Намерно ја одбегнувам темата , срам ми е да пишам што ли не јадам деновиве ! Наместо построг режим на исхрана за да се вратам на посакуваната тежина, јас упорно јадам како да имам за цел да се дебелејам а не да слабејам! Срам сум, катасрофа! Вечер сама ќе си направам штос,замка во која ќе се фатам Планирам да го облечам(или само да го пробам)омиленото тесното фустанче за да се видам колку понеубаво ми стои вака со вишок 3кг и да запнам да слабејам! Знам дека само лошата слика на огледалото може да ме свести! Па стига се криев во ,,добрите,, алишта! И да...вечер планирам да не вечерам,па ќе видиме до после!
Мина зошто толку нервози? Ајде бре што се 3 килограми.. ке ги снема за две недели што се вика. Не се прегладнувај ти преку ден, затоа навечер го дополнуваш оброкот, за тоа преку ден што не си го изела. Гледај да не одиш и да се враќаш со такси од работа или пак на пола пат да те остави, па да пешачиш. Немој толку нервирање, за 3 килограми. Па некој овде има вишок тродупло вишок Spoiler како мене .. па што да каже? Ајт те молам, брзо ке ги симнеш и вака си сигурно згодна цурица.
Фала на подршката срц, искрено ми треба ! Ама не е до пешачењето, напротив по цел ден сум на работа деновиве и плус цело време сум на нога, а и секогаш пеш се враќам (совен кога дечко ми ќе ме земе со кола) Проблемот е во тоа што на одморот се опуштив со јадењето и плус не запирам сега кога се вратив! Деновиве јадам скара, па пица, па сендвичи, па тестенини, пезаааа суммм! Ама крај,реков јас, запирам и точка! Еве сега пред 5 минути одбив да излегувам на вечера со другарките оти знам дека многу јадење ќе се порачува! Решена сум да го тргнам вишокот на стомакот а у принцип сум тврдоглава џенцка па се надевам инаетот ќе ми биде од полза овојпат! Уште еднаш фала на советот и подршката
Јас си се држам по ун диетата. Не забегувам нешто многу. Не зумбам, некако немам мотивација за тоа, ама се префрлив на пешачење секој ден по саат, два. Не сум се здебелила, ама не сум ни ослабела нешто многу, нема везе, сега ми е ок само да не се здебелувам
И после 2 недели, поточно 16 дена внимавање, се уште ни грам немам ослабено. Веќе и кренав раце. Не дека се изнамачив, ама благо ептен редуцирав, во 16 дена 3-4 сладоледи имам изедено и тоа е се, а порано јадев секој ден барем по еден, плус уште нешто благо. Ручекот ми е со многу салата, не се прејадувам, не јадам гевреци сабајле туку јаболко, и се чудам како може да не ослабам ни грам. Никако да се качам на орбитрек, ама сега не ни планирам веќе. Веќе не бројам калории, и не планирам да се мерам - само едно пред одмор чисто ради евиденција на случувањата пред одмор. Ќе продолжам со јадењето како што почнав, и да сум жива и здрава. Ама да чувствувам грижа за еден сладолед веќе не си дозволувам, болно е, особено на овие години. Резултати мора да има, па макар биле и за 6 месеци, ќе ги дочекам.
Еве сум и јас! Последниве месец дена сум... банда без команда. Јадам што сакам и колку сакам, ништо не пазам, и на одмор така, пред да отидам бев едно кило плус, сега не знам колку сум, сеедно, не се осеќам ослабено. И секој ден така си терам, и секој ден си викам од утре пазам, и никако да почнам мамицата. Не дека ми фали мотивација... доволно е да помислам на први септември и на одредени реакции и ми оди да рипнам и да трчам цел ден и ништо да не јадам... ама брзо ја снемува мајчината. Не, озбилно, од утре продолжувам пак со диетата на Ирена. Денес се изнајадов. Малку лиснато и пола пирошка за појадок, ќофтиња од тиквичка, варен компир и филети за ручек, вечерва сирење на скара... каша попара. Аххх дај ми сила Господеееее!!!!
Јас порано многу јадев дури од дома ми викаа дека ќе сум си го проширела желудникот но сега повеќето роднини кои ме немаат видено подолго време ми викаат дека сум била ослбена тоа е добро!
Оддамна не сум пишала на темава, веројатно бидејки во последно време речиси воопшто не сум физички активна. Но ајде тоа да го оставиме настрана туку сакав да ве прашам дали постои девојка со сало на себе која има 60 килограми а е висока 1.66 сантиметри? Знам дека можеби е глупаво од моја страна ова прашање но ете сакам да знам, би ви била благодарна ако ми одговорите. И колку е здравата тежина за оваа висина? Инаку јас до крајов на август би требало да стигнам до некои 72 килограми и така ќе си слабеам до декември додека не дојдам до некои 55 клограми а целам накај 50.
Ја имам 60 кг и плус сум повисока од 1,66 и пак имам салце, посебно на стомакот и спојлерите Може може, ете
Веќе месец дена ја вежбам Синди Крафорд, стомакот ми се израмни, обемот на нозете ми се намали значи во обем имам доста намалено, се качувам на вагата или 2кг помалку или истата килажа. На исхраната внимавам според режимот на Ирена, ги држев сите водени денови од Месечевата диета и пак ништо. Кога ќе кажам колку кг. сум на никој не му се верува.
Jас од денес официјално си ја почнувам Ух диетата.Ќе се мерам секој понеделник т.е. еднаш неделно и така ќе ве известувам за резултати.Држете среќа,ќе ми треба Инаку вчера кокав на јаже околу 40мин и многу ја запнав левата нога,денес кога станав како саката некоја куцам еве цел ден,мускулот на листот ми е воспален до максимум....така да денес трчање слабо,ама ќе пробам како и да е
Јас од денес почнувам со одреден режим на исхрана, односно еве ке ви го кажам денешниот ден: Од сабајле доручкував геврек со јогурт, по четири часа за ручек ке јадам само пире без леб и без месо.. потоа одам да трчам(не знам точно колку километри) + заедно со вежби некои и за вечера ако ми се пријаде ке си направам салата. Е ај сеа некој нека ми каже дали би ми паднало некое килце со ваков режим? а?
Па би тербало,само нареден пат не мешај јх со протеини (ѓевреки јогурт),туку јади само ѓеврек,или некое празно лиснато,уствари за доручек можеш и блага кифла....ти држам среќа.Ја имаш мојата поддршка...ајде па чекам резултати
Јас не би ти препорачала пире од компир зашто само 2 супени лажици имаат 80кал. А најверојатно не би ти биле доволни само 2 лажици и би изела многу повеќе, а со тоа и кал. би биле многу повисоки.
Не се замарај со тоа вагата што покажува. Ти заради вежбањето си добила мускулна маса која е потешка од салото па затоа вагата малку покажува а обемот е намален. Само продолжи со вежбите не само што ке ослабиш туку и ке си го обликуваш телото. Со другарка ми сме иста висина таа е послаба на изглед а има 4 5 кила повеќе од мене ама она е стегната а јас целата се тресам ко пудинг
Нема подршка за мене овие последниве денови.Откако видов дека сум ослабена 10 кила си се опуштив малце си повеќе,не дека сум здебелени али си јадам повеќе послабо вежбам,стрв ми е да се качам на вага да се измерам да не сум попраена едно две кила.Али откако ке ми заминат гостите си се враќам на старо.Тогаш повеќе можам да се контолирам.
Абе ова диетиве биле таква глупост-три недели се мачам, јаглехидрати од сабајле, нема мешање протеини и скроб, забрането ова, забрането она...и што?ослабев две кила, па сега постепено си ги враќам...а ај у п.м. Вагава уште од сабајле ме налути, па сега ќе му седнам на тоа точакот и без најмалку еден саат вежбање не станувам.За инат на диетите, нека живее вежбањето!!
Има нешта кои ме прават среќна, а едно од нив е нутела со ладно млеко. И вечерва го посакав - и го имав. Јас сум среќна жена. Малите задоволства го прават животот. И големите де
Ова Ариел не би го ставила во темава за поддршка Инаку јас пак морам да се стегнам. Испадна една свадба, а и ќе има пак некој викенд за бањање, така да мешево мора пак да се смалува. И пак треба да зумбам, од тоа најмногу имав резултати. Зумба хир ај кам