, ја гледам како столб и "божество".

    Исто така ако бројш калории и осеќаш глад - додај ужинка, не гладувај. И додај голема салата зошто волумен полни желудник. Марула особено е најголем пријател во поглед ова. Крастајци. Беби спанаќ. Рукола. Секој листест и зелен зеленчук е практично ич калории. Каква храна јадиш ти зависи колку брзо ќе наполниш желудникот. Ако јадиш хамбургер со помфрит и кока кола, класично комбо шо прат поќето, ти е околу 800 калории ако не и поќе. Ако намалиш едно од двете лепчиња и пијалокот и пример помфрит го напрајш во фраер, можиш со леснотија да преполојш калориите. Ако додајш и големата зелена салата и веќе се заситваш. Исто вода. Пиј многу вода. Иста логика - полни желудник.

    И уште за здраво намалување кила. Никој здраворазумен човек нема да ти препорача да намалиш поќе од пола кило неделно. Така да не цели на поќе од пол кило неделно. Месечно то иди во просек по 2 кила.
     
    Последна измена: 1 декември 2024
    На penelope10, Kaja991, Puellapulchra и 2 други им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.714
    Допаѓања:
    168.520
    Пол:
    Женски
    Прво црвено знаменце ти е ова:
    Screenshot_2024-12-01-07-33-46-330_com.android.chrome-edit.jpg

    Како некое основно правило нека седи ова: колку побрзо намалуваш килограми, исто толку брзо ќе ги вратиш. Колку побавно намалуваш, толку потрајна е промената. Јас знам дека 10 кила за 2 недели на многу жени ќе реши "проблем" и зато залетува(ме) по вакви диети. Ама вакво слабеење прво не е реално, второ и да беше реално не е истрајно долгорочно. Поарно полека да се почни со здрава исхрана него да се скока од диета на диета за брзи резултати да се бара.

    Самите оброци шо се на линкот не се воопшто лоши. Ама фали бар уште еден цел оброк према мене во деној каде ручекот е супа. Оти супата и оброкот јас ги гледам како едно иако тука се пласирани како два оброци. Деној кога ручекот не е супа се доста океј иако би ги дополнала за да се балансирани оти вака према мене не се. Парчето леб јас би го заменала со интегрален ориз или компир (жолт или благ). Јас за појадок би ставила овес со бананата и некој јаткаст путер место неколку банани како Фрили и само банани (за сузбивање на глад помага врзвање на макронутриенси), плус ова шо го има секој ден.

    Лично, проблем со ова исхрана ми е количината на месо. Ама ај ќе тргнам та "критика" настрана оти би рекла ете то е мое верување. Сепак оброците се генерално окејиш. 100г баш барав колку е. Просечен лосос филет е над 100г. Стек 174 грама вели гугл. Јас не би делела да е 100г туку би земала цело парче.

    Исхраната не е лоша, висока е на протеин ама не е за 10 кила во две недели, шо е добро. Мислам, ако не ја модифицираш ќе ослабиш многу зошто е висока на протеин и нема ни приближно доволно јаглехидрати во поќето деној. Има многу салата. Исто така добро. Има можност за овошје. За мој вкус фалат мешунки и здрави масти (маслиново масло, авокадо, маслинки). Ориз, компир и такви работи има ама во посебен оброк. Мислам дека во ист поќе ќе поможи за ситост. Ама да ја земиш ова диета од линкот како blueprint и да градиш околу неа - нема да е грешка иако треба да се доработи.

    Ќе го земам за пример ден 4 оти таму ми е моментално отворено:
    појадок: 2-3 банани
    ручек: динстан зеленчук, салата од домати
    вечера: пилешки копан без кожа и салата по избор
    Јас би додала ориз во вечерата. Идеално мешано низ него грашак, пченка, морков. Ручекот е практично "празни" калории. Зеленчук со салата од поќе зеленчук. Целта на тој оброк е да те засити, а не да задоволи макрос. Во динстаниот зеленчук би измешала компир и можда неколку лајци грав или наут. Печен наут со зачин е д шит. Можи пола авокадо настрана или некоја маслинка плус. Во појадокот би намалила на една банана и би додала малку овес со плус уште една- две овошки и јаткаст путер.

    ---
    Ај ќе гледам на крај на денојте да препишам или сликнам и јас шо си пишам во тетратка па да се дружиме тука.
     
    Последна измена: 1 декември 2024
    На Puellapulchra и H.VAGA им се допаѓа ова.
  6. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.643
    Допаѓања:
    7.863
    Пол:
    Женски
    Калориите ги рачунам така што му пишувам на chat gpt сè што сум јадела во денот. Јас поим неам дека било така погрешно и дека не ги кажува ко што треба.

    На интернет на секое место различно ги кажуваат. Како се рачунаат правилно? Како вие останатите ги рачунате?
     
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.714
    Допаѓања:
    168.520
    Пол:
    Женски
    Секоја состојка на вага и во апликација. Јас ја користам My Fitness Pal зошто скоро сите баркоди шо скенирам фаќат. Скенираш код, внесваш грамажа изедено и ти кажва колку калории е.
     
    На penelope10 и Puellapulchra им се допаѓа ова.
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.001
    Можеш со мерење со вага, на пакувани работи со математика според табелата (пример со пастрмајлиите и мантиите лесно можеш да израчунаш), со мерки една голема/мала лажица, итн.

    Јас неам вага и на пример храната што е во ќесе ја делам од око на еднакви делови, пример замрзнати малини или боранија, или пак киноа или булгур, префрлам во помали ќеси за да знам. Ако во ќесето боранија има 400 грама, отприлика делам 2 или 4 делови и префрлам во ќесиња, така знам колку сум зела. И после или ќе внесеш во апликација ко myfitnesspal или рачно во тетратка ќе си пресметаш. Исто правам и со месо. За свеж зеленчук и овошје во апликација ќе внесам една средна банана, на пример. Доволно е. Ако се двоумам, ставам повеќе, па подобро да грешам мислејќи дека повеќе сум внела, а да сум внела всушност помалце.

    Јас со истите оброци имам пробано да мерам и на myfitnesspal и на ChatGPT, исто ми прерачунале. Треба прецизна да си, пример за четот: how many calories are in this meal: 3 tbsp of oats, 1 tbsp of chia, 100 ml (шо ти е пола чаша) of 3,2% milk, 1 standard banana and 1 heaping (што претекува) tsp of peanut butter? И исто ќе ти прерачуна како кога ќе внесеш во фитнеспал. Ама не можеш да му кажеш, 1 пастрмајлија. Од кај да знае колкава е, што има во неа, колку има, итн. Мора попрецизно.
     
    На penelope10, theowndemon и Puellapulchra им се допаѓа ова.
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.199
    Допаѓања:
    139.529
    Јас не мерам калории толку детално. Барам готови рецепти на MyFitnesPal и по осет бирам што мислам дека е најсоодветно. На чет џипити не ми текнало да побарам, а немам живци состојка по состојка да внесувам на MyFitnesPal. Внесувам само кога ептен немам осет колку калории има некој оброк.
     
    На Puellapulchra му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.886
    Допаѓања:
    7.513
    Пол:
    Женски
    Јас последно кога мерев калории имав анорексија и сега не сакам да мерам. Не за друго, не сакам лоши мемории.
    Со килажата стоев супер до пред 2-3 месеци, со години бев 52-55 макс кила. И супер ми беше таа килажа пошо сум ниска. И сега проблемот ми е што од толку многу стрес ми се јави огроменнн апетит. Качив можеби 4кг за помалку од месец, што никогаш ми се нема десено. Не сакам да обрнувам внимание за да (не дај боже) се опседнам пак со килажа.
    Не сум имала таков апетит досега, дури се мислам да проверам тироидна или инсулин.
    Не слабеам моментално пошо немам енергија плус за тоа, само да си кажам маката ;(;(;(
     
    На penelope10, christinnn, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.643
    Допаѓања:
    7.863
    Пол:
    Женски
    Вие тука повеќе се разбирате. Сакам да ве прашам што мислите за УН диета? Ми се гледа лесна, со не многу замарање. Дали е здрава? Дали брзо се враќаат килограми? Дали ја препорачувате?
     
  12. SeñorPink

    SeñorPink Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2024
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Машки
    Лично не ми се допаѓа овошје за доручек и рестриктивната природа на диетата. За слабеење не треба да се ориентирате кон диети туку менување на навики. Лично иам вишок затоа што забегувам со благо и суви маслинки...
    Само гледај да јадеш контролирано и во границите на нормалата, направи си некој режим или појди на нутриционист.

    Провери си го инсулинот, јас кога имав одвишок можев да изедам од 4 до 6000 калории и пак да сум гладен. Ми се имаше случено ручекот што ми е за неколку дена да седнам и во едно јадење да го снема (особено работи манџички како грашак и боранија). Знаеш шо е да мцнеш кило грашак у едно седење? Ненормално.
     
    Последна измена од модератор: 1 декември 2024
    На Selena01 и Puellapulchra им се допаѓа ова.
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.199
    Допаѓања:
    139.529
    Сум ја држела, се слабее, ама сега не би ја држела. Овошје на гладно не е за мене. Инаку после секоја диета ако се вратиш на старите навики се враќаат килограмите. Затоа поентата е да се сменат навиките, а тоа е многу тешко.

    За слабеење само калориски дефицит, а за здравје, се трудам да се водам по сликата. Само на дневно ниво гледам да ми е ваква распределбата, не на секој оброк. Некои денови успевам, некои не…

    И најважно, гледам да си го слушам телото. Ако некоја храна не ми одговара, не се форсирам да ја јадам, колку и да е здрава.
    IMG_9493.jpeg
     
    На theowndemon, Sweetymk и Puellapulchra им се допаѓа ова.
  14. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.643
    Допаѓања:
    7.863
    Пол:
    Женски
    Јас изгледа ќе ве дружам од Нова година, па натаму. Некако изгубив мотивација, а и празници се ближат. Решив дека е најдобро е од тогаш.

    А овие месец дена, ќе ги искористам за да си пребарувам рецепти, јадења, вежби и тако даље. Можеби ќе побарам нутриционист или ќе се запишам у теретана или личен тренер, ќе си размислам како е најдобро. Ако имате вие совети, препораки, слободно пишете:)

    Пополека ќе си збирам информации у некое тефтерче и од Нова година ве држам со нови сили.:D
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mim1mi

    Mim1mi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2023
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    112
    Ун диета држев од јануари до април годинава. Здраво е тоа што храната е разделена, во смисла не се лупаат месо, со компир/ориз и пола векна леб. На дневно ниво не се внесуваат сите потребни нутриенти. Ефект има, кај мене -20кг за 90 дена со физичка активност, 3 пати неделно. За диетата ти треба волја, затоа што има кризи за благо во денови кога не е дозволено и за храна во овошен ден. Килограмите почнав да ги враќам после 6 месеци, затоа што не внимавав, се прејадував со чоколади, тесто и чипс. Во тој период качи 5-7кг. Сега повторно ја држам и симнав 4 кг за месец дена. Јадењето 2 овошки на утро, а потоа веднаш на ручек е погрешно според мене, ама организмот веќе ми функционира на таков начин.
     
    На Puellapulchra му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.199
    Допаѓања:
    139.529
    @Puellapulchra личен тренер според мене не ти треба, на диета фокусирај се, за слабеење таа е најважна. Вежбањето помага, ама 70-80% е диета. Има доста нутриционисти по социјалните мрежи, даваат добри совети. Јас следам неколку, на nutriwell.mk советите најпогодени ми се.

    Денес изедов многу. Сѐ беше здраво, ама количински претерано…
     
    Последна измена: 2 декември 2024
    На Puellapulchra му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.643
    Допаѓања:
    7.863
    Пол:
    Женски
    Фала ти на препорака, ќе го разгледам профилов убаво, ко ќе имам време:D
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    3.702
    Пол:
    Машки
    До кај си со внесот на чист протеин
     
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.714
    Допаѓања:
    168.520
    Пол:
    Женски
    Појадок: салса со јајца и потпечен леб со путер (од прилика јајце и пол, скоро две, од кокошка "влезе" и едно од потполошка) и лајче павлака. Станав со желба за салата: марула, крастајца, кромид, маслиново масло, сол и малку киселина. Цел ми е киселината да ја заменам со лимон. Многу сакам кисело и тешко ми оди.
    AirBrush_20241202114545.jpg AirBrush_20241202114556.jpg
    (Утринска) Ужинка: цеден сок од цвекло, морков, јаболко, мандарина и портокал, турско кафе и чај од брусница. Се ова горко, не додавам никаков засладувач.
    AirBrush_20241202115110.jpg AirBrush_20241202121251.jpg AirBrush_20241202143227.jpg
    Ручек: грав со веге колбаси и ориз со микс зеленчук внатре и кришка леб. Периодов сум опседната со цвекло така да и цвекло.
    AirBrush_20241202114612.jpg IMG_20241202_152906.jpg
    (Вечерна) Ужинка: денес посегнав по неколку смоки и пак цвекло. Дали е паметно толку цвекло? Сигурно не. Ама ми е моментална хиперфиксација. Јас сум само среќна дека не изедов цела тегла.
     
    На Thirlwall<3, H.VAGA, penelope10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.001
    Жити сè дај сликни табелата да видам шо калории и вредности има, што те тера да се мислиш дали претеруваш со цвекло. :wasntme:

    Иначе (ова нема везе со тебе демон, само ме инспирира со цедениот) додека сте во фаза (значи не доживотно, само фаза) на слабеење не би "трошела" калории на течности, подобро е да јадеш нешто, за да бидеш сит. Пошо глеам често се пие смути место оброк, тоа е само пропуштена шанса за тие калории да јадеш, течностите не држат ситост повеќе од саат време.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.