Тоа е вода. Истото ми се случи пред некој ден баш погоре напишав и тоа две кила плус. Се разочарав скроз. Наредниот ден пак ги снема.
Треба да видиш каква ти е комбинацијата на масти, протеини и јаглехидрати што ти одговара најмногу, колкав ти е вкупниот калориски внес, споредено со дневната потрошувачка. 1200 калории дневно одат само за базален метаболизам. Ако внесуваш само толку, телото се става во saving mode, и секој вишок калории што ќе го внесеш над тоа го складира, наместо да го троши. Исто и физичката активност игра улога, дали само трошиш калории, или градиш мускули што ќе согоруваат масти и кога не си физички активна. Кај жените влијаат флуктуациите на хормоните во менструалниот циклус, а исто така и работата на панкреасот и тироидната жлезда. Кога од физичка активност имаш само кардио, ти само трошиш калории кои со следен оброк ќе ги надокнадиш, со кардио тренинг не се градат мускули. Тоа се прави со пилатес, јога, тренинзи со отпор, евентуално тежини. Ама пак ќе речам, секое тело е индивидуално, и има свој ритам, треба да го најдеш тој ритам.
Скоро 10тина дена супер одеше се , но денес ептен се разочарав самата себе. Изедов премногу овие денови што внимавав, еднакво на денес изеденото .... од утре повторно .. ме фати ептен криза денес
Но не чувствувам дека не јадам доволно. Како да го сменам ова? Значи теоретски, постепено да градам мускул и да ги покачувам калориите по малце?
Денес многу вода , 3 парчиња свинско месо , 1 парче сирење , и ајвар Ќе гледам вечерва да вежбам нешто дома
Да градиш мускул, да, за да топи масни наслаги. Не знам кој ти е просечниот дневен внес на калории за да знам дали да зголемуваш или не. Имаш на нет многу информации, може да заследиш некои од фитнес тренерите што се бават баш со ваква проблематика. Јас ја следам Sarah Catterson coaching - има многу добри совети, иако е премногу набилдана за мој вкус, ама паметно збори. Исто и Rachael Attard, одлични совети за исхрана и супер вежби има. Од нашиве Драгана Фит Лајф не е лоша.
Денес -700г помалку од вчера, но генерално, имам 300г повеќе од средата. Имав циклус баш во овој период, но сепак. Преспоро е. Доручек: 30г чиа семе со млеко, банана, бадеми, кафе Ручек: 2 варени јајца, зденка, ред чоколадо Ужина: 2 оризови галети Ќе вежбам дома.
Добро утро. Денес се разбудив најдебела што некогаш сум била во животов. Не само што не можам во огледало да се гледам, туку се чувствувам предебело и растресено дури и кога одам. Ова е моето дно што некогаш го имам достигнато. Последниве 2 месеци секој ден почнувам со диета, максимум што сум издржала е 2 дена. Ама секој ден почнувам, и секој ден тоа се претвара во "утре". Мизерно. Па, мислам дека ако пишам овде, нешто ќе се смени во мојата упорност, па навистина ќе успеам да ја издржам диетата. Ќе пробам нешто слично на УН, иако знам дека целата филозофија е внесување помалку калории, ама УН е единствената диета со која имам ослабнато 20 килограми пред години и навистина ми прија. Па, добредојдов. 1/90 Денес доручекот веќе го пијам, иако знам дека не е по план, смути со јогурт, whey протеин и неколку вишни. За ручек 3 варени јајца, тонус и салата од кисела зелка. За вечера 2 јајца и салата. Вечер ќе одам на вежбање, нема изговори.
26 јануари- 79 кила Денес 77 Иде надоле вагава со помош на стомачен вирус. Немам апетит никаков, со сила јадам суви работи, пијам течности да не дехидрирам. Се надевам следна среда пишувам здрава и навежбана
Ме немаше некое време, ама само бев тивка, во позадина си работев на мисијата. Цел до крај на Јануари ми беше 80, но стигнав до 80,6, што е успех за мене бидејќи започнав со 82-83. Одлучив дека ќе се мерам еднаш неделно наместо секој ден. Оброци јадам whole foods, џанк скроз исфрлив, леб јадам ретко. Започнав и да спремам јадење за цела недела, за кога сум во канцеларија за да не јадам глупости. Денес за доручек младо сирење со овес и јагоди, ручек јајце, сланина, сирење, маслинки. За вечера ќе биде некое бурито со мелено месо. Од физички активности, 3 пати неделно тежински тренинг, едно кардио и возење велосипед до работа. И трчање низ дома по тодлер.
Поручек овес со активиа и боровинки. Ручек пилешка чорба и салата со јајца и компири. Вечера нема. Морам да ви се придружам повторно за подолг рок. Не знам зошто функционирам најдобро дисциплинирано кога сум само на пост, инаку никако не можам да фатам еден ред. Одржувам, не качувам, ама не симнувам повеќе. Дали има уште некој како мене?
Денес 57.9кг, -700г од претходна среда. Доручек: чиа семе со млеко, банана, кафе Ручек: 200г пилешко месо, печурки, ред чоколадо Ужина: јаболко Денес теретана, трчање и тежински тренинг
29.01 - 56.700 05.02 - 55.800 900 грама, полека паѓаме.. Си поставувам нова цел 54.000, бидејќи воопшто не ми се приметува.
Среда, Малерозна се јавува на рецепција 68.5 килца. Не мрда вагата Ќе треба пак да почнам да пешачам по 20 000 чекори Ама добро е, не се жалам. Имам уште 3 недели да симнам 3 кила
Заборавам да пишам ама но пазам на храна и вежбам. Користам My Fitness pall за да имам евиденција за храната, баш е корисно. Почнав со 78/9, сега сум 75,4. До крај на Мај цел ми е 67/8. Со вакво темпмо се надевам побрзо ќе биде Висока сум 176, и од секогаш сум била потешка на килажа. Обично варирам 1/2+\- околу 71/72кг.
Зошто телото стагнира ? Водам режим на исхрана што нема никаков шеќер имам мн за симнување плус ме фати вирус и ништо не се познава на слабеење ..