(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Јас знаеш како се справувам, стегам заби. До сега ослабнав 22 кг, имам уште 13 то гоу. Се навикнав да гладувам, ќе стегнам заби додека да ги ослабам и тие 13, по малку, по многу ќе биде. Бројам калории и така си ја учам полека количината и после само ќе си ги заменам калориите со вкусна храна. Ме мотивира чувствувото што ќе го имам откако ќе ослабам, мислам на тоа. Колку убаво ќе се чуствувам во своја кожа, се чуствувам и сега, ама не секогаш. Сеќавам дека и на пост знам да се прејадувам. Ама за да ја растурам таа навика, трпам, стегам заби, и се навикнуваш. Таа навика до 95 ме донесе, најнесреќната јас од било кога. Не сакам така, не заслужувам и не залужува никој. Мислам дека е до мајндсетот најмногу.
     
    На Hoping, simoncelicius, DoubleK и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. b.o.n.i

    b.o.n.i Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    1.394
    Има една Наташа Ракич- Своја и слободна ( така е пишана на инста) за 18 месеци ослабела 60кг. Сега продава програма за слабеење, не ја оддава многу јавно програмата, освен што упорно вика тоа што сакате да го каснете, каснете го, но умерено неколку залчиња. Мислам дека концептот и е во комбинацијата intermittent fasting и броење калории.

    На пример и мене, многу пати кога гледам чипс, и сакам да земам, ептен сакам, и свесно ќе земам еден или два колку да го задоволам вкусот и толку..после веќе и немаш потреба. Ама во периодот што е за јадење. Никако после тоа (ретко ретко да се прекршило после 18х со некое залче, ама ме и оброк.)

    Но, сега ми е дилема дали организмот се навикнува на помалку калории па да не почне да складира масти..не сум до толку паметна :) јас околу 1000 калории внесувам, и сум цело време сита, само првиот месец беше така навечер да ме фаќаат кризи, ама со вода и чај ќе се тргне фокусот, и наутро сум си благодарна што не сум прекршила режим.
     
    На FierceFemme_ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. penelope10

    penelope10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2021
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    1.266
    Пол:
    Женски
    Имав долг период во животот кај што јадев по 1000 калории, 1200 макс. Верувај ми сега кога гледам назад, сфаќам дека сум правела огромна грешка. Едвај да имав сила за нешто, мртва уморна бев навечер, мозокот не ми работеше, циклусот си го пореметив и хормоните.... Не знам каква ти е градбата, секако на пониски и поситни луѓе им е потребно помалку храна, но не 1000 калории.
    Еднаш кога почнав да јадам повеќе, телото ми се префрли максимално на складирање масти и накачив некаде 6кг за 3 месеци. Сега полека ги симнувам, но овојпат здраво. Се чувствувам многу поубаво со исхраната на овој начин, со протеини и whole foods.
     
    На theowndemon и b.o.n.i им се допаѓа ова.
  4. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.325
    Допаѓања:
    78.012
    Пол:
    Женски
    Аууу, темата се активирала пак а мене никој не ме тагирал ]:)
    Ќе игра стапот изгледа.

    Лани ова време бев 64, сега сум 68 (facepalm) :rofl:. Ама пред две години бев многу повеќе така да не се жалам.
    Ама си каснувам повеќе сега, јадам скоро се и имам повеќе енергија.
    Мора да се ставам на строг режим кој подразбира движење и вежбање. Ама пуста мрза 8)
     
    На b.o.n.i, simoncelicius и Ariel им се допаѓа ова.
  5. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Ако толку време внесуваш помалку калории тогаш организмот влегува во метаболичка адаптација, што значи дека ќе го намали метаболизмот и ќе го прилагоди врз тој внес на калории. Што уствари значи дека калорискиот дефицит ќе стане помалку ефикасен.
    Нема една фиксна граница, во зависност од калорискиот дефицит, телото ги адаптира и степенот на калориски суфицит и степенот за одржување на тежина.
    Овај метаболизам на адаптација може да се избегне само со не влегување во прекумерен калориските дефит, преголемиот калориски дефицит води до губење на мускулна маса и забавување на метаболизмот. И многу значајна работа е внесот на протеини поради тоа што за метаболизмот на протеините потребно е поголема енергија а со тоа значи дека ќе се потрошат повеќе калории за да се согорат тие протеини во однос на јаглехидрати. Поради тоа е многу важно да се тежнее кон храна што е со поголем протеински внес. Организмот троши многу повеќе енергија (калории) за да го разгради протеинот, а многу помалку за да ги разгради јагленитехидрати, истото важи и за мастите. Значи од внесените калории, дел ќе се потрошат за обработка на протеините и автоматски си тука во предност, лесно можеш да бидеш најаден, а сепак во калориски дефицит. Исто важно е да се направи еден до два дена со повисок број на калории од претходните денови, како еден "потсетник" на организмот дека си на режим за слабеење и да не почне режим на "штедење"= забавување на метаболизмот. Затоа не треба да го гледаш еден ден како значеаен за слабеењето, туку на ниво на цела недела. На пример од 7 дена, 5 дена да си бил во калориски дефицит, апсолутно си во предност, слабееш. Само тие 2 дена да не се повторуваат наредната недела одма едни по други, да испаднат 4 дена со ред.
    При крајот на слабеењето исто е важно постепеното покачување на калориите, бидејќи наглото враќање може да резултира со складирање на масти.
    Исто така долг калориски дефицит го пореметува балансот на хормоните за ситост и глад. Што исто влијае на овај процес на адаптација, затоа "рефид деновите" го зголемуваат хормонот на ситост и го намалуваат хормонот на глад, и допринесуваат на ивај начин да се спречи адаптацијата на организмот.

    На пример, една личност од 75 кг, има калориски внес од 1200 кцал подолг временски рок, додека да достигне посакувана тежина, како што телото намалува складирани масти, така телото се "алармира" и отпочнува процес на "штедење", (затоа последните килограми се најтешките). Откако ќе се постигне посакуваната тежина, телото поради постојаниот внес од 1200 кцал, ја симнало границата на одржување на 1500-1600 да речеме, и ако почнеш веднаш да јадеш мислеќи дека границата е 1800-1900, ти си во калориски суфицит и ќе почнеш да враќаш.


    Е сега интересно е што има и други фактори во целава оваа научна страна. Менталната дисциплина и различноста на секое тело.
     
    Последна измена: 27 март 2025
    На Hoping, b.o.n.i и penelope10 им се допаѓа ова.
  6. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Ден 25

    Ѓеврек со кечап.
    Салата со посна изварка (во кипер ја има), краставички, пченка, грашок и индиски ореви.
    И вечера пак каснав исто, 2 малечки ѓевречиња варени и од салатата со кечап.

    Денеска претерав малку, ама ако не е страшно.
     
    На penelope10 и Ariel им се допаѓа ова.
  7. b.o.n.i

    b.o.n.i Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    1.394
    Ох..веќе не знам и јас кај терам тогаш :D
    Јас сум ниска и градбата ми е ситна, но стомакот ми беше како да сум трудна. И сега имам 59 кг, а сакам магично да дојдам до 50, како кога бев најзадоволна од изгледот.

    Е сега, на режимов кој сама некако си го комбинирам, гледам да бидат работите што ги внесувам здрави. На пример урда, авокадо, киноа, хељда..овес, лен, интегрален ориз, леќа, грашок манџа,чиа пудинг. И по 3 оброци имам во денот, на пример во 10 (некогаш и во 11) е појадокот, па после кај 2 пак ќе поткаснам, пример протеински палачинки (од киноа на пример) па во 5/6 после пак тоа што е дома главно јадење (леќа манџа, грашок, запржено урда ајвар и јајце). И некако стварно ми се гледа дека е доволно храна. :?: инаку чат џпт ми ги брои калорииве, па може и сум грешка. :D
     
    На simoncelicius и FierceFemme_ им се допаѓа ова.
  8. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    И јас со чат џпт ги бројам, ама обично од пакувањето внесувам колку калории има на 100гр.
    Еве јас иако го знам тоа што го напишав, моето тело не слабее ако не гладувам, ако сум на преживување моуд, немам никогаш поинаку ослабено, освен со јадење мизерно неколку месеци. Лани првите килограми од ден за ден летаа, ама имав многу вишок, сега многу пополека и ме фаќа нервоза. Ќе стегнеме заби, ќе издржиме заедно, ќе се бодриме секој ден, недела и ќе ослабеме до лето :muscle:. За да сме си задоволни во своја кожа (highfive), оти заслужуваме.
     
    На penelope10, Ariel и b.o.n.i им се допаѓа ова.
  9. b.o.n.i

    b.o.n.i Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    1.394
    Те поддржувам FierceFemm, само мене прашањето ми е до кога гладување. Да не си направиш повеќе штета еднаш кога ќе ја постигнеш килажата, да се опуштиш и пак назад.
    Јас пак сум убедена дека јадам доволно, е сега во период на ПМС, ми иде и вол да изедам... Ама гледам тогаш пак да биде во рамките до 18х. Денес прекршив во 18и 40 имав оборк.

    Дали вежбаш? Не се сеќавам дали имаш пишано. Мислам дека комбинација со пилатес веднаш даде резултат во обем.
     
    На simoncelicius и FierceFemme_ им се допаѓа ова.
  10. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Имам добри навики за одржување на килограми, знам дека ако еднаш намалам дека нема да се вратам на стара килажа. Едно што ми штети на здравјето, друго на психа ме мава. А се дебелеам кога се прејадувам емоционално, ама сега си ја научив лекцијата, да си се качувам на вага, чисто до кај сум. Лани кога ослабнав ми беше страв да не ги вратам, и пазев премногу после постот, внимавав многу и доослабнав уште некое килце, ама не вратив ништо.
    Си ги менувам навиките, не само што слабеам.

    Е сега, вежбањето е тоа што ми е клучно во овој процес. Сега не вежбам којзнае што, само пешачам, но сега со дождовите не сум никаде мрдната. Сакам да почнам да вежбам дома пилатес.Да не знаеш некои да ми предложиш?
     
    На b.o.n.i и Ariel им се допаѓа ова.
  11. penelope10

    penelope10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2021
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    1.266
    Пол:
    Женски
    Move with nicole на youtube има предобри видеа :)
     
    На simoncelicius и FierceFemme_ им се допаѓа ова.
  12. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.325
    Допаѓања:
    78.012
    Пол:
    Женски
    Ајмо цурице, ајмо дечаци.
    Кој сака да ме дружи, јас пак на диета :wasntme:
    Појадок, пилешка супа. Онаа водената :rofl:.
    Ручек, телешки стек :emo:
    Вечера, каснав малку индиско оревче, ова од стрв.
    5ти ден без јаглехидрати, главоболка ме скина мме, ништо не помага.
    Ама знам кој е крив. Јас сум, со сладоледот и лебот што го јадев секој ден скоро месец дена :worried:
    Ќе боли уште некој ден и ќе престане :@. Ама до тогаш...
    Сум наумила 8 килца да симнам. Или 9. Ајде ќе видиме дали ќе ми успее.
     
    На H.VAGA, simoncelicius, FierceFemme_ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Не те следам од почеток, имаш многу килограми симнато и одржуваш тежина долго време така?

    Ден 26

    Посно ѓеврече домашно без масло, со манџичка со зеленчук, ориз, спанаќ и друго.
    Протеински шејк и неколку урми.
     
    Последна измена од модератор: 29 март 2025
  14. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.325
    Допаѓања:
    78.012
    Пол:
    Женски
    Јас со години сум на темава.
    Ама пред 2 години сериозно си ја сфатив работата, си погладував убаво и симнав 35кг. Сега сум на -30, малку тешко ми е да се вратам во нормала, си јадам нормално, а не треба вака.
     
    На penelope10, simoncelicius и FierceFemme_ им се допаѓа ова.
  15. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Браво, како се справуваш со одржување на килограмите? Дали ти беше тешко да си одржуваш тежина, или се е до навиките?
     
  16. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.325
    Допаѓања:
    78.012
    Пол:
    Женски
    90% од времето сум ок или јадам многу малку јаглехидрати, навикнав и не ми се ни пријадува тоа што не треба.
    Ама проблем ми е кога сум со други луѓе кои упорно ми коментираат за начинот на исхрана, зошто ова не јадеш, зошто она, па алкохол зошто не пиеш... |(
    Па многу си слаба ( не сум сега) земи најади се, ќе паднеш некаде ]:).

    За да не ми пумпаат мозок, каснувам повеќе нешта што не треба.
    Ако ми се фати поредовно да сум опкружена со вакви и јадам што не треба, веднаш качувам некое кило.
    Инаку си јадам бааги месо секој ден над 1700 калории, не е дека гладувам, (само се шалам дека гладувам), а килограмите не мрдаат.
    Е сега да за симнам плус треба ептен на режим да се ставам :yawn:
    Ме нема фатено инаетот.
    Јас издржав 4.5 месеци без ни една грешка 8-|
    Можам пак... само да се налутам убаво :D
     
    На simoncelicius, FierceFemme_ и Ariel им се допаѓа ова.
  17. b.o.n.i

    b.o.n.i Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    1.394
    Најдобар одговор што сум го слушнала на еден познаник за тоа што сите му коментираат околу зашто не јаде ова или она, или дали уште не пие алкохол (порача безалкохолно пиво) беше: "покрај тоа што сакам да редуцирам на храна и пијалоци што ми сметаат, правам и социјален експеримент, да видам колку луѓето коментираат за нешто што не ги засега". И така друг пат нема да им текне на тие што не ги засега да се мешаат во туѓата чинија.

    Јас вчера прекардашив термин за јадење денес тек во 12 оброк.
     
    На Ariel, FierceFemme_, penelope10 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Macimaxi3

    Macimaxi3 Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2023
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Здр денес видов еден шејк во дм мислам и на нивна фирма дека е па да жи предложите што да земам и ако има лек за намалуваење на гладот.
     
  19. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Ден 27

    Па денес си се наградив, одлична бев цела недела, па денес заслужив да одморам од броење калории.

    Пица домашна посна со посен мајонез, баклава, сок од портокал, две кришки леб со маргарин и пипер. И планирам да си каснам ако ми се јаде уште нешто, ако не не јадам пред спиење.
     
    На penelope10 и malerozna им се допаѓа ова.
  20. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.325
    Допаѓања:
    78.012
    Пол:
    Женски
    Малерозна се јавува на рецепција за денес.
    10к чекори.
    2 саати во теретана, не знам зошто часовникот не ми ги мери тие потрошени калории.
    На мени колбаси и сега малку индиско оревче.
    Потрошени барем 1000 калории :$
     
    На Ariel, b.o.n.i, FierceFemme_ и 1 друга личност им се допаѓа ова.