Ко сум гладна, пијам вода. Ко ми се јаде благо, пијам вода. И така си пијам по 4 до 5 литри вода на ден Првите недела две од диетата ми се тешки. После не ми се јаде, ептен пред циклус така ме фаќа. Ама тогаш јадам чиа со протеин и ми минува Денес свинско и зеленчуци. И микс од бадеми, ореви и суво грозје. Е тоа јадам еднаш неделно, да ме праша човек зошто, не знам. Ама вкусно ми е Знам дека не треба, ама јбг. Ќе се ставам 5 дена на вода
Денес 11ти ден од 70кг на 67.500 до крај на месец планирам до 65.. Нареден до 60 ако сум супер ако не и со 62кг ке сум задоволна.. Појадок 2 јајца со малце сирење печурки, интегрална тортиља и салата. Ручек - Супа пилешка со фиде и зеленчук. Вечера салта со батак
Апсолутно ништо. Издржувам и не каснувам. Првата недела најтешко ми беше да го оставам благото, после тоа е ствар на навика, бар за мене е вака. Веќе 3 недела ќе правам од диетава, и скоро и да немам криза за благо.
И јас сум тука. Терам се убаво преку недела со исхрана и вежбање и за викенд обавезно ме мава психа и го упропастувам целиот труд од неделата. Јас заради пивото неможам да ослабам само да знаете Дур ова го пишувам си пијуцкам пиво
Intermittent fasting ili 8 casovna dieta. Dali nekoj ste se pridrzavale na ovaa dieta Dali imate nekoj efekt i posle kolku vreme...jas vece 15 dena so teram bez jadnenje posle 5 casot... Sabajle se kacuvam na vaga iiii KRAJNO se razocarv, alooo znaci ni ednoo kiloo se nema spustenoo kakoo zostoo, plus na den jadan samo edno jadenje, rano li e ili stoo, please iskustvo da znam ce bide ili ne , da ne mi e za xhabe gladovanje....
Изминатава недела навистина ми беше напорна. Имав 3 тежински тренинзи, еден кардио и возење велосипед до работа. Сеуште се чувствувам истрошена, навистина уморна. Згора на се, од умор и не можев да заспијам, и малиот нешто се будеше, абе хаос. Постирам рецепти што најчесто ги правам за доручек/ручек кога работам од дома. За во канцеларија правам meal prep еднаш неделно. Следно мерење во среда, да видиме што ќе покаже вагата. Spoiler
Сабајлево се мерев, без промена од претходната среда. Денес заминувам на одмор, ќе симнуваме кога ќе се вратам.
Женски здравоо, сакам некоја диета да ми препорачате што можам да ослабнам 20 кила за 2 ипол месеци, имам премногу килажа 120 кила и неможам да останам трудна се плашам да не е од тоа ве молам понудете ми како да ослабнам за од утре да почнам... Пробав 300 пати со ун диетата ама не ми иде
Секако треба да креираш калориски дефицит, мој совет е да не се фокусираш строго со некоја конкретна диета, исфрли благо, тесто, газирани или негазирани сокови, месни преработки. Фокусирај се да внесуваш повеќе протеини за да бидеш сита. Пиј многу вода, чај. Не знам дали планираш некаква физичка активност и во каква кондиција си, но движи се, гледај да бидеш што повеќе активна.
20 кг за 2 месеци е невозможно а и нездраво! 2 кг во месец е сосема доволно, треба здрав начин и за тоа, не е самo да се прегладнуваш по цел ден, ништо не си направила така. За почеток, пробај да си во калориски дефицит, отстрани газирани пијалоци, пржена храна, благо, леб. Повеќе здрава храна, салати, овошје, зеленчук, чај и вода, тонус леб по 1 парче. И физичка активност, јас после бременост намалив 20кг. ама не за 2 месеци, туку за 6м.
Мора да исфрлиш целосно високо гликемиска храна, преработена индустриска што содржи премногу шеќери и јаглехидрати, заситени масти, адитиви, емулгатори, стабилизатори. Тргнувајки од белиот леб па се останато. Повеќе ќе воведиш зеленчук, риба, телешко и пилешко месо, свинско како втора оцпија, повеќе протеинска храна, храна со здрави масти, со овошјето умерено исто. Ќе читаш состав на храната што содржи и колку грамови содржи јгх, масти, заситени на 100гр производ. Исто така и калориска вредност. Ќе броиш калории. И да, дебелината влијае врз репродуктивното здравје, факт е итоа голем. 2000 калории - одржуваш Над 2000 - се дебелиш Под 2000 - слабееш
Мислам дека е возможно со оглед на тоа што има голем вишок, али секако дека е подобро и повеќе одржливо на долг рок ако истите ги симне за 6, наместо за 2 месеци. Како и да е, според мене дури и мали промени да направи во исхрана, па и постепено да крати некои продукти, секако ќе има резултат. Consistency is the key
Има прогрес. Минатата среда 80,6, вчера 78,4. Калориски дефицит, јадење повеќе протеин, повеќе тренинг. Me happy. Пред нова година бев 83, тоа е 5 кг за месец и половина.
Ќе пишам и во оваа тема, поактивна е. Дали има некој од тука што ја терал ун диетата? Што мислите за неа? Дали е здрава? Дали тој начин на исхрана е здрав? И какви се резултатите? Колку кила се губат за тој временски период? И дали лесно се враќаат?
Пробај со фастинг да не јадеш многу часови од наутро за да имаш побрз метаболизам.Јади кога си гладна а кога ќе се заситиш престани .Најди си занимација или нешто да работиш за да трошиш калории што повеќе
Како може да е здраво цел ден само овошје да се јаде значи јаглехидрати, масти и протеини се создадени да бидат една целина и треба заедно да се комбинираат. Протеини се потребно секој ден по грам на т.т а не само еден ден неделно. Најголем ден од исхраната треба да биде јаглехидрати но комплексни јаглехидрати како компир,банана, ориз и слично а не процесирани шеќери како што е дозволено во диетата. Не се согласувам ни со секојдневно конзумирање леб во што е поентата, зошто да не се меша скроб? Сирење ако се јаде само со јогурт која е поентата цел ден да сум на сирење и јогурт?? Не смее ако е во скорбен ден да се јаде и месо што е нелогично дека протеините се минимални. И овошје не е здраво во толку големи количини да се јаде тоа се шеќери макар и што се здрави т.е сложени шеќери сепак во толку големи количини да се јадат не е здраво. Направи си самостојно диета со намирници тебе што ти одговараат и број калории , внеси пешачење во денот минимум 10000 чекори тие согоруваат 400 калории па ете како се слабее. Води здрав начин на живот и зголемена активност и резултатите се сигурни. А зошто ставаш ограничување зошто мора 2 месеци? Проблемот треба да го решиш зошто дојде до толкава тежина тоа не е створено за 2 месеци толкава килажа значи најди кој се лошите навики јој придонеле до тоа. Дали тоа е благо , грицки постојано, брза храна. Почни со тоа што ќе најдеш bmr односно колку калории на ден трошиш ако си во целосно мирување и тоа нека биде границата и намали 200-400 калории и пешачи 10000 км секој ден не е потребно никаква теретана само движи се. Симни апликација за мерење калории и буквално се што ке каснеше внесувај го , да напорно е се да внесуваш на почетокот но со тек на време ќе ги знаеш ма памет калориите и нема да имаш потреба на таа апликација ќе гледаш уште колку ти преостануваат калории. Би ти препорачала и фастинг јас практикувам 20:4 јадам еднаш до два пати на ден но не значи дека тоа и тебе ќе ти одговора , мене ми делува доста на апетитот и ми го намалува ако постам 20 часа но не е за секој тоа ќе си видиш по телото почни со 16:8. Не очекувај резултат за 2 дена ова е начин на живот а не брзо решение. Со среќа