Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Belo krilo8

    Belo krilo8 Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2024
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    И јас нешто слично
    И јас слично нервоза дури 10 кг симнав сега под 70 никако дури и за време на пост, со посна храна но смирена сум и вака многу ми е добро па макар и со вишок кила.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.178
    Допаѓања:
    139.119
    На пинтерест го најдов, chickpea spinach curry.
    Запржувам кромид, лук, морков, додавам сос од домати, кокосово млеко, наут од конзерва или тегла и 5 минути пред крај спанаќ. Зачини: сол, бибер, кари, ѓумбир, куркума.
    Мх, мх, мх, што би рекла Алачки :D.
     
    На Chilli, Ema.Sk и simoncelicius им се допаѓа ова.
  3. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.178
    Допаѓања:
    77.326
    Пол:
    Женски
    Ооо се развила дискусија, а мене никој не ме пинга.
    Хелоу, јас сум Малерозна, за оние што не ме знаат, минатата година ослабев 35 килца :muscle:
    Е сега, дури јадев тоа што треба се држев на ок килажа добри 10 месеци.
    Ама, продолжен годишен одмор, јадење што не треба и пак успеав да накачам.
    Амааа :D последниве две недели сум на строга диета и намалив 6 кила (lalala)
    Имам уште некое килце до посакуваната килажа, така да ич не ми е криво што уживав, се изнајадов благо секој ден, уште од пиле млеко што не каснав 8-|
     
    На kikikikirika, Ema.Sk, Ariel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.611
    Допаѓања:
    7.717
    Пол:
    Женски
    Дали се слабее со 2000 калории дневно? Плус вежбање на орбитрек пола саат? Или многу се? Да намалам на 1500 у комбинација исто со орбитрек? Или тие малку се?

    Не ми е битно на мене брзо слабеење. Сакам здраво да бидат симнати тие килограми, за време, ќе биде кад-тад.
     
  5. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.178
    Допаѓања:
    77.326
    Пол:
    Женски
    Ако ти се калориите од месо и зеленчук, секако дека се слабее.
    Јас така ослабев.
    А така и одржавав килажа.
    Е сега ко јадев и јаглехидрати и благо, качив. Ама сама сум си крива
     
    На simoncelicius, Mumoftwo30 и Puellapulchra им се допаѓа ова.
  6. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    957
    Пол:
    Женски
    Дали може да споделиш како?
    И јас имам за слабеење 35 кг
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  7. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.178
    Допаѓања:
    77.326
    Пол:
    Женски
    Ама зошто дури сега го гледам постов :drunk:

    Строга диета сесре.
    Имам пишувано во темава.
    Избегавав да се сликам после ковид локдаунот, знаев дека бааѓи сум поправена, ама секогаш кога почнував диета, ме држеше два месеци, слабеев 10тина кила, си викав ок сум сега и пак почнував "по старо" со јадењето.

    Е, се така до јуни 2023.
    Почнав нова работа, конечно си купив нови алишта, 16ка нормално. Пред тоа, не сакав шопинзи, се убедував дека "ќе ослабам" и нема потреба 16ка да купувам.
    Аха, обавезно :tmi:.
    И така, тој ден, си тргнуваме од работа со колешка, ама јас се враќам назад да се поздравам со другите што дојдоа на смена, нешто се глупиравме, се смеевме, и оваа фатила да ме снима, јас не ни видов.
    Одам на воз, ми го пушта видеото.
    Ко се видов на тоа видео, сфатив дека ситуацијата ми е алармантна.
    Уште наредниот ден почнав со диета.
    Ќе ја наречам кето диета, дека беше без јаглехидрати.
    Еден куп месо и зеленчуци, секој ден, после 6 недели почнав и теретана и терав стога диета дури не симнав 25 кила. После малку се опуштив, ама тоа не е за мене.
    Килограмите ми се враќаат со брзина на светлината.
    Па така продолжив со диета дури не спаднав до 63 кила. Сакав и уште, ама сите почнаа да ми викаат дека сум преслаба, бледа (знам дека ме лажеа (lalala)) и престанав со диетата.
    Сега сум 70 :$ ама два месеци буквално јадев што сакам, благо секој ден, пици, пастрмајлии (се давам за пастрмајлија)

    Кога ја почнав диетата, само сакав да видам 69 на вагата.
    Е сега сакам 59.
    Само што ова е трка, не е шпринт, туку маратон.
    И се прават грешки. И тоа не е страшно, нормално е.

    Намали јаглехидрати.
    Ако мене ме прашуваш, полесно е нагло да престанеш да ги јадеш, наместо полека. Барем кај мене тоа не функционира.
    Еве сега 1 месец немам каснати благо.
    И не е ништо тоа. Имав период од 4.5 месеци кога ич не каснав јаглехидрати ни шеќери.
    Знам дека можам пак.
    Подобро сам да бираш да не јадеш, отколку да се доведеш до ситуација да не смееш да јадеш.
    Имам инсулинска резистенција.
    И сега да си продолжам по старо, за некоја година ќе сум дијабетичар.
    А тоа не го сакам.
    Затоа бирам што јадам.
    Е сега нема нутела, ама јбг.
    Дозата за овој живот си ја изедов во рок од неколку години ;(

    Се расприкажав јас :D
    Значи диета со месо и зеленчуци.
    Јади колку сакаш.
    За 1 месец гарантирам дека ќе симнеш барем 10 кила и ќе се чувствуваш многу поубаво
    :bow:
     
    На Ariel, Ema.Sk, Hoping и 2 други им се допаѓа ова.
  8. TinnaMinna

    TinnaMinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    458
    Пол:
    Женски
    Предложете ми некои јадења со двопек
    И може доручек, ручек , вечера да ми биде двопек со нешто плус?
     
  9. Bubiška

    Bubiška Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2021
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    484
    Пол:
    Женски
    Тука сум и јас (facepalm),ама немам ништо ново да кажам.Знам дека го достигнав врвот со кгр. ама никако да почнам,се е од утре(ама кое утре):x.Се надевам сега во новата ќе се опаметам и ќе почнам скоро со некој режим на исхрана.
     
    На Ema.Sk и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  10. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.215
    Допаѓања:
    8.283
    Пол:
    Женски
    Какво месо јадеше? И за доручек што внесуваше?
     
  11. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.178
    Допаѓања:
    77.326
    Пол:
    Женски
    Највеќе јадев телешки стек, дека ми е омилен.
    Може секакво месо и риба, јајца, сирење, кашкавал.

    За доручек се знае, варени јајца :drunk: :tmi:
     
    На Hoping му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    957
    Пол:
    Женски
    Си била истрајна и си успеала, браво, тоа е карактер.

    Јас благо можам и да не јадам (дури и во пмс) ама чипсови, сокови е тоа ме убива мене.
    По месото не сум многу, јадам не дека не ама не го обожавам нешто и неможам често да го јадам. Меѓутоа, во право си, еве јас би можела јајца, јогурт, сирење, чат пат месо и зеленчук и овошје.
    Само што целата работа е карактерот, кога тој не е среден џабе е све. Јас не сум ни почнала па ни стигнала до -10 кг зошто и тоа е успех и тоа огромен.