Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Marsi*

    Marsi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2023
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    1.106
    Добро е пополека се собираме:D
    Поддршката е многу битна, со мене сега почна и маж ми колку толку да пази.
    Од него само стомак има, не е страшен тој бргу ќе го среди туку јас сум страшната.
    Се надевам до првиот роденден на малата ќе личам на нешто и ќе носам што сакам.:D
    Сега за сега тоа ми е најголемата мотивација.
    Вчера исто убаво истеран ден со исхрана и брзо одење на лента 45 минути.
    Мислев прво дали и 20 мин ќе можам, ама инаетот е поголем.:)
     
    На marchi-cool и malerozna им се допаѓа ова.
  2. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.462
    Допаѓања:
    4.403
    Да се придружам на групава.
    Со режим започнав пред 3 месеци скоро, одење во теретана порелигиозно од претходно.Одев и пред тоа ама со заебанции. Трчав додека беше времето топло. Во теретана почнав воглавном за ментално стање, не за физички изглед. Ама си викам кај одам, бар да видам некој резултат.

    Родив пред 20 месеци, трудничката тежина ја изгубив во првите 9 месеци постепено.
    Забременив со 77, на пораѓај бев сигурно над 95. Во март 2023 некако стигнав до 73, без пазење, ама со захтевно бебе. Како почнав на работа, килограмите се вратија и сега сум на неверојатни 82.
    Висока сум па не се ни познава, реално немам цел да стигнам до 60ките, доволно ми е да се вратам од 70-75, се повеќе од тоа не ми ни стои добро.
    Во теретана одам 2-3 пати неделно, еднаш кардио, и измеѓу дневни прошетки и возење точак до работа и назад.
    Ама вагата не мрда луѓе, закочена е на 82. А не јадам глупости стварно, оброците ми се балансирани и гледам да е повеќе на протеин. Шеќери избегавам, стварно не се трупам со благо, еднаш во неделата ако каснам нешто ептен ситно. Ама ајде ќе видиме како ќе оди, во план ми е да купам и план за исхрана, па доколку имате нешто слободно испратете.

    Со среќа на сите!
     
    На marchi-cool, Marsi* и malerozna им се допаѓа ова.
  3. Marsi*

    Marsi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2023
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    1.106
    Добро утро:f:

    Доручек и кафе завршени, сега ќе мислам што да правам за ручек.
    Вчера исто добро завршен ден, изодев пак 45 минути.
    Инаку кога почнувам абе уште на првите 10 минути ми се откажува:?:
    Па ми текнува колкава сум и продолжувам.]:)

    Исто како членката погоре, вежбам колку за физичкото толку и за менталното стање.
    По цел ден сум дома со две деца, од кои бебе од 4 месеци што спие само во раце.:nod:
    После вежбање се осеќам одлично!:punch:
     
    На malerozna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.182
    Допаѓања:
    77.359
    Пол:
    Женски
    Малерозна се пријавува на дневен репорт (highfive)
    Доручек преспиен :emo:
    Ручек, манџа со колбаси и зеленчуци :rock:
    Вечера, малку свинско :drunk:
    Среќа денес не бев нешто особено гладна.
    За месец ипол, 8 килца симнав. Уште 5 до идеалната килажа.
    После за до 59 ќе си гладувам :dance:

    За утре си зготвив зеленчуци и свинско.
    Тоа ќе се јаде два дена :devil:
    После ќе се префрлам на телешко :doh:
    Монотоно, ама мора така :tmi:
     
    На Ariel и senza.parole им се допаѓа ова.
  5. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.462
    Допаѓања:
    4.403
    Ајде да пишам и јас.
    Би сакала да го преспијам и јас доручекот како @malerozna, но син ми станува во 6:30 :D така да немам баш избор. За доручек денес овесна каша со чиа и протеин.
    Ручек туна сендвич со sourdough лепче.
    Вечера свинско со зеленчук.

    Ручек ми е околу 13, вечера околу 17:30-18.

    Денес и вежбав, час и половина, баш убаво ми дојде. Вагата е сеуште на 82.:@
     
    На malerozna му/ѝ се допаѓа ова.