Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. In4efinche

    In4efinche Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2024
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Ne fala Bogu nemam nikakov problem se mi e ispitano i se mi e dobro osven shto mi kazaa da vnesuvam poveke proteini ama aj si rekov ke prasham sepak. Ti blagodaram.❤️
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.199
    Допаѓања:
    139.529
    Јас не сум за екстремни ограничувања. Ниту многу храна, ниту без храна не е здраво. Јас сум повеќе за полесна, а подолготрајна опција, само на долг рок има успех со здрави навики.

    Овој пост е полесен од Велигденскиот, многу работи се дозволени, без масло се само некои денови, на линкот ги има.

    За велигден три дена после Прочка се само на вода, ама мислам дека тоа е многу тешко за активни луѓе кои работат, учат, се движат…
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    Денес бакрдан со посно сирење. Кришки тонус леб со намаз од зеленчук и мало парче торта посна.
    Протеински шејк.

    Денес некако се изнервирав од тоа што не си зготвувам нешто повкусно и поубаво. Дајте ми идеи за оброци.
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.199
    Допаѓања:
    139.529
    И јас сум катастрофа со оброци. Минатиот пост ептен уживав, сега не знам што ми е проблемот.

    Еве неколку идеи за посни ручеци:

    - врап со грав, пченка, маслинки, млад кромид, марула, гвакамоле или друго сосче
    - chickpea and spinach curry на Пинтрест најдов рецепт, многу вкусно
    - ориз со праз и сос од домати, јас и сусам знам да додадам, сусам можам 24/7 да јадам
    - Брокула со печурки е исто многу вкусна комбинација.
    -Мешан зеленчук, пропржен на крај, од замрзнатите има многу комбинации, има едно и со киноа
    - манџиче со компир, морков и грашок
    - стандардните грав, леќа, спанаќ со ориз…
     
    На FierceFemme_ и theowndemon им се допаѓа ова.
  5. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    Деновиве ми е многу лошо, поднастината сум и некако мислам дека нејадењево ми влијае лошо бидејќи не внесувам доволно нутриенти, имав вртоглавици често за време на вежбање, размислував и за да го прекинам постот, но упорноста во мене не ми дава. Почнав да внесувам повеќе вода, при долго нејадење да внесувам електролити.
    Денес каснав пак парче торта малку, ми требаше малце шеќер, потоа си направив салата од домат и пиперка и лукче (како макалица нешто само без масло), тонус леб (не се ограничувам бо тонусот воопшто, колку ми се јаде јадам бидејќи има добри нутриенти), посен мајонез (порав да го прекинам постот без масло) и едно парче посен кашкавал.
    Планирам да испијам протеински шејкови, чаеви многу и многу вода.
    И би каснала уште чоколада црна.

    Тоа е за денеска, ме интересира дали вам ви се има нешто случено слично, па да приметите дека не сте јаделе одреден тип ма храна, мислам и дека можно е железото да ми е пониско, бидејќи сум и бледа малку.
     
    На christinnn и Ariel им се допаѓа ова.
  6. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.001
    Направи си супа со многу зеленчук, па изрендај свеж ѓумбир и бибер, за настинка нема подобро. Исто зелен чај со мед (само не знам дали е дозволено мед при постење).
    Можеш пред вежбање неколку урми да изедеш, да ти даде итна енергија.
    Земи си од оние ќесињата млад спанаќ, па само додавај по шака-две во оброк.
    Мој совет е да не се ограничичуваш со зеленчук и овошје, кај глеаш помалце калории да внесеш, кај постиш, па уште и да се мислиш за з. и о.

    Идеи вака ќе нафрлам што ми текнува:
    - паста со посно песто, парчиња свеж домат и благи црни маслинки;
    - печен сладок компир, плус салата од повеќе вида свеж зеленчук, наут и семки од сончоглед;
    - бургер со "плескавици" од компир и тиквици;
    - мусака со тиквици, плус ферментирано цвекло;
    - палачинки од црвена леќа, премачкани со хумус и кисели краставички;
    - потпечен карфиол со помали цветови, па умацан во барбекју сос, додаден врз сварен ориз;
    - тава потпечен ориз со спанаќ, со салата од свежа тиквица, виолетов кромид и копар;
    - пропржени печурки во веган хопла и кари зачин, додадени брз варен ориз;
    - посна проја со блитва;
    - паста со прелив од изблендирана варена брокула и веганска хопла (има во дм);
    - гриз правен со веганско млеко, избендани урми претходно стоени во жешка вода и какао;
    - варен булгур со сос од домати во конзерва пропржени со многу црни маслинки и босилек зачин (или само со некој сос за паста);
    - варен булгур со мед, парче овошје и шака било кои несолени јатки;
    - паста со пропржени печурки и брокула во соја сос, па наросени пржени искршени кикирики;
    - лепче испечено на маргарин (јбг) на тавче, па премачкано со мед и смачкани замрзнати малини;
    - брауни напраено од смачкани банани, путер од кикирики и какао;
    - густо сварена леќа со моркови, па додадена врз сварена киноа;
    - потпечена тава со боранија и моркови, плус томатело и веган хопла;
    - овес, веганско млеко, исецкано јаболко или круша, и цимет, потпечени во микро;
    - сутлијаш направен со веганско млеко со ванила, плус додадено малце ванила арома и избендани урми претходно стоени во жешка вода.

    Не ми текнува друго.
     
    На Marsi*, Belo krilo8, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  7. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за советите, ќе те послушам за супата и ќе применувам повеќе зеленчук и овошје, особено спанаќ. :l:
     
  8. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    Денес се мерев на вага имам 76кг |(
    Мислам дека варирам во килограмиве дека пијам протеини и вежбам со тежина, така да можно е да добивам на мускулна маса.

    Денес риба со лукче и лебче и салатичка. Мандарини, коцка црно чоколадо, греано винце и многу чаеви :inlove:
     
    На Ariel и malerozna им се допаѓа ова.
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.199
    Допаѓања:
    139.529
    Ни мене не ми оди слабеењето. Стагнирам, никако да намалам калории, секој ден имам 200-300 повеќе од планираните.
     
  10. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    Денеска не знам можно е да претерав, не избрројав калории.

    Поручек протеински мусли со овесно млеко, околу 50-60гр.
    Ручек, 2 сарми, посен мајонез и кечап и едно посно пециво со маслинки, и две кришки тонус леб.

    Тоа е за денес :inlove::*
     
    На Ariel и malerozna им се допаѓа ова.
  11. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    Денес протеински мусли со овесно млеко. Ручек сарма со 2 кришки тонус леб и салата со пиперки и домати. 2 коцки црна чоколада
     
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.199
    Допаѓања:
    139.529
    Конечно ми се погоди чиа оброкот. Прв пат да го направам како што треба (facepalm).
    За ручек остатоци од посна слава. Ќе има и за утре риба, другото се изеде…
    Е на крај едно лепче со крем од лешник и какао… не бива без пороци да помине денот (facepalm).
     
  13. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    Денес си направив посна пица, денеска ќе одморам и од вежбање.
    Почнав да пијам и кока кола зеро, како за да се поднапијам кога сум гладна. Па ми помага за да го сузбијам гладот. Инаку никогаш не сум пиела кока кола. И коцка црно чоколадце и многу течности.
    :inlove:
    Апдејт за мерење во петок ќе пишам, тогаш ќе се мерам
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.199
    Допаѓања:
    139.529
    Денес пак чиа пудинг со путер од индиски ореви, боровинки и ореви.
    За ручек риба со зеленчук. Леле еден убав смрзнат зеленчук што најдов, секој ден би го јадела.
    IMG_9512.jpeg
    За утре си направив едно манџиче со наут, спанаќ и еден тон зачини, едвај чекам да го изедам. Имам и уште од чиа пудингот за доручек, мераци сум. :inlove:

    Малку сум ослабела, околу 1.5 кг, ама реално овие ги имав качено деновите пред да почнам со постот - стандардна замка, да си каснам пред да почнам да внимавам. Важно, почна полека да оди надоле вагата. Плус, многу уживам во посната храна.
     
    Последна измена: 10 декември 2024
    На H.VAGA, mareane, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Annniee

    Annniee Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2021
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    10
    zdravo na site
    za vreme na bremenost se zdebeliv 20 kg
    vednas spustiv 11, 9 mi ostanaa visok
    svesna sum deka sum mnogu popravena, ne izgledam dobro imam strii, holesterolot mi e pokacen trigliceridite a nikako ne mozam da se motiviram da pocnam zdravo da se hranam da pijam caevi
    2-3 dena ke bide ok i sledniot den se vrakam na staro
    preku den ok ke pominam, dojde li vecer celata nezdrava hrana ja pikam vo usta
    kazete nekakva motivacija za slabeenje, kako da ne go pravam ova …
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.643
    Допаѓања:
    7.863
    Пол:
    Женски
    Јас кога не сум на диета, ми помага интуитивно јадење да не се здебелам. Ова значи, си јадам колку сакам, кога сакам, само едина цел ми е да не се прејадувам.

    А и нормално е во трудноча да качиш кила и да ги спуштиш. Кај сите жени е така. Полека, не се оптеретувај со строги диети, посебно ако ти е сè ова тазе. Нормално е телото да претрпи промени. Има време да си дојдеш до идеална тежина, не се оптеретувај премногу.

    Само што и да правиш, не се изгладнувај. Со строги диети и премалку калории, само штета се прави. Лично имам направено таква грешка.

    А за стриите, и јас иам стрии, цел живот, па што, си ги сакам. Ќе се среди, сигурно постојат некои креми за мачкање:?:
     
    На Ariel и Sweetymk им се допаѓа ова.
  17. SeñorPink

    SeñorPink Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2024
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Машки
    Сакам да изедам вол моментално.
    Муабетот за стриите, маж сум, имам стрии на раце, рамења, стомак, нозе и колена. Не се замарајте.
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ArtemisSs

    ArtemisSs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2021
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    Zdravo na site, i jas so vtorata bremenost se zdebeliv edno 17 kg.. Eve posle skoro 5 meseci od poragaj resiv so mojot rezim na slabeenje sto go drzev i posle prvata bremenost i imav mnogu rezultat i bez jojo efekti. Proteini, pilesko, riba nema leb nema blago nema sokovi jas samo vaka mozam da teram. Broenje kalorii mi e nekako complicated i ako ne se drzam strogo odma znam da lapnam nesto so ne treba...taka da za mene samo strogo i sekako vezbanje :)
     
  19. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    Хелоуу грлс.

    Вчера си дозволив малце прејадување, еднаш, изедов зеленчукова паштета со лебче. Ама ако, морам да се навикнувам и на такви моменти, но секако да се што поретки.
    Денес си зедов посно гравче во козерва од кам, многу убаво. Обично не практикувам храна во конзерви, не ги сметам за здрави. Си направив и салата со туна, посен мајонез и краставица, ама малку каснав од неа. И 4 кришки тонус леб, многу се навикнав на тонусот. Мислам и дека е одличен избор за повеќе нутриенти и растителни влакна, особено за време на пост.

    :inlove:
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.714
    Допаѓања:
    168.520
    Пол:
    Женски
    Ако имаш потреба да бинџаш на вечер или по максимум три дена - не јадиш доволно. Полека намалвај количината и менувај квалитетот на храната која ја јадиш. Зошто само мали и бавни промени се трајни, не се носи телото во шок и не се нервираме и фрустрираме ментално и како резултат можиме да останиме подолго време доследни. За почеток не се прејадувај, ете и погоре то ти спомнаа - то ти е веќе намалена количина на храна. Следно ќе смениш на некој оброк нешто нездраво за нешто здраво (пр. место помфрит пржен, можи во фраер или печен компир итн). И ќе стигниш со намалвање до негде пред пак да стагнираш. После пак ќе смениш нешто нездраво во здраво, плус физичка активност, ќе видиш дали треба пак малку количина да намалиш на оброците. И така полека ќе си ги смениш навиките за подобро.

    ---

    Јас не бев дома и ме мрзеше детално да пишам шо јадам ко шо си знам да си бележам. :D Вчера пак се вратив со пишење ама не препишвам, дирек со слика ќе влезам:
    Screenshot_2024-12-11-22-30-49-938_com.miui.notes-edit.jpg
    Најтешки ми се три дена кога морам х2 ап да пијам и со то значи морам да јадам рано на сабајле и касно на вечер. |(Башка денот ми е слаб на протеин зошто вкус ми немаше печурката и полжавот. Со неколку залаци ѓеврек турнав. Зато денес поќе на то фокус ќе клам.

    Најрано јадам околу 12 во нормален ден, вечерам до 7. Зато вчера пробвав многу мали оброци на неколку сати разделени. Мислам дека поголеми оброци ко ќе морам да јадам во толку голем прозорец нема да функционира ама зато денес ќе пробам. За појадок имам напраено овес со овошје, за ручек ќе прам лосос со зеленчук печен (корени: жолт и сладок компир и морков, ама ќе размислам да видам шо друго можам да измешам) и за вечера пак саде спанаќ со салата.

    Уште утре толкав прозорец за јадење и после можам да не јадам пак до 12, ко шо ми е нормално за телово. :D
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.