Ден 34 Денес посен грав со салата и кришки тонус, една чинија корн флекс со млеко и путер од кикирики со какао (мислам дека ради него денес не сум во калориски дефицит). Вчера исто бев во дефицит, но ноќта имав потреба од binge eating, и си дозволив . Дали ви се случува и вас, ако да колку често? Не знам дали смееме да си фопуштаме вака, поради ризикот од враќање во стари навики .
Ден 35 Салата со пченка, грашок, макарони, посен мајонез и туна, и уште една салата со туна, кечап и кромид. Вас ве нема нешто, какое ?
Здраво, барав нешто пишувано за овој суплемент ама не најдов. Сакав да прашам дали некој има искуство со него? https://www.google.com/search?sca_e...haWMSE2Utc3ZfTzNsaUFZcTlNLWZoSU0wASCB-7LiCTAB
Ден 1 Доручек пилешки гради со посен мајонез Ручек грчка салата со пилешко Вечера банана и некое овошје ќе видеме што има низ фрижидер И мене многу често ми се случува навечер да станам и да јадам прекумерено
Топач на масти, би требало да е добар комбиниран со физичка активност. Сакам да си ги воведам во нормала навиките за јадење, поради тоа што не сакам повторно да се доведам до ситуација каква што бев. Во никој аспект не ми беше од корист ни на тело ни на ментално здравје тоа што се здебелив енормно. Освен воздржаност, не гледам друго решение. Да се случува што помалку секој месец. Ден 36 Полнети пиперки со зеленчук и ориз, 4 кришки тонус леб и салата, едно сочке од 200мл 70калории и 3/4 бисквити намачкани со путерот од кикирики со чоколадо. Тоа е за денес, околу 1400 калории внесени (горна граница). Допрва планирам да вежбам, вежбам скоро декој ден по малку.
Ден 37 Корн флекс со какао и овесно млеко. Карфиол во зачини со соја потпечено и каша од спанаќ со палента. Одлично беше, ми требаат повеќе идеи за јадења. Кај сте, оти ве нема? Нема некој што е на пост?
Здраво, Премногу се здебелив, се прејадував многу и моментално изгледам многу лошо. Пребирлива сум во однос на храна, односно не се хранам здраво баш бидејќи не јадам зеленчук, не можам да замислам да внесам нешто од зеленчук бидејќи веднаш потоа ми се повраќа. Дали може да ми препорачате нешто за слабеење да пијам или консумирам, освен вежбање бидејќи одам во теретана кога ми дозволува слободното време, но бидејќи се ближи лето сакам да ослабам навистина повеќе и да се вратам ко што бев. Ве молам немојте само да ми велите на здрав начин или нешто такво бидејќи едноставно начинот на живот не ми е таков, а прелошо изгледам.
Јас го прекинав постот, не сум дома две недели и комплицирано ми беше. Среќа тука немам нешто многу избор за благо, ама затоа јатки јадам мнооогу . Овој пост мислам дека воопшто немам ослабено, или нешто ептен минимално, 2 кг најмногу. Си јадам количински, тоа е лошото…
Не сум пишала долго време. Неам ни што да пишам, комплетна стагнажа на 77-78 скоро три недели. Ама никој не ми е крив, службено патување, па болни, затаив малце и со вежбање. Од следна недела се враќам
А што треба да ти речеме? Пиј ги овие магични се ќе те направат бомбонка? Немат, доста комплицирате. Едноставно е. Широк поим е здрав начин на живот, знам дека ти е overwelming. Со мали чекори почни, исфрли го лебот за почеток. Пишувај тука дневно што јадеш, ќе те критикуваме ќе те поддржуваме и така ќе одиме заедно напред. Само Истрајност се бара. Истрајна си била, како и јас што сум била кога сме ги качувале килограмите, ќе бидеме истрајни и сега. Да ти кажам право и јас сакав фа да го престанам, многу ми е тешко овој пат. Ама ќе истерам не се откажувам, уште малку има. Од овој пост до дега немам многу ослабено, за разлика од лани, ама па и вишокот не е ист.
Аааа нешто не ви се диетува Заглавив на 67 кила. Колку помалку за симнување, толку потешко. Ни вежбање, ни пешачење, ни помалку јадење помага. Лани како симнав до 63 не ми е јасно Ајде повеќе ќе се потрудам
Ах, јас пак на овие твоиве сакам да дојдам.. пак сум над 7цата и ме нервира.. Здравје, сериозно после празников..
Последен пост тука 4 февруари Апдејт: 75 имам сега Цел ми е 65 Гледам да пешачам, вежбам 4 пати неделно тежински тренинг и мене највеќе ми одговара OMAD, (one meal a day) најдобро пазам така калориски дефицит.
Никаков прогрес немам, проклета настинка 10 дена ме држи, не можам да мрднам од дома, енергија неам да отидам до тоалет не па да вежбам.
Дали долго време држиш ОМАД диета и дали јадеш нешто и да не е здраво само да е вкусно? Сакам да почнам ијас со ОМАД после постот
Јас 5ка напред гонам. Ама нешто ни 65 не можам да фатам, а не пак 59. Јбг. Ќе мора уште повеќе да гладувам и плус пешачење и вежбање. Старос, тоВа е