Се немам одамна мерено ама мерам обем и за 1 месец има резултат. Ама треба да си седнам и саглам мени да си направам. И малку да се загреам со физичка активност
Јас ослабев само со Хербалајф,нормално не се магични шејковите , со балансирана исхрана,план од кај нив и физичка активност дома(не одење во теретана).
Ееее, докторите и стручните лица да ни го кажуваа ова. Кој би помислил дека слабеењето се постигнува со калориски дефицит? Очигледно Хербалајф, кој само за паричен надомест и глорифициран шејк, ќе ви ја доведе килажата во ред.
Во некоја од темиве пред извесно време некој имаше пишано за апликација за скенирање на баркод, за состав на храна... Барав по темиве не можам да најдам па затоа тука пишувам. За која апликација станува збор, како се вика?
19.02 - 54.600, уште тие 600 да ги симнам и мислам дека е ок да си одржавам килажа. За месец и две недели симнав точно 5.300.
Дали е оваа? Јас прашувам за читање на состав и адитиви во храната, не за броење калории. И дали некој ја користел оваа апликација?
Можи совет како да излезам од стагнација? последните 7,8 кг ги држам долго. Со што да го изненадам телото да продолжи да слабее? да излезе од rut?
Зависи што си правела последниот период. Зголеми интензитет, може и минутажа, пешачи повеќе или па намали на храна, а може и комбинација од сите
исто ко цела година и пол реално, повеќе од 30 мин немам сила некако а и богами муцето затворено тешко на зима некои предлози за јаки тренинзи ама за дома?