(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.854
    Допаѓања:
    109.918
    Пол:
    Женски
    Мене ми е доволен доказ фактот што Сара слабее 3 пати годишно со нејзините режими, што значи дека или не чинат или не знае да мотивира. Јојо очигледно има, има од сите режими, ама ако си добар нутриционист или бар некој кој се занимава со оваа проблематика, треба да знаеш да го менаџираш овој дел. Јас не би и дозволила на Сара да ме тагира ако знам дека секое годишно време она слабее со мене.
     
    На Hoping му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mimi4777

    Mimi4777 Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2023
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Немам многу време да готвам да се хранам некако да кажам здраво. Сакам да ослобам едно 5 кила мотивација супер во текот на целиот ден навечер ужасна желба за глад, за грицкање катастрофа. Не можам да издржам ако не изгрицкам глупости, за на крај да си речам боље требаше да вечер а не вака глупости. Дека сум изморена навачер ме фаќа уморот деца ќе заспијат и тогаш тоа е таа желба. Гледам на реклама ми се појавуваат тие апчињата слим бустер искуство со нив? Мене ми треба да ми ја убијат желбата да јадам, да не ми се јаде :)
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.854
    Допаѓања:
    109.918
    Пол:
    Женски
    Зошто да не ти се јаде? Јади, ама тоа што треба. Јади здрави и балансирани оброци за да бидеш сита и да немаш желба за таква храна. Само редовни оброци може да ти помогнат, ништо друго.
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  4. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.259
    Допаѓања:
    8.528
    Пол:
    Машки
    Не мора да значи дека ако навечер си јадела калорично дека наредниот ден одма вагата ќе покажи плус. Битно е на крајот од денот да си во калориски дефицит односно телото да се стави во режим да троши и работи од складираната енергија т.е салото а не од енергијата од храната. Ако вечерата била калорична или ете грицки, нема да качиш плус ако претходните оброци ти биле нискокалорични, пример доручекот, ручекот. Е ако од сабајле до вечер т.е доручек, ручек, вечера ти биле висококалоричните оброци, тогаш ќе се поправаш зошто само го трупаш со енергија телото а не може да ја искористи и вишокот енергија т.е калории мора да завршат некаде т.е да се складираат како резерви за "кога ќе затреба", ако некош телото се соочи со глад, си прави залихи. Телото не познава дали на вечер си јадела висококалорично, или не, или сабајле, пладне. Битно е кога ќе легниш да спиеш да си во дефицит.

    Е сега која е разликата меѓу здрави и избалансирани оброци и нездрави оброци.
    Ти можеш да ослабиш и со нездрави оброци, доволно е на крајот од денот да си во дефицит, но каков бенефит има телото од тие оброци? Никаков. Празни калории и постојано чувство на глад.
    Кондиторската храна најчесто се рамни со отров зошто го нарушува здравјето. Таа храна ги успорува и гори хормоните, особено тие клучни хормони кои се задолжени за слабеење и за одржување на имуниот систем здрав. Хормоните се како ланец од лифт, ти одлучуваш како ќе се движат, нагоре или надолу.

    Ако јадиш здрави оброци, месо, риба, салати, млечни производи, овошје умерено, пиеш доволна вода и се хидрираш, тогаш хормоналната функција ја подобруваш, буквално ги "подмладуваш" сите хормони особено тие што се задолжени за слабеење како инсулин, гликоген, кортизол, невршејки му на телото дополнителен стрес од лошата исхрана, а со таква храна избалансирана и и поздрава ем ќе го забрзаш процесот на слабеење и плус ќе го подобриш здравјето, имунитетот, ќе имаш повеќе енергија, расположение и се останато.
     
    На IamSexyAndIKnowIt и LocoCroco им се допаѓа ова.
  5. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.314
    Допаѓања:
    4.862
    Пол:
    Женски
    Згора на се 19.000 е месечно...
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cycloastra

    Cycloastra Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2023
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    340
    Пол:
    Машки
    Можам да јадам многу малку и да издржам глад, но можам и многу да изедам и да се прејадам. Можам само зелена салата да ми е ручек а можам и најмасно месо да јадам. Така не ми е проблем да симнам или качам килажа. Тешко е да се навикне човек на глад или прејадување но е можно.
     
    На IamSexyAndIKnowIt и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  7. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.680
    Допаѓања:
    2.939
    Пол:
    Женски
    Гладувањето е пола вечност. Размислете дека денес 99% од сѐ што јадеме и пиеме е отров и го убрзува процесот на дебелеење, стареење и побрзо умирање. Колку помалку јадеш, толку поздрав си, одржуваш тежина и имаш повеќе сила. Сѐ е е навика и дисциплина. Џабе кукате и се жалите дека не можете без грицки и junk food навечер, можете ама не сакате доволно и не го сфаќате тоа сериозно, затоа не слабеете.
     
    На Aleks.mar, AngelOfArh, penelope10 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.517
    Допаѓања:
    14.354
    Пол:
    Женски
    Како?

    Ај пробај гладувај, што е можно помалку калории, еве да речеме под 1200, и имај сила планина да поместиш. Можеш?

    Храната е енергија и гориво на нашиот организам. Е сеа тоа што ние претеруваме и јадеме и што треба и не треба, се трупаме, тоа си е друга работа.

    Ама вака да те чита некој, ќе помисли аха, гладување му е мајката, и ќе заебе нешо.

    А тоа шо со гладување успоруваме метаболизам? Или не е така?

    За ова си у право, но треба решителност пред се, треба волја.
     
    На Aleks.mar му/ѝ се допаѓа ова.
  9. dead.flower23

    dead.flower23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    1.779
    Пол:
    Женски
    Телото се навикнува на глад и станува најсовршена fat burning machine јас 2 дена постам на вода само и не ми се јаде ништо се хидрирам постојано и на водно се качувам на гладно немам проблем. И јас ослабев 40 кила како што кажува членката погоре со еднаш на ден јадење но јас јадев разновидно секој ден си готвев здрави оброци. Сум сфатила колку повеќе јадам толку сум по гладна. Постот ги регулира хормоните на глад и веќе ја немаш таа потреба за грицки .
     
    На Gosh и IamSexyAndIKnowIt им се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.854
    Допаѓања:
    109.918
    Пол:
    Женски
    Па не мора планина да поместиш, а со 1200 калории на ден, па и со 1000 се живее, се функционира. Може не можеш маратон да трчаш, ама можеш да функционираш нормално. Ако внесеш тренинг во дневната рутина 1200 -1500 калории ти се сосема доволни, 3 оброци, од кои појадок 300, ручек 500-800 и вечера 400, топ, мене најважно и најубаво ми е ручекот да ми е обилен и калоричен, зошто ако не ручам асално нема шанси да издржам до вечера и само ќе грицкам, вака топ ми е. И се разбира многу вода за да не јадеме од навика. Се е до мозокот.

    Инаку од вчера почнав сама да си правам тренинзи, топ ми е, само уште исхраната да ја регулирам. Извежбав вчера 3 круга по 6 вежби по 12 повторувања пилатес со тежини, за цело тело, плус 3 круга по 40сек спринт, со 20сек пауза и 3 круга по 40сек пленк со по 20 сек пауза. Се загреав малце подолго со 10мин тренинг за загревање, а се истегнав со мој тренинг некои 5-6мин. 40-50мин многу убав тренинг. Само уште да ја средам исхраната, а до тогаш ќе комбинирам со појак тренинг.
     
  11. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.259
    Допаѓања:
    8.528
    Пол:
    Машки
    Со гладување, да ќе ослабиш, ама и ќе го истопиш и веќе постоечкиот мускул. Кога се слабее, се топи се. И телото ќе се успори, метаболизмот ќе се стави во "safe mode" и хормоните ќе ги успориш без храна, ќе се навикнат така на минимална храна и ако внесиш некогаш повеќе ќе му настани шок, зошто си го програмирала на малце енергија а телото е паметна машина и се прилагодува на променитре. Најголем потрошувач и топач на калории е мускулната маса, никој не вика да се билда и вежба тежински, но тој стекнат мускул што го имаш треба да стани енергетски потрошувач, а со тоа воедно да топиш сало а и да го зачуваш мускулот.

    Правилна исхрана, сон, вода, физичка активност = слабеење. Ако е за тоа, кога спиеме телото највеќе согорува калории а не кога гладуваме.

    Се ова пропаѓа во вода, залуден тие трудот особено ако правиш вежби со тежини.
    Мускулот работи на гориво, енергија, на калории. Со 1000 калории тешко дека прво ќе сочуваш мускулна маса а не пак да изградиш нова.

    Никој не вика тие калории да се од кондиторска храна.

    Здравјето почнува од чинијата не од гладувањето. Потоа е сонот, вода, активност, за силен имунитет, хормони, слабеење.
     
    На H.VAGA, Mr.Limonko и theowndemon им се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.854
    Допаѓања:
    109.918
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се слагам, телото се прави во кујна, а се оформува со тренинг. Ама исто така не збориме и за тежини масивни со кои ќе оформиш мускул зошто на тежина 20+ за симнување не правиш тело, туку топиш масти прво. Е после кога ќе дојдеш до тој степен да оформуваш мускул, нормално дека ти треба гориво и како што кажа, со здрава и квалитетна храна. Со чипс, смоки, вафли и сладолед не се слабее и не се прави тело. Многу ме нервира некој кога ќе рече, цел ден ништо не сум јадела, само грицкам за да се залажам, оп тоа грицкалиците 1200 калории само до пладне. Имам такви на работа, затоа ти кажувам.
     
  13. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.517
    Допаѓања:
    14.354
    Пол:
    Женски
    Значи на вода само да функционираме, и без храна..
    Алал да ви е, шо да речам. Ова никад не би можела и пресурово нешто ми е, многу екстремно.

    Зашо тогаш многу луѓе завршуваат у болница, анемични стануваат, им се врти и сл.? Замисли и на терапија си, а не јадеш нишо, само на вода си..

    @AngelOfArh премалце се 1000, прееемалце, уште и физичка активност да имаш, а гладуваш..
    Ќе цркнам жими све.

    А коа вежбам јас лично, поише и ми се јаде, така да не можам да замислам со 1000 да живеам. 1500- 1700 ми е сосема ок, и имало резултати.

    Пак ќе речам алал да ви е ако ова ви е нормално, издржувате и сосема нормално функционирате. Некој саат да неам јадено, желудник боли, глава боли и нишо не е ок, не пак со денови.. Се осеќам одма ко за болна, со енергија 0.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.854
    Допаѓања:
    109.918
    Пол:
    Женски
    Види и 1800 да изедеш не е проблем, проблем се грицките. А да не се лажеме, не трошиме на тренинг поише од 400 калории, и тоа ептен некое кардио. Јади ти протеини и здрави масти, минимум јх и без чипсови и грицки, ич не се проблем 1800 калории. И нема да изедеш 1800 калории така, зошто треба да изедеш големи порции кои нема да можеш да ги изедеш. А една рака џанк фуд ти крева 300 калории ко ништо, епа види дали е исто некој убав чиа пудинг со овошје и путер од јатки или едно раче грицки кое у заб ќе ти влезе. Одбери паметно, што ќе јадеш и колку. Не викам дека јас во уста не ставам, знам еднаш во 2 недели да грицнам некој чипс со пивце, ама не секоја вечер.
     
  15. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.259
    Допаѓања:
    8.528
    Пол:
    Машки
    Не е точно.
    На тежина +20 ти имаш веќе постоечки мускул и ако вежбаш и јадиш правилни калории, ќе изградиш и нов, иaко имаш +20 вишок килограми. Но тој мускул нема да е видлив зошто е покриен од салото.
    На +20 вишок килограми е многу полесно со правилна исхрана да го сочуваш мускулот, воедно да градиш нов а во ист режим да го ставиш телото да топи сало за да тој мускул стани видлив односно "да се исчистиш од мрснотијата".

    А многу потешко е прво да ослабиш со гладување, да истопиш и сало и мускул, без калории, да се истопиш целосно и да започниш од ново да создаваш мускулна маса, од 0.

    И секој професионален билдер ќе дај одговор дека: Потешко е да создајш мускулна маса кога си слаб/а и почнуваш од 0 и си магнет за фрижидер зошто треба да булкаш, да јадиш вишок калории за да ставаш маса, него ли да сочуваш и градиш нова кога си дебел/а со вишок килограми. Зошто овдеки, ти имаш веќе маса, ти фали чистење за да стани видливо се. А од спротива, е потешко. Што е полесно, да реновираш или да градиш од темел?

    Без разлика на вишок килограми или не. Правилната исхрана и сонот се клучни кога станува збор за мускулна маса. А со гладување и без сон се ова пропаѓа. Нема гориво за мускулите, а ако не се спие доволно нема ни раст на мускулите зошто тие тогаш највеќе растат а не кога се вежба, исто и кога спиеме највеќе и слабееме него кога гладуваме.

    А за џанк фуд, колку побрзо се ослободиш тоа подобро за целиот систем на телото.
     
    Последна измена: 16 јули 2025 во 11:00
    На H.VAGA, MikicaBt, Katie90 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Активен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Машки
    Нема врска редоседов, треба да се внимава и на исхраната и на тренингот ако сакаш мускул. Само со гладување не намалуваше килажа поради губење на масти повеќе губиш вода и мускул.. Треба да вежбаш и да внесуваш доволно протеини, јаглехидрати... Треба да го задржиш и постојаниот мускул и да градиш нов, ти можеш да изградиш мускул и пред да истопи сало, само мускулот нема да се гледа. Исто така мускулот троши повеќе калории, колку поголема мускулна маса толку побрзо трошиш калории. Ама треба да е избалансирано и храна и тренинг.
     
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.854
    Допаѓања:
    109.918
    Пол:
    Женски
    Ок, ама стварно мислам дека не се разбираме. Не се добиваат вишок 20 кила од јадење пилешко, јајца и салата, тоа е килажа од џанк и многу повеќе од 1800 калории на ден. И јас не велам да се гладува зошто ни јас не гладувам, јадам 4 редовни оброци на ден, сигурно не сум под 1500 калории дневно, и вежбам плус и ниеднаш досега не сум осетила слабост. Исто збориме а не се разбираме. Апсолутно се слабее со тежини и побрзо и поубаво, и со здрава храна и со се, зошто не сум некоја твиги која бута хамбургери, мене еден одмор од 10 дена ме вади од колосек, ако не пазам.
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  18. dead.flower23

    dead.flower23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    1.779
    Пол:
    Женски
    Модерното време не излажа дека треба да јадеме секој ден 5 оброци. Апсолутно не точно може да се функционира и со еднаш на ден храна квалитетна. Активноста е најважна особено да имаме високо ниво на мускулна маса затоа што тој е главниот двигател на метаболизмот. Многу болести излечени со фастинг и се регулира шеќерот во крв и со тоа нема да имаме напади на глад. Телото се навикнува на помалку храна и веќе ја нема таа потреба од големи количини.
     
    На Gosh и IamSexyAndIKnowIt им се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.854
    Допаѓања:
    109.918
    Пол:
    Женски
    Јас решив овде да си пишувам секој ден што вежбам и што јадам. Денес се извежба функционален тренинг со следниов редослед:

    10мин загревање за цело тело
    40мин функционален тренинг со тежини 2х5кг, 3 круга по 13мин му доаѓаа
    3 круга по 45сек спринт и 3 круга по 45сек пленк, со по 15сек пауза измеѓу
    6мин истегнување на крај

    Појадок: шејк со јагода, праска, ванила протеин и ниско масно млеко
    Ужинка: протеинско пудингче од ванила
    Ручек: салата со пилешко
    Вечера: тортиља со јајца, шунка варена, патлиџан и котиџ малку

    Гилти плежр, сладолед дури пешачев после вежбањето. Денес имав воглавно многу продуктивен ден, покрај тренингот имав и 9800 чекори, низ двор малку работа до кревање и мкнење, така да се осеќам особено уморно. Со храната можеше и подобро.
     
    На Aleks.mar му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.898
    Допаѓања:
    34.101
    Пол:
    Женски
    Сакам и јас да постам три дена на вода т.е да тримерам ама не знам како би издржала.Кога јадам помала количина и кога ќе почне да ми се јаде и јас го игнорирам гладот ,после одредено време почнувам да се тресам.За да не се тресам јадам нешто благо за да ми дигне шеќер.Еве сакам да постам ама не знам ако почнам да се тресам што да правам? Дали тебе ти се случува да се тресеш?