Здраво жени, имав две бремености во нецели две години…од 62кг сега имам 85кг…и никако неможам да ослабам…породена сум пред 6 месеци…две бремености bed rest до крај…
Мој совет е да постепено почнеш да се ставаш во колосек.Почни да не јадеш навечер,исфрли благо и леб и повеќе вода.За 2-3 месеци ќе осетиш разлика
Како сме? Се враќаме полека од празничната еуфорија? Јас убаво си се опуштив овие 3 дена, и морам полека полека да си го враќам режимот. Почнуваме? Со поинтересни рецепти сега.
Вратена сум јас Искрено, не ни јадев нешто што не треба. Затоа сабајле бев 66.5 кг Супер награда за послушноста Бавно, ама сигурно Ајде уште 7 килца и после пак можам да накачам Ама мора да се видам 59 Или 58
Јас на постот мислам дека ништо не направв. Ама за време на одморот некако изгубив желба за благо, што е мал чекор за човештвото, ама голем за мене. Морам да намалам количина, ама тешко оди.
Јас после постот не можам да и се изнаодолеам на хрсната, ако продолжам вака дефинитивно ги враќам се што ослабнав. За постот некаде само 4/5кг намалив. Имам уште некое благце за дојадување, па ќе си го балансирам денот со калориите. И потоа секако нема да купувам тоа што не смесам да го јадам. Со лебот немам проблем, можам да не го јадам, сега нов проблем си отворив, благото. Планирам и интермитент фастинг да воведам, за полесно менаџирање. До 71 кг стигнав со постот, сега нова стратегија за надолу
Ајде и јас почнувам Првиот пат неуспешно Цел ми е -20 кг за колку време не ми е битно Предложете оброци
Дали знаете некои zero calorie пијалоци, освен кока кола зеро и енергетскиве пијалоци? Одвреме навреме сакам да се напијам нешто за освежување, посебно кога работам, но кока кола веќе ми здосади, а енергетски не сакам да пијам. Улетав од нигде никаде, ама стварно ми требаат предлози.
Кисела вода, домашен леден чај без шеќер, цеден лимон има малку калории, вода со овошје во неа за вкус…
Има нов 7уп без шеќер, има кокта без шеќер и не содржи аспартам. Одлични се. Ден 51 Интермитент фастинг 16 саати само, после јадев ловечка со помфрит, едно киндер чоколадце и едно мало парче пица. Не е лошо ко за почеток после празник, полека полека ќе вратам фокус. Тоа бројката на деновите е за чиста мотибација, да не се осеќам како да почнувам од ново . Таман и со јадењево мислам дека ги "ресетирав" калориите.
Ден 52 Салата со јајца и праз и две чаши јогурт. Ловечка плескавица со салата и компири со сирење. И ушињата од чоколадно зајче Имам вкупно 1300/1400 калории. Ќе гледам да не јадам повеќе ништо.
Имаш во Кам едни зеро лименки, нешто налик на Фанта, во Веро зеро леден чај, има и Швепс зеро ама зависи каде ќе го начекаш.
Полека се враќам назад во ритам после настинката која ме кутна во кревет две недели. Изминатава недела два тежински тренинзи, денес кардио, недела во план сум уште еден тежински до крај на неделава. Свесна сум дека најголем проблем ми е храната, реално за празнициве се опуштив и еве веќе доооолго време стагнирам на 78. Знам и дека дел од тоа е мускулна маса бидејќи се чувствувам послаба во одредени делови од телото и облеката ми стои поинаку. Но екстремно фруструра што сум заглавена на оваа тежина бајаги време.
Утнав што утнав, почнувам нов почеток. Тие деновите што си ги броев ништо од нив, бидејќи поминаа ќе почнам наново да бројам. Сакам да почнам среда и петок да ги постам за да си воведам мала дициплина од постот. Приметив и расположението како ми оди надолу со јадење се и сешто. Значи не само телото туку и паметот се подобрува со диетувањето. Ден 1 Поручек јаболко со кафе Ручек варени компири со салата Денес малце пост, да го исчистам телото од токсини. 12 000 чекори до сега 73 кг
Дечки едно брливо прашање....Дали постои некаде ЗДРАВ еурокрем или слично? Ама таков ко за дијабетичари (ако воопшто смеат они еурокрем) Значи јас не можам без благо и обавезно една лажичка секои 2 дена си кркам ама стварно на други работи внимавам и веќе ослабев 5 кг...сакам да продолжам да слабеам ама морам да најдам поздрави алтернативи... Па за 40 дена пост ова е супер не е ич малку...И јас сум на исто, иста килажа сме и исто сме симнале за време на постов! Сега внимавам да не ги вратам ама сакам уште да слабеам
Има ,ќе си направиш од урми и какао, слично на еурокрем https://www.google.com/url?sa=t&sou...4QFnoECCAQAQ&usg=AOvVaw3g-AbUqjBBx6Aojr6G_vWG
Има еден путер од кикирики со какао од Стокомак, ама вкусот му е фантазија исто како еурокрем. Јас за време на постот си мачкав бисквити со него и ми беше преубаво. Има и веганска нутела, ама не знам колку е здрава. Си мислам можеш тој путерот од кикирики некако и сама со стевиа да го направиш. Се убаво ама кога се отпуштив после постот не знаев што попрво да изедам... Стигнав еве до 73 кг. Сега еве почнав наново здрав режим да си воведам да ми трае засекогаш, а не само за време на пост. Вчера почнав, вечерта бев гладна и си направив сок, во чаша вода ставив лимонска киселина и стевиа неколку лажички и премногу ме засити.
Јас дојдов само да си пишам, слаба сум ама раскашавеана, со диети неможам стомакот да го тргнам, па така си чекам сега август месец да тргнат моиве на градинка и школо па ќе почнам да трчам. Кондиција неам, пушам како турчин, кашлам како дедо насабајле, може и срцев удар да ме стегне, ама нема да се откажам.
Ехееее ги направив уште минатата недела. Рецептов е бомба само наместо како назам, ги направив како мали бомбици, си јадам по едно на ден. Ама сакам баш нешто нутела стил, да најдам нискокалорично и поздраво и да мава на чоколада повеќе Ајде баш ќе го земам, мислам дека знам за кој збориш со плаво или виолетово капаче беше.... Мислам дека го имам испробано и дека е предобар, го имам заборавено. АМА ако најдам помалку калорична опција ќе споделам (се сеќавам дека пак беше калоричен тој крем исто колку нутела ама можда поздрава опција) Да , да тотално те разбирам. И јас како мрдната јадев после постот и сега полека се смирувам бидејки стварно не сакам да ги вратам кг, па се што можам да заменам за поздрава варијанта го правам тоа