Ден 2 Се стабилизираме полека. Нема денес уживанции во природа за мене па одиме стандард. Поручек супа пилешка Ручек 3 мали мекици со сиренце и јогурт (па богами убаво си каснав сиренце , па затоа нема повеќе јадење денес .)
Да се пријавам и јас на рецепција. Два дена јадев и што треба и не треба, вагата уште на 66. Не ми е јасно како Ама не се бунам Очигледно претходно малку јадев, затоа не намалам на килажа. Хпл ова диетава моја
Вчера јадев глупости и тон бел леб После станување цеден лимон со млака вода. Денес петок постам па за појадок имав овесна каша со вода варена, со банана кикирики путер и шумско овошје. И секако турско. Ручек: интегрални тортиљи со хумус, туна, краставичка домат и марула. Овакви мислам дека можам да јадам секој ден додека не ми се смачи. Сега ќе си правам нес со овесно млеко и мнооогу лед. За вечер планирам салата ( марула краставичка домат) со печен сладок компир и лосос или можеби сардина ако ме мрзи да спремам. И да, си изблендирав шумско банана и овесно млеко онака густо и го ставив во замрзнувач како здрава опција за сладолед ако ми текне. Утре планот е само протеини.
Ден 3 Поручек скокнав, со кафенце се попеков на сонце и ми летна времето. Ручек посно гравче и салата со посна изварка и краставички, цвекло, фстак и посен мајонез. Вечера најверојатно ќе каснам исто од ручекот. Се радувам што повторно си се вратив со редовност.
Здрав не знам дали е, али имаш кремови со стевиа. Купив еден ама не знам дали е третиот или го нема на сликата, беше баш како течен еурокрем, со плус парчиња лешник внатре. Феноменален на вкус. Само шо на потешкиот пат дознав дека е со стевиа (телото ми ја неќи, за жал). Овие шо се во долниот ред се баш еурокреми ама мислам дека се со шеќер/без вештачки засладувач место шеќер. Исто така 10/10 на вкус.
Јас ги земам од апла локална продавница во Битола. Шо дур чудно таму да има нешто ама поќето од овие ги има.
ќе прочепкам по Скопје, се надевам ќе ги најдам! Ако некој ги видел низ СК нека пише Фала за предлогов изгледаат одлично! Иначе за сите што ги интересира што земав како замена за благо...Освен тие бомбиците што ги имам, прочепакв низ сите рафтови со намази и кремови и сите ама бувкално сите за 100грама имаат околу 500-600 калории....без разлика здрав, помалку шеќери итн итн....и на крај решив да земам ФИТ ЧОКОЛИНО... да знам нема врска со еурокрем ахахахах ама кога ме факја стрв за благо си го правам ова чоколино со ниско калорично млеко и што да кажам...врв сега за сега топ ми е и не се осеќам дека се лимитирам
Ако јадеш неколку денови,се чува во фрижидер.Можеш и поголема доза да направиш инаку трајност си има ,нема конзерванси ,здрав крем е за разлика од купените производи
Дечки се мислам....дали да отворам посебна тема како дневник за мојата исхрана и слабеење или доволно е тука да си пишувам во темава? сакам малку поопширано да зборам и да споделувам со слики како што спремам и како ми иде со слабеењето...плус со посебна тема попрегледно ке ми биде што како јадам...мислите дека ќе ја избришат?
Ми се допаѓа идејата, отвори, ако ја избришат тогаш овде можеш да продолжиш. Јас те поддржувам Мислам дека и овде можеш, повеќе така се мотивираме со секојдневен репорт на тоа што јадеме и така се бодриме една со друга.
Ден 7 Палачинки неколку (многу изедов, 7/8 можеби)со песто и сиренце и јогурт. Еден протеински пудинг. 11000 чекори
Ден 8 Поручек банана и кафе Ручек посна манџа со киноа и мало парче леб од црвена леќа, и некое парче сладок компир печен. Вечера исто од ручек. Чекори 10к
Не? Немам моментално да видам, поточно овие со стевиа само еднаш зедов оти не прочитав дека се со засладувач (не можам да јадам, ми прај проблем). Ама ги пишав зошто побара членката без шеќер ("ко за дијабетичари"). Од каде, не можам јавно да пишам. Пошто како шо реков, локална продавница е и ќе се знај од кај пишам/кај живеам. Према името, ако си од Битола, пиши ми ЛП ќе ти кажам. Јавно не.
Дали некој може да ми објасни што ми се случува и како да си помогнам? Имено, подолго време се трудам да ослабнам, пишував и тука. Јо-јо диети беа, не успевав никако. Дурии накачив кила. Цела 2024 се обидував да ослабнам и во моментов сум +7 кила од тогаш. Имам нередовни циклуси и хормонален дисбаланс, можеби и ПЦОС. Ама ова што ми се случува последниве 10 дена не ми се десило никогаш досега и не можам да го објаснам. Претходниот петок откако дојдов од трчање (10км), ми се направи ненормална задршка на вода. Ништо не исфрлив, итака продолжија деновите, некогаш помалку, некогаш повеќе. Во петокот имав околу 59,4кг, секој ден се накачуваа. Во средата пак исто ми се деси, 10км истрчав и ништо веќе не исфрлив за во четвртокот да бидам 60,7кг. Потоа два дена вежбав во теретана, намалив 500г. Да напоменам дека секој ден внесувам 1000-1100 калории. И да, знам дека е премалку, ама се плашам да јадам повеќе гледајќи дека и вака се зголемува бројката на вага. Вчера после теретана јадев омлет, што испив вода, чај, продолжив со clean исхрана и не ги прекорачив калориите, денес бев +1,3кг од вчера. Се што изедов и испив остана во мене. Денес ми е 53 ден од циклус, но веќе не знам ни дали имам пмс симптоми или немам. Обично ми се случува пред циклус да имам задршка на вода, но не волку многу и волку долго. Не знам како да излезам од овој циклус, се убив од плачење и обвинување на сама себе. Самодовербата никогаш не ми била полоша, едноставно не си се допаѓам вака. Не си изгледам убаво. Ама стварно не знам веќе што е работата. Дали некој има идеја или лек? Пробав секакви чаеви, пробав се.
Твојот опис е многу искрен и боли да се чита затоа што очигледно вложуваш многу труд, но телото не соработува. Еве и зошто не? Премалку калории (1000–1100 дневно) Ова може да биде голем проблем. Кога телото е во хроничен дефицит, особено кај жени, тоа: Забавува метаболизам, Го зголемува кортизолот (стрес хормон кој задржува вода и масти), Ги нарушува хормоните (особено ако имаш ПЦОС), Почнува да се „брани“ – како што ти велиш: „се што јадам – останува во мене“. Вежбање без соодветен опоравок и внес По 10км трчање, ако не внесеш доволно електролити, вода, јаглехидрати и протеини, телото се „стиснува“ во аларм: задржува вода, одбива да слабее и понекогаш дури и надува. Тоа не е маст, туку одбрана. ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ: Зголеми го внесот на калории постепено Звучи контраинтуитивно, но ако 2 недели јадеш 1300–1400 ккал со баланс (протеини, здрави масти, комплексни јаглехидрати), метаболизмот може да почне да се буди. Во спротивно – само ќе трупаш вода, кортизол и фрустрација. Фокусирај се на намалување на стресот Кортизолот е често невидлив саботер. Обиди се со: Длабоко дишење, Опуштени прошетки (не само интензивни тренинзи), 7–8 ч. сон, Пауза од броење калории. Намали сол, кафе и преработена храна (макар и „фит“) Исто така, зголеми внес на магнезиум (можеш и како суплемент) и пиј вода со лимон или нане, за природна дренажа. Не си сама. Не е до твојот карактер или волја. Телото не работи како калкулатор. Тоа е жив организам со хормони, стрес, генетика и фази. Твојот труд не е залуден, но бара друг пристап.