Јас сум веќе 5ти ден на некој мој начин на исхрана следам интерфастинг, на почеток бев 10 часа јадење 14 пост, и сега полека ќе намалувам. Го исфрлив белиот леб, благо, јадам чиа леб насабајле само и добро оди до сега. Ќе видиме понатаму Ќе споделам еден многу вкусен здрав оброк: 1 банана испасирана 1 лажичка путер од кикирики 1 лажичка чиа семе Ептен вкусно
Среда Д:1 банана,2 мандарини У:Чај и парче чоколадо Р: Двопек,јајца,кашкавал,шунка У:Нескафе В:Чорба,домашни колбаси,сирење
Среда Д: Омлет и маслики, 1 парче тонус леб Р: Пилешки стек и таратор В: Салата со зелка, морков и цвекло Извежбано дома, видео hit workout од 20мин. Утре ќе се мерам, заборавив сабајлево
Среда - ден 10 Денес сакала нејќела на диета. Настинав и апетитот ми падна У: 2 чаја од камилица со по една лажица мед и малку поленов прав Д: чинија домашна супа со праз, компир и морков У: мандарина Р: малку пилешко, 3 сарми и 1 кришка леб У: чај од нане со 2 лажички шеќер и 1 банана Вечерата скокната.
Доручек: 30г чиа, банана, кафе Ручек: омлет (2 јајца) со печурки, домат, краставица, ред чоколадо Немам сила да мрдам денес.
Мене не ми е проблем да ја контролирам мојата тежина. Можам со сила да јадам многу и калорично и да се прејадам или да јадам многу малку и да гладувам. Не е пријатно и едното и другото но можам да издржам. Не користам никаква особена фенси диета само многу малку храна и да се чуствувам гладно ако сакам да ослабам. Ми требаше време да се навикнам но сега особено многу не ми смета гладта или прејадување. Имам бми 23 и ако качам или симнам килажа релативно лесно се враќам на целната. Треба навикнување не е баш лесно но со вежбање може и тоа.
Вчера бев катастрофа али ајде еден ден таков после три недели, од бурек па завршив со пица. Утрово со едно око ја гледав вагата среќа не отиде премногу далеку. Од денес се враќаме во нормала.
Вчера извежбав 40 минути, денес дефинитивно ќе одмарам бидејќи ми дојде и сум катастрофа. Синоќа ме фати криза мала за грицки ама не се дадов хаха. Доручек ме фати поксано. Направив летна манџа со две јајца, парче сирење и парче леб. Ужина- овошје. Ручек- сарми и салата. Вечера- ако ми се јаде таратор или варени јајца ќе биде. Убав ден
Ја пропуштив среда, ама еве ме денес се пријавам на рецепција. 68.5 килца сум, 8.5 за 8 недели Уште 3-4 и сум таман Бев на ставот дека полесно се слабее отколку што се дебелее, ама за 9 недели одмор качив 13кг Ќе треба цела недела на вода да сум за да се вратам на старата килажа Ама морам да додадам дека ич не пешачам, се кријам дома и си лежам. Ич не ми се работи, а не ми се ни излегува . Да видиме наредната среда колку ќе сум, сега веќе станува потешко за слабеење. Имам уште 4 недели до одморот да видиме дали ќе ми се појават стомачните
Среда Доручек: само банана Ручек: Мм сакаше да јадеме од Жешко Копирче. Компир со стек печурки и бел сос. 70% изедов од порцијата. Вечера: Немам јадено, нешто овошје ваљда Ова компирчево ме уби, многу тешко за јадење. Извежбано сабајле, се измерив -3г за 2 недели.
Доручек: протеински пудинг, кафе Ручек: чиа пудинг Ужина: мандарини, сникерс чоколатце Денес 10 илјади чекори.
Петок Д: 2 јајца и краставица Р:170г свинско месо и марула салата В: 2 парчиња проја со маслинки и чаша јогурт
Петок Д:2 мали парчиња пица У: парче чоколадо У:чај В:јајца,сирење,3 ќебапчиња и 2 чаши коњак- кола(на гости)
Доручек: 2 варени јајца,50г пилешки гради, зденка, кафе Ужина: бадеми Ручек: здрави американски палачинки (овес, банана, јајце), пола парче роденденска торта Ќе извежбам дома денес.
Во средата се мерев 62,4 и малку се разочарав, после излезе дека било вода, сабајлево 60,1. Секој ден пазам да не внесам повеќе од 1350 калории и да бидам колку толку активна, ама со вежбањето некако слабо ми оди. Ќе терам уште овој месец со броење калории, па од наредниот си фаќам монодиета некоја. Штетна, не штетна, кај мене тоа најмногу делува.
Како го објаснувате тоа што денес на вага видов точно 1кг плус од вчера? Навистина ме демотивираат вакви работи, стварно не изедов толку. Не знам што да правам веќе.