Ајде која од вас ќе сака да се дружиме повторно со постот. Претходната година го издржав преубаво постот, ослабнав многу. Сакам и годинава да си се фатам за работа со уште последните килограми што ми останаа, доста имав успони и падови. Оваа недела не се јаде месо, се попнува со привикнување на организмот и спремање за пост. Правилно постот се почнува со три дневно воздржание од хранаи вода. Дали некој го има пробано тој пост?
Има еден рецепт со посно гравче без масло од бигорски манастир, го обожавам. Си правев често салати со сос од сенф и лимон. И така си готвев по некоја манџичка. За викенд си дозволував по не здраво, на пример пица со посен кашкавал и посен мајонез, некогаш си правев тостови. За секој ден пишував тука во групата што се јадев секој ден, без исклучок.
Како сте девојки? Како иде слабеењето? Од 29.1 до денес ослабев 2кг, пробувам да слабеам на здрав начин со избалансирани оброци и калориски дефицит. Во овој период од месец дена не се придржував 100% од немање време, последната недела сум веќе посериозна и помотивирана.
Можеш да вклучиш некоја активност, кардио ако ти е само цел да ослабееш или тежински тренинг со помалку кардио за да изградиш и форма, ако не си веќе, со тоа ќе потрошиш нешто плус калории па ќе имаш можност малку повеќе да се опуштиш во храна.
Здр дали може да ми дадете некој совет за слабеење оти веќе на психа ми мава. Во кратко еден мој ден поминува со мало дете и по цел ден дома со домашни обврски не пешачам многу по слаба сум со јадење а кг само нагоре, кажете нешто што да пробам или да пијам. Мислев да почнам со хербалифе ама многу кажуваат дека се вракаат кг па незнам што да правам, пробав со ун диета, кето ама не ми оди.
https://bigorski.org.mk/magernica/grav-bez-maslo/ Ајде придружувај ми се со постот. Претходната година ослабев околу 11 килограми. Почнувам тримир, дали некој од вас има издржано 3 дена без храна и пиење?
Мислам дека правилно е без вода, ама јас нема да можам без вода. Ќе се обидам само без храна и вода секако и можеби електролити.
Ден 1 Успешен без храна, само на вода, додадов и малку лимон. Имам малку главоболка, но тоа е нормално додека влегува телото во кетоза.
Сабајле имав криза, имав главоболка, ама помина. Не беше денес тешко колку што очекував, добро беше, помина и втор ден.
Браво @FierceFemme_ за истрајноста. Јас не сум постела тримери без јадење. Го почнав постот и јас, ама со масло, за ручек да комбинирам со домашните. Напорно ми е сѐ посебно за мене да правам. Денес не е некој ден за фалење, дали ми падна притисок или нешто друго, ептен снемав сила, па испив кока кола, изедов еден куп путер од кикирики и ѓеврече. Утре подобро ќе се организирам со оброците.
Ти благодарам, и јас самата не си верувам колку можам да бидам истрајна кога сакам. Првпат го постев и сфаќам дека е од огромна корист на телото. А повеќе ме мотивира и тоа што веќе еднаш ослабнав доста килограми и после тоа се чуствував многу убаво, и добив многу и психички предности со тоа, како и физички. Тоа е тоа што секогаш ме мотивира да не си го запоставувам телото и дека се ќе правам за мое добро. Ми останаа уште 10/15 килограми вишок, па сакам сега да ја почнам авантурата со симнување. Ослабнав лани 20 кг, сега имам 74,7 кг, со толку го почнувам постот. Ден 3: Поручек јаболко и овес со овесно млеко и протеин Ручек колбаси од тофу од дм си ги зедов, 3 кришки црн леб со намаз од тофу со зеленчук и 2 свежи пиперки. Кафе едно со овесно млеко и стевија и кока кола зеро. Вечера планирам некоја салатка ако сум премногу гладна ако не само течности.
Ден 4 Поручек овес со протеин и овесно млеко, јаготки и боровинки. Ручек 2 чинии посно гравче без масло, 2 кришки протеински леб и салата со цвекло. Потоа испив едно кафе со шеќер и една чаша сок од портокал и за вечера кисели краставички. Се мерев денес, 74,1 кг.
Ден 5 Поручек овес и овесно млеко и боровинки Ручек гравче ми остана од вчер и салатичка, 3 кришки протеински леб Вечера една коцка црно чоколадо
Вчера: П: чиа пудинг со путер од јарки, У: две посни благи В: нудли со зеленчук. Денес П: овесни со какао и путер од јатки, Р: посна пица со печурки У: мед, какао и лешници вака сега во 10 навечер. Многу сум недисциплинирана. Ме јаде некоја нервоза, ама ептен.