Да се самоцитирам. Заборавив да додадам дека извежбав уште еднаш во неделата. Половина час на орбитрек Прва недела извежбано два пати по 30 минути на орбитрек. Ко шо не вежбам ич, супер е. Оваа недела повеќе Среда кажуваме резултати. Повеќето веројатно и тогаш се мерат. Но јас, од понеделник на понеделник се мерам. Среда кажувам заради колегијалност И не се оптеретувај толку до ситница. Поголема е шансата така да прегориш и да ти се одмили и диета и све. Мене ко ќе ми се деси да изедам малку поише од планот или да се слизнам, следен оброк си терам ко ништо да не било Ај да пишам за денес. Понеделник - ден 8 Д: шунка, сирење, ајвар У: кафе У: супа Р: колбаси, малку помфрит, малку леб, и од страна сенф, мајонез и кечап В: 3 портокали, 2 кафиња Не извежбав, утре, вторник, то ест денес му доаѓа, планирам да извежбам
Да се приклучам и јас овде за дополнителна мотивација. Денес ми е 14 ти ден (минус 4 што бев на шетање ), така што почнувам од ден 1 пак. Доручек:2 Варени јајца, пола чаша јогурт, 4 маслики, краставица Ручек -копан со надкопан, Мало парче кашкавал, зелка салата Вечера- Таратор со 150г грчки јогурт. Извежбано пред доручек во теретана, стомачни и кардио (30 мин, 12 incline, speed 5mph на лента) Се немам мерено, ќе чекам до среда
Денес ќе прескокнам вежбање. Доручек: протеински пудинг, бадеми, кафе Ужина: мандарина, кафе Ручек: кето салата, црно чоколадо 30г. Кето салатата е од надвор, со марула, авокадо, пилешко, варено јајце.
Понеделник Д:Двопек со маргарин,2 јајца,пилешко филе У:2 реда чоколадо У:Нескафе ладно В:сарма со месо У:две колачиња
Не да е тешко, туку претешко! Кој немал мака со килограмите посебно кога се во волкав број, искрено неможе да свати. Кога и јас сама себе некогаш не се сваќам. Браво за тебе Си постигнала голем успех. Јас како знам за себе имав вишок килограми, во средно успејав да ослабам премногу и си ја оджував килажата. Премногу се оптеретував и гладував, нездрав поглед кон исхраната. Имав некаде под 60кг, а сум доста висока и мислев дека сум дебела Следно за свадбата исто се стопив, ама џабе беше маката месеци на хроно кога после свадбата за брзо си ги вратив. После ме следуваа спонтани, па испитувања и сето тоа влијаеше многу на мене. Фала му на Бог сега си имам две дечиња износени со многу инекции и мислам време е стварно да се посветам на себе и моето здравје и за нив да бидам добра мама. Убаво велиш ти ваква килажа не се симнува за брзо време, а јас со тоа се оптеретувам сакам што побргу. Децата ми настинаа и пак погрешив со исхраната Маж ми е во право и 3 кила минус да одам месечно, пак е напредок. Подобар избор на храна и се надевам некогаш ќе стигнам до целта. Денес се враќам и на лентата, 4ри дена немам вежбано. 30-40 минути се надевам. Денес за доручек Пиперки и 3 јајца пропржени на малку масло, неколку парчиња домашно димени пилешки гради, шери домати и парче црн леб. Ужина јаболко Ручек уште незнам точно. Може мелено пилешко си малку ориз и салата. За вечера ќе видам како ќе сум гладна.
Ќе биде ајде. Колку луѓе ослабеле, ехе, нема ни прва ни последна да бидеш. Само желба и упорност за слабеење. Држете се, јас 8-ми ден терам, ви праќам виртуелна поддршка на сите од темава. До лето, таман за на одмори мачки и пол ќе бидеме
Јас терам наводно режим, ама немам време да пишувам тука. Од петок и со вежбање ќе почнам лека полека...
Ќе биде да ама дефинитивно само упорноста се исплати. Јас ќе се залетам 10 дена строго и таман ќе исфрлам водата ќе се издишам и доаѓа викенд и се ми пропаѓа во вода. Почнав сега од 9ти, да не правев вакви киксови и тоа по 2-3 дена, ќе имав резултат. Сепак решив по мое ќе терам и да јадам повеќе на почеток не е страшно. Накјвеќе ми фали во главата да средам знам! Инаку измена за ручек, т.е ме фати меѓу ручек и вечера. Испеков кокошка цела и јадев од копанот со надкопан, шопска салата и парче црн леб. Вака терав после породувањето и имав повеќе резултат, него сега што сакам од многу работи да се лишам и ја зезнувам работата. Треба и да ми дојде, целата сум наапана! Сама не се поднесувам хаха.
Вторник Д:Двопек со маргарин,2 јајца,парче кашкавал,шунка,чајна и малце остаток од син ми јајце со виршла У:1 ред чоколадо У:Нескафе У:топло чоколадо В:4 парчиња печиво
Вторник Д: 3 лажици овес, банана и малку какао за вкус. Р: Туна со многу малку макарони, кисели крадтанички и 2 лажици грчки јогурт В: Зелка салата со краставица и еден портокал 3 кафиња со млеко во тек на ден.
Вторник - ден 8 Д: колбаси, ајвар, сирење, шунка, и малку леб У: кафе Р: домашен хамбургер; плескавица, малку помфрит, леб, кечап и мајонез Вечера скокната. Денес малку нездраво, али тоа е. Утре подобар избор ќе направам.
Стартна 63.40 Моментална 62.70 Посакувана 53 Вторник Д: протеински чоколаден напиток Р: прво малку ѕаѕики, па леќа В: / Среда Д: протеински чоколаден напиток Р: стек со павлака, кари, зачини и зелена салата В: најверојатно пак ќе прескокнам
Ќе ја напишам вчерашната килажа зашто денес ми е прв ден од циклус и не се мерив, тоа не е веродостојно. Стартна килажа: 59кг, моментална: 58.6кг, цел: 50кг. Не е многу, ама што е тука е. Ќе гледам да направам 10 илјади чекори и 30 минути пилатес, немам сила за повеќе. Денес на мени: Доручек: чиа 30г со млеко, банана, 10-тина бадеми, кафе Ручек: две варени јајца, 50г пилешки гради, грашок Ако сум гладна ќе грицнам краставица или некој друг зеленчук. Инаку, заборавено имам да спомнам дека пијам по 2 зелени чаја дневно.
08.01.2025- 59.900 29.01.2025 - 56.700 3200 за три недели Неделава многу слаб резултат само 600 грама, не правев некои посебни грешки. Ајде продолжуваме, некако и овие 3 воопшто не ми се приметуваат.
Браво за вашиот резултат Јас нема да се мерам, вагата дефинитивно ме депремира плус. Вчера вечерот ми дојде, ама успеав да вежбам 45 минути. Денес ќе видиме како ќе биде, ме боли стомак... Доручек Туна голема со кромид и парче интегрален леб. Ужина- некое овошје За ручек направив сарми повеќе да бидат на месо и да имам ручек за два дена. Вечера ќе видиме како ќе сум гладна. Убав ден