Знам, кога губам мотивација за слабеење, одам во пребарување, трк во темава и сите твои мислења ги читам Мора малку инат да ме фати, инаку ќе ги вратам лесно сите што ги симнував тешко
Абе какво губење мотивација? Си ставаш в памет дека наредните месеци ќе јадеш месо и брокула и точка. Јас 1 месец јадев само пилешко и брокула. Не ни огладнував. Од јуни до декември симнав 30 кила. 25 до октомври. Ич не било тешко. Пешачење, пиење многу вода (и кафе) е тајната. Е сега, нема уживање во храната ама тоа е. Сега уживам, јадам што сакам, ама се контролирам. Сега дури и повеќе јадам од претходно, колегите се крстат како можам да изедам 3 порции јадење и пак да сум "слаба". Кога ти треба поддршка, пишувај овде. Белким ќе се вратат на темата некои од диеталките од пред некоја година.
може да се дружиме? јас пред да останам бремена си првото (во далечната 2012 година) имав 57 кг се породив со 65 се вратив на 57 не знам како ама ... со второто пред да се породам (во 2018год) исто 57 кг пред да се породам качив до 67 и после пораѓај 60. Сега сум стока (66.5 кг) висока 152 (метро и желба за растење) ама тежината последнава година ипол ми варира. Не ми е толку битна бројката колку што ми е битен обемот. Последниве неколку месеци скрос се запуштив ама веќе мора да си ги земам конците во раце и да се стегнам
Ајде добро утро Си дојде понеделник, може да се почне Ќе гледам да имам еден оброк, ако ме фати криза ќе се молам на сите светци од сите религии да помине. Почнувам со 74 кг Со среќа на сите и со лесно
Испитај да не имаш дијабет,тироида и хормони,па види после,да не е здравствено,ако не е тогаш си знаеш сама.Пијам метформин 500 мг,апетит смален,по препорака на доктор. Центарот за обезност во „8 Септември“ функционира со упат од матичен лекар, а термини има за три дена во неделата. Во него има и нутриционист, психолози, тим ендокринолози, ортопеди, хирурзи.Еве инфо за тие со проблем да не е мачат сами. Не знаев дека има вакво нешто кај нас на државно посебен оддел,случајно открив кога одев по друго на лекар.
и јас не сум знаела. Еве прв пат слушам. се двоумам и за тоа. Прво сакам да променам исхрана и пак да почнам со вежби. Па ако не даде резултат да одам на лекар
Ова е ново кај нас од 2023,лани го открив случајно и кажувам на сите што сакаат диета и имаат повеќе за симнувње,дебелината е здравствен проблем најпрво,после убавина.Сигурно е полесно со доктор, отколку вака сам свој мајстор.Се разбира секој си знае за себе најдобро.
во право си. Следам емисии од странство,таму за жал има страшни случаи ама има и кадар за такви работи. Добро е и кај нас што се воведе само прашање е колку луѓево ќе се осврнат да побараат помош.
Полош совет одамна немам прочитано. Еднаш на ден, едно исто со месеци... Али јаглехидратите се ноу ноу, дебелее тоа. И треба да е уживање во храната. И здрава храна може да е вкусна, ако знаеш да ја зготвиш. Ептен мотивирате вака, нема грешка.
Со здрави, избалансирани оброци, физичка активност и долгорочен план, не за 6м, за година, две, зошто во спротивно не е здраво, не е добро и се враќа секое килце при прв помал крах. Не викај сеа, еве јас не вратив, не зезај, се враќа се. Башка не е дека со овој начин може секој да фунционира, има луѓе кои имаат одговорни, физички работи, не може секој со еден оброк стек и брокула да функционира. Да не збориме дека не е добро за желудник и општо за здравје.
dorucek limonada i ovosje, rucek salata so 3 jajca i parce mocarela i lepce, vecerata planiram oslic riba i salata
Од тоа што го гледам кај Димитар и Сара Мејс, никад не би уплатила кај неа. Бучкуруши. Верувам слабеат затоа што не јадат ништо од тоа. А плус фактот што три пати годишно Сара е кај неа на режими ми кажува дека нејзините режими не се одржливи.
И јас од кај нив ја дознав. Ама не се разбирам ич во здрави оброци затоа ме интересира туѓи искуства.
Да и плус нема слики од луѓе како што ставаат други нутриционисти пред и потоа, нема ни една таква слика.