Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    1.114
    кај мене неделава е таква-колку се убив од пазење вагата оди нагоре ???? :D:@оти среда? тима некое правило????? а што значи да намалиш обем а да да стош во кг? се нервирам.И дали да вежбам настината? дали е подобро или не?:emo:
     
  2. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    2.189
    Ако намалуваш обем а стагнираш со килажа значи веќе се формира мускулна маса,таа има поголема тежина од масно ткиво.
    Евентуално стагнација на вага може да зависи и од задршка на течности, особено околу циклус
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.195
    Допаѓања:
    77.428
    Пол:
    Женски
    Зависи тоа и од циклусот. Кај мене обично 1 претходно, безразлика колку "гладувам" вагата не мрда, или на инает иде нагоре.
    Имав недели кога јадев по 1000 калории на ден, а трошев со пешачење и вежбање над 1300. И вагата пак не мрда :drunk:

    Со обемот најлесно се мери слабеењето. Запишувај редовно и ќе видиш. Килажата иста, обемот се намалува, алиштата летаат околу тебе :inlove:

    Имав и личен тренер едно време
    Screenshot_20250124_113947_Gallery.jpg
    67 кила сум била тогаш :muscle:
     
    На DoubleK му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    1.114
    wooooow браво супер,баш ова ќе го применам чим викате од среда до среда.
    Мора да дојдам уште -10.А тогаш може ќе сакам и уште помалце ко тебе :D(hollest)
     
  5. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.195
    Допаѓања:
    77.428
    Пол:
    Женски
    Хахахаха
    Абе заборавив да пишам зошто среда.
    Пред некоја година тука на темава ден за мерење ни беше среда 8-|

    Терај диетата, движи се колку можеш повеќе, јас по 20 000 чекори одев секој ден :D
    Највеќе се слабее со пешачење. Не се изморуваш многу за да огладнеш, а лесно е.

    Пиши секој ден, баш си ми мотивација. Може и да се мериш, ама не се нервирај (facepalm)
    Најјака бев ко не јадев 48 саати и вагата ми покажа +1.4кг :whew:
     
    На DoubleK му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    1.114
    ц ц ц ц + 1.4? нешто слично сум овие дена.од понеделникот као фатив салам и како дојде петок кај мене +1.7 кг плус покажа сабајле :xарни? зоврев. плус станав толку настината одвај седам на работа. а утре сакам да вежбам. Ти блазесвам за чекорите.јас незнам дали во животот некогаш 20.000 имам зошто работам канцелариска седечка работа надвор од цивилизација 10 ч на ден плус по саат возење напред назад (n):puke:.отров сум ама упорна :D:devil:
     
    На malerozna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.474
    Допаѓања:
    4.468
    Која апликација е ова?

    Иначе и јас мината недела бев на 83, се вагав секој ден, вагата одеше 82,5, па 83, па пак 82,3 , па 83.
    Па решив да оставам неколку дена и еве последно мерење беше 81,3 мислам.

    Иначе помалце од 1200 калории дневно не се препорачуваат, тоа е некој минимум кој треба да се внесува за нормално функционирање на телото.

    А за кардио би ви препорачала одење на лента со успон, на 7-8-9 со средно темпо.

    Денес тренинг готов, за доручек младо сирење со овес, ручек бурито и вечера ќе видиме.
     
    На malerozna и DoubleK им се допаѓа ова.
  8. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.195
    Допаѓања:
    77.428
    Пол:
    Женски
    И јас седам на работа. Или лежам :$
    12 саати ми е смената.
    Затоа наместо да се возам, се симнувам две станици претходно и одам пеш по 30-40 мин :muscle:.
    Саатот ми го мери секој чекор, може затоа се многу чекори. А сега на ладново ни 1000 немам, дома си седам.

    На тренерот беше апликацијата, сфатив дека немам потреба толку многу да плаќам и му откажав (lalala)
    Ама мислам дека има неколку вакви што покажуваат обем и форма на телото, баш ќе побарам како се викаше.

    Се научив веќе што како треба, дека си малку храна не слабеам, освен ако не сум само на вода, неколку дена. Плус и зависи кој ден од месецот е (facepalm). Ако е од лошите, ништо не помага, освен вода :lol:.
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.