Малерозна пак се јавува на рецепција Абе кај сте сите? Ве нема да пишите, сигурно јадете пица и баклава . Вчера планирав да шетам. Ама нешто ми беше тешко и полегнав малку да дремнам, 14 саати спиев . На мени имав супа, денес пак. Денес морам во теретана, да надокнадам и за вчера. Ќе се весла саат ипол, осеќам
Јас не сум нешто многу за фалење. Не јадам многу, ама имам по некој гилти плежр секој ден . Некако не сум мотивирана и одлучна.
Хахахаха Стапот кај мене е, да си знаеш само Ајмо другите кај сте? Барем да се дружиме, макар и во уживањето во храна, споделете што јадете Јас од далеку ќе ви се радувам. Мене само кафето ми остана што го пијам. Другото месо и зеленчуци. Не ни огладнувам веќе
Е ќе те мава депресија и нема да ти се живее не прашвај од кај знам Не е баш арно. Ама ко јадам благо ми се качува шеќерот во крв. Вака немам сила за ништо.
Сум пробала еднаш диета само месо и зеленчук, 4 дена издржав, ме молеа домашните да станам пак нормална . Јас и сега сум во депресија, ем мислам дека не јадам многу, ем се дебелеам . Ама имам еден порок, секој ден јадам по една лажица домашна нутела со малини. Веројатно тоа ми вишокот. Инаку сега на пост пијам црно кафе. Кога сум на работа за доручек јадам овес или чиа со овошје и путер од кикирики. За ручек/ вечера обично јадам некоја манџа, последните 3 дена имав киноа со зеленчук. Навечер често ми се јаде благо, јадам неколку малини со мало лажиче домашна нутела. За викенд пуштам срце. Кафето го пијам со бадемово млеко. За доручек еден ден ден јадам ѓеврек, пола со хумус, пола со домашна нутела и малини, другиот ден леб од цели зрна со авокадо и риба. За ручек терам кафана, ама јадам салата и некоја печурка и пијам кисела вода. Според пресметките, би требало да сум околу 1200 калории дневно, што ми е и целта. Ама нема резултати.
Јас што да пријавам, денес ништо не успеав да каснам, се иструв со кафиња и сокови без шеќер. Едно ѓеврече изедов и сок овошен домашно мелен од цвекло, морков и јаболко.
Здраво на сите! Почнувам да ве дружам. Целта ми е да ослабам 13тина килограми. Па ајде да видиме, полесно е во друштво се разбира
Добредојде во клубот, не се собувај Само јас сум тука другите никакви ги нема редовно да пишат Сподели како планираш да слабееш, вежби, пешачење, диета...
Почетна пак 70 Денес прв ден .. Доручек Варени јајца и салата, парче црн леб со минимално путер. Ужина банана и лимонда со малце мед. Ручек Мусака со тиквички, чаша јогурт и салата. Вечера Шопска со премалце сирење … Јас имам проблем многу сакам јогурт и сирење…
Ај да пробам ама не ветувам дека ќе пишувам секој ден Од каде мотивацијата: Вчера го учев малиот да вози точак. Ми ја искриви кичмата, ми ги воспали мускулите што не ни знаев дека ги има на телото, дојдов дома црвена пиперка и мислев дека умирам. Вечерта имав толку енергија (што не сум ја имала 5 години) и реков тоа е тоа. Почнувам со 73кг, 7 месеци после пораѓај, телото ми е пача после 3 бремености. За исхрана немам план ама за старт ќе гледам да почнам со црно кафе, без леб и грицки што најчесто ми се замена за оброк Време за теретана и трчање немам, ќе пробам со вежби дома и ќе користам физичка активност додека ги носам на воздух малите. Значи опции немам баш затоа и не поставувам високи цели Пишувајте мени ако не ве мрзи, јас секој ден готвам по 3 ручеци јер “јас тоа не јадам, јас ова сакам”, ми извољеваат сите низ дома и веќе немам идеи, се осеќам како 5-6 јадења да ги вртам во круг. Ај со лесно.
И јас да ве дружам за одржување сум. Ако се опуштам малку веднаш се се лепи... едноставно или си среќен или си слаб. Сакам да сум од тие типови што не уживаат во храна туку само колку да не се гладни јадат..јас премногу сакам благо па морам да се воздржувам..
Јас почнувам од денес со диетата со портокали. Планирам 15 дена да ја држам викенди да правам пауза. Не знам што ми се случува, многу ми се јаде, посебно благо. Пак стигнав до 63 кила, одамна не сум била толку.
Каква диета е та? Сум слушнала за многу диети, ама ова сега прв пат тука. Јадиш се сем портокали? (мајтап)
Мене ми треба салотејп на уста.. значи доручек, ручек се ок нормално ама навечер нензам што ми е.. Дојдов да се мотивирам иначе
Доручек омлет со изварка, домат крастајца и пола црно лепче. Ручек стек со салата. Вечера Крем супа од зеленчук
јас сватив дека мора да гладувам за да ослабам и да одржувам,едноставно треба да ми влези во гла дека тој тип сум.а каснам два залаци плус ојде воз по кукуруз.мразам оти неможам да јадам шо сакам кога сакам
Оо сме имале нови buddies. Добредојдовте Мене ме немаше, оваа недела од постот ја почнав со масло, бев на пат и мислам дека морав да му приуштам добар оброк на телото. Беше здрава кинеска храна, но мораше со масло. Не ми се килограмите мрднати, ама не ни очекував да мрднат, не гладував баш. Ако не гладувам знам дека не слабеам . Сега следен левел ми е да видам напред 6ка на вагата, тогаш знам дека сум направила нешто позитивно за себе . Едвај чекам. Денес Кинески ориз со печурки, го поделив на два оброци, и јаготки. Вчера направив 20к чекори ама каснав благичко за награда
Ден 33 Чипс, банана, 3 кришки тонус леб со посна паштета и салата од див лук, и неколку бисквити со путер од кикирики со какао. 10к чекори денес и малце извежбав со ластик