@theowndemon многу детално За појадок чиа пудинг со 300 чуда, како ми се погоди, мераци. Немам за утре, ќе сменам нешто, да не правам за ден ден. А би јадела секој ден . За ручек вчера пица со готово тесто, доматно пире, печурки, спанаќ, маслиново и семиња. Спанаќот вишок беше, другото беше супер комбинација. Денес за ручек нешто морско на гости поткаснав, со две парчиња леб. И плус дома од убавото манџиче со наут и спанаќ. Среќа домашните не ми го сакаат, па си го јадам со денови. Е вечерва начекав некои кикирики на маса, многу беа убави… и калорични
Утре планирам да го пробам рецептот со наут и спанаќ Денес сабајле рано извежбав, пред тренинг банана и чај со лажица мед. После тренинг протеин со овесно млеко. Ручек грав чинија со 3 кришки тонус леб. Потоа 2 кришки тонус со кечап и малку хумус. (Не бев донајадена а немав ништо вкусно ) и чипс и црно чоколадо. (Чипсот не ми требаше ама тоа е, мислам дека сепак не претерав со калории.
Ми се допадна темата на @MissChievous за оброците, некако најмногу таму припаѓам со моето бележење храна. Ама сакам со се слики за таму и оти немам од се вчера еве уште денес тука ноут слика:
Ништо од наутот и спанаќот, не најдов време да го спремам. Поручек протеински мусли со овесно млеко. Потоа после тренинг протеин до овесно млеко. И потоа чинија грав со тонус леб и маслинки. Црно чоколадо
Јас вчера за појадок овесни со какао, боровинки, ореви и мед. За ручек едбо манџиче и после тоа уште еден голем тањир макарони, детево јадеше, што ми требаше, не знам . Морам повеќе салати да јадам. После работа ил не ми се прават, сакам само да ја стоплам манџата и да јадам, а од претходен ден салата не се прави. Ама ќе морам да се натерам да правам после работа, 5 минути работа е.
Денес четврти ден ако го рачунам вчера. Првиот ден имав за појадок две варени јајца и двопек. Ручекот стекче, грил пиперки и салата од краставичка и домат. Ужина-јаболко Вечера- грилован стек и салата од зелка и морков . Вториот ден појадокот ми беше двопек и туна Ручек- манџа грашок со пилешко и зелка салата Ужина мандарини Вечера повторно грашок манџа. Вчера петок постам па малку имав отстапка - за доручек овесни со банана, Ужина- банана Ручек ѓеврече, хумус краставичка и маслинки. Повторно јадев кога си дојдов краставичка и туна И потоа малку лепче со пржени компирчиња - тука ми беше киксот ама што да правам кога сум на пост сум цел ден гладна. Денес се мерев минус 2 килца. Појадок имам двопек со пилешки гради домат и краставичка. Ужина овошје киви и мандарини Ручек - грашок манџа Вечера - сирење со салата.
Можеш да изрендаш посебно зелка, посебно морков, посебно цвекло, и секое посебно да ги спакуваш и одозгора да им ставиш салфетка, и во фрижидер ќе стојат со денови, само ќе си земаш колку сакаш кога сакаш, и тогаш ќе зачинуваш. Исто така се продаваат во ќесе измиени бејби спанаќ, рукола и микс од зелена салата. Ист третман, обавезно салфетка во ќесето, не ги виткај ќесите да има воздух, да не се згмечени листовите, и држи ги во фиоката во фрижидерот.
Денес планирам риба да јадам само. Се мерев денес, 75,5 кг. Претставуваам дека сум исто бидејќи сум пред добивање (се тешам некако)
И мене почна да ми смета на желудник, па прекинав да ја јадам. За ручек јадам пастрмка, полесна риба, нема. Друго ништо не јадам од риби, сега за сега. А ко опција можеш да пробаш туна од друга фирма. Или да го истуриш маслото, сум приметила дека ми е од тоа потешко. Но ако ти смета самата туна ко туна, не ја јади. Има кај нас во маркет еден куп други врсти риби за спремање.
Од утре се ставам на режим... деновиве јадев емоционално, ептен лош декември... Тежина може да варира од 10 различни работи, повеќе сол, повеќе јаглехидрати, повеќе вежбање, сите може да ти турат кило ко ништо, ама водена тежина. Јас по силни тренинзи сум имал 2-3 кила плус наредниот ден ако сум се превежбал, особено поголемите мускулни групи. Не се секирај Ако сакаш реално да следиш тежина, избери време кога се мериш, мери се секој ден, правиш неделен просек и споредуваш просекот од оваа со просекот од минатата недела.
Ништо овие дена и јас се прејадувам емоционално, многу сум под стрес. Пробувам да се воздржувам максимално колку што можам ама не бива. Си велам од утре ќе се обидам малку да се подвоздржувам повеќе, да не заминам во екстреми.
Денес успеав да скратам малку со храната, јадев посно гравче со црвена пиперка малку црно лебче, за ручек салата (цвекло,зелка,морков,домат) за вечера едно парче црно лебче со ајвар и јаболко. Се чувствувам лесно и храбро се надевам дека ќе се ставам на ред, инаку отиде килажата. Бидејки е време на пост, најмногу искушение доаѓа од храната но има доста вкусно и посно.
Hello Нова сум на форумов, највеќе и заради темава се зачленив. Поминаа 10 месеци откако се породив втор пат... Првиот пат пред 4 години, лесно се вратив, овојпат потешко иде, имам 25 кила вишок. Појадок 40 гр корнфлекс 250 мл јогурт 1 лажичка чиа Ручек: леќа манџа и салата Вечера: пак салата Утре се мериме?
Ден среда, среќно Вагата ми покажува минус едно кило. Не вечерав вчера, а денес на мени 9:30 Појадок: две кришки тонус леб намачкани со лажица ајвар, две јајца на око и 3 маслинки. 13:30 Ручек: остатокот од леќата (не ми се фрлаше) и 3 кисели краставички 17:30 Вечера: печено пилешко со сенф и мед и неколку компирчиња + мешана салата
Јас не држам диети али да се пофалам, стигнав до 68 кила. Сега се мерев, толку сум. Анксиозноста си го прави своето. Пред да ме фати анксиозноста, и со диети и со вежбање неможев да мрднам од 70.
Секој организам е различен Јас откако ја фатив анксиозноста, декој ден јадам леб и благо. И пак ослабев. Тоа е тоа, нервози и стресови. Али полека се оправам, страв ми е пак да не накачам килца