Ако се тресеш можеби тоа не е за тебе сепак направи крвна слика провери ниво на шеќер и минерали. Се тресеш зошто нагло ти паѓа шекерот во крв почни со помали периоди на фастинг пример 16:8( 8 саати јадеш 16 постиш) па како ќе се навикнува телото ќе зголемиш. Пиј кафе , зелен чај и многу вода , земајќи електролити особено магнезиум. И не се исцрпивај фастинг не е за секого има и други здрави начини за да се намали тежина.
Така, јас најчесто јадам еднаш во ден ама секогаш разновидно и колу што може поздраво(зготвено со свежа салата). Најмногу енергија имаме кога јадеме помалку и поздраво, кога ќе изедам малку повеќе од тоа, веднаш ми паѓа енергијата. Ама, очигледно луѓето веруваат на тоа што прочитале некаде или некој “нутриционист” им го кажал тоа. Пробајте самите навикнете се на што помалку храна за да осетите колку е животот поубав и енергичен. А, исто така и се одржува идеална тежина, поздраво од тоа нема. Храната е енергија кога е малку, а отров кога е малку повеќе.
Така како volume eater јас не можам да имам 3 мали оброци јас сакам да се најдам и да не мислам веќе на храна. Еве пример денес јадев во 14 часот мусака 2 тањири и цел ден сум сита, подготвени со лажичка масло без бешамели сосови ни јајца нај здраво можно вкупно цел ден сум изела 1100 калории пре сита сум ниту мислам на храна. А ако јадам нездраво веднаш после некое време пак ми се јаде без разлика што сум изела 2000 калории благо. Тоа е дејството на протеини и здрави хидрати чувство на леснотија и ситост и се губи константното food noise .
Немам проблеми со тежината , сакам да пробам да постам вака.Ама ќе пробам со 16:8 . Некаде 14 :10 скоро сум често, ама ме зеза некогаш организмот па ќе ми се случи во 3ч да ми појави огромен глад.
Почни полека со лесно јадење, без лебови и слатки, па намали барем на два оброци на ден, ако можеш и еднаш. Значи не да јадеш едно јаболче, туку ќе си спремиш еден обилен, здрав оброк и ќе си го јадеш. Ако не се чуствуваш пријатно или здраво, не почнувај со пост. Кога ќе почнеш, ќе си пиеш најдобро ладна вода, обавезно флаширана или филтрирана дома. Еднаш дневно ќе испиеш набрзинка чаша вода со прстофат сол во неа. КАФЕ НЕ, чај исто не би препорачала, али ако пиеш зелен, црн и овошен не. Не прави тешки физички работи, и најбитно ако не се осеќаш добро, одма прекини. Главоболка е нормална ствар на почеток, се друго не.