само времето е ограничувачки фактор бидејќи во краток рок треба да се постигне идеална тежина што не е возможно и оттаму доаѓаат тие фрустрации и изјави диетава не ја бива. Јас би рекла не мора некоја пропишана диета туку дисциплина во исхраната да воведете. А тоа значи воспоставување на некои трајни навики во исхраната во разумни количини а вие што сакате јадете , но умерено. Не џабе рекле старите ЗЛАТНА СРЕДИНА. Ви посакувам успех на сите оние кои сакаат да симнат тежина.
Во моментов сум на онаа диета за 2 недели 9 кг, иако не верувам дека ќе ослабам 9... Имам 55 кг(пред одмор 53, ама ете ти 2 кг вишок), и сум висока 1,65... Ама да ослабам 6 кг ќе бидам пресреќна.... Е сеа дополнително и ги правам вежбите од фемина 10 најдобри вежби за дома, и стварно се супер, пред нив скокам на јаже едно 200 скока, полека одам и да дополнително возам ролерки на стаза 1 саат... Резултати... Во понеделник ќе се мерам, само 3 дена сум на диета... Ама јас по себе си осеќам дека има резултати зошто вежбам активно 1 месец и пред диетата... Е сега ме интересира дали некој е добро информиран во однос на тоа што е помалку калорично урда или сирење? Имено имам за утре 100гр сирење и ме интересира дали кога би го заменила за урда би било помалку калорично? Тенк ју однапред, ви посакувам сите да изгледате како што сакате и секогаш кога ќе застанете на вага да ја добиете онаа бројка која ја посакувате
Viiiiip сметам дека имаш идеална тежина зошто толку престрога диета? Ама сепак ти си знаеш, ти посакувам успех, мислам дека сирењето и урдата се тука некаде со калориите, што и да избереш нема да згрешиш.поздрав
Значи ова не е можно си велам Вежбав многу летово, толку во животов немам трчано, вежбано, возено велосипед, ролери и триста разни работи. Се надевав да ослабам 10-12кг до 1 септемвриа гледам сега ослабена само 7 Од утре не јадам дефинитивно , само ручек и толку и само ќе вежбам, ќе пијам вода и мора уште три кг да ослабам ДЕФИНИТИВНО МОРА
Ау и мене денес ме направија посебно среќна две нешта откако се зареков дека нема да јадам до утре...еден кроасан вишна и ванила и половина милка со цел лешник.Не можам да ја симнам насмевката од лицето,го книжам под конто пмс и ич не ме боле и онака отидов у мањак и си ветив ќе одам у плус да дојдам на нула!
Колку калории има чаша јогурт? бев жедна и испив 4, па да знам до каде сум денес со калориите мање-више
Eve posledna nadez e toa sto zapocnav dieta so supa od zelka, pa ke vidime sto ke se sluci...Inaku nisto drugo kaj mene ne pomaga, ni fizicka aktivnost ni nisto Velat deka se slabeelo za edna nedela 5 kg ama jas ako oslabam 4 kg ke bidam presrekna
Ја почнав втората недела со диетата. Вчера бев готова да се откажам, ама си реков утрото е попаметно од вечерта. И еве ме, уште ја држам. Најстрашното помина-спанаќот! Го изедов некако!! Се осеќам гладно, ама тоа е тоа!! Мора да се ослаби!! Ќе ја издржам, колку ќе има резултато толку. Барем да знам дека пробав! Од вечер почнувам редовно со орбитрекот, деновиве не можев!!
Мајка ми ја држеше... Ама ич не е задоволна, значи одма ги врати и плус. Плус држеше диета и само леќа да јаде, ама јадеше и по една кришка леб, не ослабе а таман ја преќина пак се здебели и рече крај не држам диети, и почна да пешачи до работа тоа и е 1 час, и сега полека пополека си симнува... Од мои блиски познати за диетава со супа од зелка има само. own: Ама да не те обесхрабрувам може тебе ќе ти влијае
Не сакам да ти проповедам ама ке ти дадам еден совет. Некаде прочитав дека си прва или втора година средно. И јас ко тебе тогаш се занесував диети ке држам и ништо. Вајт твоето тело уште се оформува и расте подобро е да се сконцентрираш на тоа ова ти се последните 5 минути растење. Играј кошарка одбојка(ако имаш услови), подобро е и полесно на Орбитрек да вежбаш секој ден повеќе пола саат отколку да се измачуваш со диети. А исто така внимавај да не се здебелиш многу не се оптеретувај многу ама пак пази на стрии и целулит оти мислам дека периодот од 6 одд. до 2 година средно за девојките е најкритичен.Од храна само намали го лебот или изостави го лецосно и ке има резултати.
А која е разликата дали јадам варен морков или свеж? Значи во диетава стои варен морков, а е грд, ама помалку калоричен да не е? Аххх
Не знам како оди со калориските вредности тоа ама да знаеш дека морковот е едно од ретките растенија што е многу поздраво варено отколку свежо. Така се активирало нешто што е поврзано со бета каротенот. Плус варениот морков е здрац за дигестивниот систем а знаеме кој шок се диетите за желудникот.А за калориите мислам оти и да има некоја разлика мала е. Обично протеините се тие кои се уништуваат при долго варење па се губат калории на храната. Јади си го каков сакаш не е големо отстапување тоа.
Да, втора ќе одам. Фала ти на советот, не се тоа проповеди за мене! Диетата не е строга и ригорозна. Единствено што ми е скрозз скратено е благото и свинското. Леб имам едно парче дневно! Благодарение на неа почнав да јадам салата, зелка, домат, краставица.... Здрава храна! Диетата е две недели, а мене ми останаа уште пет дена. После тоа единствена „диета“ ќе ми биде скратување на благото и газираните сокови, па и лебот, а физичка активност-орбитрек! Со спорт не сакам да се бавам од Х причини, за кои не би сакала да зборувам сега, ама ете движење, точак тие работи ќе ги применувам! Сепак, фала ти шти одвои време за мене!
Мене денес ми е 4ти ден од ух диетчето,и одма се осеќам полесно,ама не се мерам,тек после 8миот ден Инаку многу ми е чудно со сладоледот,синоќа кога јадев ми се смее дечко ми и ми вика па нели си на диета ,а тек кога го извадив и чоколадцето(1 ред) кое реметење беше тогаш.Ако нека се смее,ама за месец-два макс.кога ќе бидам 50 ќе видиме кој на кого ќе се смее
Пак јас! Кажав ќе пазам, и не пазев, ама еве вчера бев океј со јадење, и возев ролерки од Близнаци до железничка,назад, пак до таму,и пак назад и така Денес од сабајле пола кришка пржено лепче,лошо знам,ама тоа направила мајка ми и морам да јадам зошто почна да ме замара како не сум јадела. И ќе седнам да јадам пред нејзе и она упорно збори како не сум јадела.Затоа јас си смислив тактика, да јадам кога она не ме гледа, што ќе ми остане да му давам на кучето,вамте-тамте,накратко-да ја лажам, зошто и да сакам не можам да и објаснам дека јас јадам. Благо и грицки-од вчера реков не, и ќе се држам на тоа па да знам да пукнам. Од денес пак почнувам со вежбање, сега пола саат на степерче(табуретче ), после накај 6 пак ќе одам на кеј, ама денес ми е во план да трчам, само колку ќе ми држи газот е прашање Тоа е тоа, се враќам со полна пареа и планирам да ја силувам темава дур не стигнам до 55!
Да се исповедам и јас, одамна ме немало На одмор не внимавав ама ич. Spoiler И во ниедно време(добро не секој ден) јадевме бурек, гиро, чоколади ... и слично. Што ќе ни текнеше на душичката тоа, па одмор си беше де ... Оној чипсот со хот дог и бомбончиња како карамели меки овошни по 24 саати ги јадевме ... Значи само џвакавме без паузи А пак кога си дојдов моите ми рекоа ауу си ослабела. Тоа до климата ќе да е А сега припазувам. Полека полека се ќе биде. Битно да сме среќни живи и здрави. Ајт поздравче.
Мојава сегашна ситуација може да се опише само со еден збор...ТАПА! И пред вас и пред себе си го преместувам рокот за губење на овие 7-8 кила до Нова Година.Сакав до септември, ама до септември тикви...Нема шанса толку многу да смалам за три недели и да се убијам од вежбање и гладување.Добро, добро, признавам-не внимавав доволно...А што да правам кога од се можам да се откажам, а од благо не-само што ќе влезам во супермаркет ме повикува 300-грамско чоколадо со кекси на Краш Ај доста цимолење беше од мене за денес, од утре ќе се стегнам повеќе, па барем две кила да симнам овие три недели...
Jас по стара ух диетчето и еве веќе 5ти ден се осеќам малку ослабната,ама ќе видиме во вторник вагата и обемот ќе си покажат.Инаку ми ја нема Теди мече некако,тедиииии јави се Ајде женски можеме,неможе јадењето да е посилно од нас.Good luck
се сеќавате пред некои си 15дена ви се пофалив дека симнав околу 7кила...а сеа пак паѓам во депресии на одмор качив ако ви се верува 5кила за 10 дена нз како луѓе а не јадев мн,нз што е со мене за десет дена слабеам 7кила ама и за 10 дена можам да се здебелам толку...како ластик ми е организмот се шири се собира....нз што е работава а со движење слабеам не е да речеш со гладубање само..имав 55 кила пред год а сеа имам 77 а не сум нешто висока премн имам 173-4 ..а сеа прашањето ми беше да не знае некој диета со која континуирано ке слабееш без стагнација ,сакам за 2месеци до 60 да стигнам,и после тоа никад нема да дозволам да се здебелам,НИКАД!!!!!!!!