Вервам имам пишано на темава за премал внес на калории и се шо ова пиша е резултат на то. И жал ми е дека врвиш низ ова, ама мора да почниш да јадиш за телото да се осигура дека храната не е под знак ? туку дека е нешто шо редовно го внесуваш за да почни да се однесува како да сака да ја троши та храна. Сфати го вака, храната му треба на телото за основни функции. Ако нема храна - тешко се обавуваат функциите. Телото гледа дека изворот на храна не е добар/траен/постојан и како резултат на то ја складира та храна во случај да не добива храна во иднина, или ако продолжи да добива малку. Со јадење поќе храна иницијално ќе се здебелиш пошто уште телото "штеди" и после наеднаш ќе намалиш со килограмите ко ќе телото почни да ги троши калориите оти ќе види дека добива то шо му треба. Еве не мора да зголемиш многу калории за почеток, пробај барем над 1.2-3к да си на почеток и никако под то, како шо пиша дека си уствари. Ти максимално се трудиш, ама воедно телото се мачи. Мора да сме нежни и да работиме заедно со телото за и то да работи за нас, а не против нас.
Пиша "можеби ПЦОС", би ти препорачала прво да отидеш на гинеколог и да ја потврдиш или отфрлиш дијагнозата. Зошто? Ако веќе ди ПЦОС, има шанса да имаш инсулинска резистенција, која знае да биде досадна. Е сеа, јас исто теоретски мислам да накачиш малку калории, ама знам дека технички ќе ти е тешкичка математиката психички да ја поднесеш, знам какое. Јас би ти препорачала, да јадеш без да броиш (секако да внимаваш на емоционално прејадување или некој сличен проблем, ако веќе е случај кај тебе. За да не заминеш во екстреми секако), е дега од советот "јади повеќе" ти светка црвено сијаличе, ама смирено. Верувам дека нема да се здебелиш бидејќи сигурно си ја имаш веќе научено количината и верувам дека нема да се здебелиш. Организмот има тенденција да ги прилагодува дневните потреби врз база на долгорочниот калориски внес, така да за твојот организам сега е 1100 калории доволно за да одржува тежина. Но, ти сега ќе бидеш паметна и ќе ги направиш првите чекори што ти ги пишав. Ако имаш ПЦОС или почетен ПЦОС тогаш ќе ти препорача докторот Елова најверојатно, што содржат миониозитол. Јас би ти препорачала Инозитол, ги има од NOW, тие помагаат при инсулинска резистенција. А со храната, не да застанеш да математисуваш и да се оптеретуваш, бидејќи и тоа е некој мал стрес врз организмот. Едноставно одмори од броење,ама многу важно, фокусирај се на повеќе физичка активност. Никако не смееш да зголемиш калориски внес без физичка активност. Само пешачи, труди се 10к чекори да ги имаш, и повеќе ако можеш, доволно е. Кажи ни што ќе смениш и како ќе ти помогне.
Полека се движам надоле, денес се мерев, 73 кг 10 јуни идам на одмор, океј сум. Лани ова време имав 86 кг.
Браво, дали имаш намера да одиш уште надолу или задоволна си? Сакам и само сакам да почнам, ама некако ми годат килограмиве и никако да симнам нешто повеќе
Ајде и јас се спремам за лето. Ден 2 Поручек јајце со протеинска изварка Ручек плескавици и јогурт некоја чаша. После тоа едно смути со спанаќ. Почетна килажа 73 кг.
Иста килажа сме Претежно за доручек јајца, варени или омлет во тортиња, рукола и луто сосче Ручек пилешко варено со компир среден/ориз/киноа Вечера секогаш ми е утка, затоа не одам веќе надоле со вага. На нервна база, малава не спие до ниедно време, вади заби... Јас чипс или смоки знам да отворам и после се каам и така во круг
Морам и јас да се вклучам во клубов. Абе не знам колку пати во овие задни 2 години правам ослаби врати килажа ама тоа ми е од недоследност неводење рачун. Ама морам бе. Прво чисто поради здравје
+1 i pisav na onaa klaudija fitnes trener sto i da e, ima nekoja programa raketa do leta me zaintrigira, se zapnala da sme se videle na kamera ko na dejt da ja vikam zeno daj programata ke platam sto ima da me gleas ne e tolku kriticno
Дечки како до издржлив калориски дефицит? Со години се трудам да симнам 5-6 кила, ама секогаш се откажувам бидејќи ми е претешко да мерам све опсесивно и премногу се обвинувам кога ќе ја прекршам диетата. Имам проблем со binge eating во "cheat day", па binge епизодите некогаш ми траат и по неколку дена додека не вратам све што сум изгубила и одлучам да почнам на ново по не знам кој пат. Вежбам минимум 4 пати неделно по 1 час, а за внесот ми е 1500 калории што не е прениско ама сепак не издржувам. Совети?
Денес понеделнечки, не знам веќе кој ден е, ќе почнам одново. Се нервирам држам неколку дена и потоа не пазам. Сега ќе се обидам да ја земам работата посериозно, бидејќи пробував купаќи, задоволна сум пак со тоа што го успеав до сега, но сеуште не е она што навистина го сакам. Па се разочарав малку, до сега можев да симнам и повеќе, а не да си јадам без контрола. Почнав и благо да јадам и забележав дека и здравјето ми се влошуваше, често бев отечена и како без сила. И најмногу поради тоа сакам да продолжам здраво да се хранам. Сега ќе се обидам со ОМАД оваа недела, малце и да го испразнам организмот. Целата сум подуена. Ден 1 Протеински бурек (со корнфлекс, сирење и котиџ) едно осминче, 3 јајца и салата со краставица и домат.
Ден 2 Поручек - две јајца пржени со протеинска изварка. Ужинка - банана Ручек - пилешка чорба, салата со домати и чаша јогурт.
Прво нема да имаш чит деј, туку ќе имаш чит оброк. Цел ден јади здраво, вечерта ако ти се пријаде слатко изеди ред чоколадо, сладолед, кришка леб со крем или што да е слатко, па и бургер некој, пица, кифла, шо да е. Ама да не е секој ден, еднаш на 3-4 дена, ќе видиш како полека ќе стане еднаш неделно. Јас почнав со преку ден да каснувам нешто ситно, па на 4 дена, па сега еднаш неделно а некад ни толку. Не гледај да броиш опсесивно, види што ти одговара и како, пример ако ти одговара грчки со овес и овошје, јади тоа два дена, па еден јајца, еден врап, па пак 2 дена грчи со овес и овошје, некогаш некој шејк, е некогаш нека е и сендвич некој или лепче со нешто, па и бурек еднаш на 3 недели да изедеш, ако го научиш организмот дека ќе се храни здраво, еден бурек нема ни да го исперцепира. Јас сум точно 1м, и на прсти од една рака се бројат утките, за 1м имам ослабено 5 кила, супер ми е, на мене се гледа повеќе искрено зошто имав многу премногу вода задржано. Вежбај со план, понеделник тотал боди, вторник нозе, среда раце, четврток одмарај, петок стомак, сабота тотал или некоја табата, недела одмор. Направи план, без план е потешко, луташ, мене бар со план ми е полесно. Ако си јадела јх во појадок за ручек и вечера никако, ако не си јадела јх касни една кришка леб за ручек. Ручекот нека е манџа, месо со салата, месо со житарка, риба место риба. Вечера исто, салата некоја, со јајце варено, со наут, со парче месо ако не си ставила во ручекот, со фета, со што било со протеин, ако не си јадела јх дента, направи си врап со салата и некој протеин. Вака и после 1м и да кикснеш со пица, бургер или сладолед не само што нема да е ништо важно, туку и убаво ќе се осеќаш кога ќе видиш колку ти се намалил желудникот. Кај мене ова делува и вака сум успеала досега 2г пред да останам трудна и се опуштив, па еве се враќам сега пак.
Дали има некој овде што работи сменски? Луѓенца одкако заодев 3та смена подуена сум како балон килажа иста ама обем визуелно катастрофа. Ред никаков општо а не па за исхраната. Тотално нарушен биоритам. Дали има некој кој оди исто така сменси да си се консултираме у пп? Навистина ми требаат совети да си фатам редот
во текот на еден ден да се мериш 5 пати ќе забележиш варирање од + - 2кг Иначе ако сакаш за 2 дена толку да смалиш ќе треба недела дена да си на сирова храна (овошје и зеленчук) и без солена храна леб или благо. Со среќа.
Се вратив од одмор, +2 кг Буквално уживав и не размислував на калории. Денес и утре сум на родендени па од понеделник почнувам да пишувам тука, сакам уште - 10 кг до крај на лето. Темава не е активна некако, ми фали тој летен boost од членки да се бодриме. Лани 86, сега 75, цел ми е 65