Вчера си организирав така да бидам спремна за вежбање и одам дома отварам програма (сама си имам направено програма, не купено, со помош на другарот Чатџипити) ми вика активен одмор или лесен тренинг, одмори денес. Е да бе, а јас спремна да се активирам. Па така запалив патиките и брзо пешачење со буткање детска количка, Ѓорче-Сити мол-Ѓорче, 16000 чекори. Кога дојдов дома, само туш и кома. Се повеќе сила осеќам дека имам, многу си се сакам ваква. Морам да ја донесам храната во подобра состојба, само тоа ми мањка.
Малце избегавме од првичното мое мислење, само кажав како најлесно до посакувана форма, и дека глад не е еднакво на слабеење. И само уште сликава ја праќам, без да ја искоментирам.
И маж ми е со тој став дека со јадење не се слабее туку со нејадење. Јас па не мислам така. На клетките им треба храна. Макронутриентите се клучни. Инаку да се пофалам за 2 недели ослабев 2кг кој сака нека честита
Здр помош за слабеење сакам да ми помогнетее никако да ослбнам дури и качувам се пазам цело време броја калории ама никако да намалам ке намалм 1 кило со калории ако еден ден се опуштам 3 качувам, не се движам многу ама тоа што ќе го намалам дупло го вракам.
Телото троши како што и прима, мора да трошиш за да симнеш килажа. А дека од еден ден ќе вратиш 3 кила тешко тоа.
Ај овде да прашам. Имам мака со пост тренинг тегоби, во стомак се најчесто и се како гадење, болки, непријатности, гасови во вид ждригање, нагони за повраќање... Еден тренинг трае од 45 до 60мин, не е да речеш премногу, таман си е.
Вежбам веќе 4м без прекин, 3 до 5 тренинга неделно, зависи од обврски ама најчесто се 5. Вежбам со тежини, 2х2.5кг или 2х5кг, зависи од вежба и ластици. Вежбам изолациони тренинзи, пример понеделник тотал боди, вторник нозе и задник, среда активен одмор со пешачење, четврток раце, петок стомак, сабота некое кардио без многу скокање зошто сум со болна кичма и недела одмор. Вака терам веќе 4 месеци и супер ми е, енергија фул, многу ми е убаво.
Искрено не знам, чудно ми е, мене ми беше така мачно малце после тренинг на почетокот кога почував, или сега ако ептен се исфорсирам, ама пример јас правам макс 5 вежби и работам со мн килажа..
Колку време имаш растојание меѓу последен оброк и тренингот? Мислам дека барем 2 часа треба да не јадеш пред тренинг, само некоја ептен лесно сварлива ужина. Исто и за водата, да се пие континуирано во текот на денот и на тренингот, но не поголема количина наеднаш пред тренинг. Во никој случај не се вежба после обилен оброк.
Повеќе од 2 часа се сигурно, а и вода пијам во текот на цел ден, наутро обавезно една голема чаша од 300мл и потоа на работа за 8ч литарипол, дома до вечер уште најмалку литар, а често и повеќе. Не пијам други течности, сокови, чаеви и слично, пијам вода.
Се пријавувам тука, па заборавам и после ми е срам да пишам -1кг, толку само ќе пишам, маж ми помотивиран е од мене и ме буди секое сабајле да пешачам. Ми се иде да го убијам кога гледам 6h, а децата уште спијат. Ова лето го утнав ама се надевам за следно ќе бидам барем -10кг. Идеално ќе ми биде -15кг. Завчера: Д: 3 тонус лепчиња, 3 варени јајца со грчки јогурт Р: Пилешки гради во airfryer со салата В: Рака бадеми Вчера: Д: Мусли со јогурт Р: Пржени тиквици В: 3 крем банани од стрес Имате некоја апликација за броење калории? Јадам колку што ми се јаде, пазам само да не е нешто junk, пошо ако се изгладнувам знам дека ќе имам некоја епизода на прејадување. Имам голем проблем со емоционално прејадување.
Желба за јадење нула, капацитет на желудник на мало дете, се прејадам ли ме мава на повраќање озбилно, се дувам, лошо ми е... па затоа јадење јок. Ама затоа собирам сила и вежбам редовно, топ ми е. Е сеа тоа што купив се хл и што се ми е големо, друг муабет е. Вагата е преблагодарна на мене, огледалото уште повеќе.
Ги вратив сите изгубени килограми од есента до пролетта. Ми се чини животов во диета ќе ми мине. Прво држев еден режим, строг беше. На моменти мислам дека гладував. А вежбав и во теретана и се, не ми е прв пат. После продолжив со Ана Стојанова, после прекинав се, веќе ми здодеа. И еве ме сега, пак разочарана, пак на исто. Очигледно го немам пронајдено правиот начин за мојот организам.
Очигледно дека не си сфатила дека ако си склона на дебелеење нема режим, програма или диета кои ќе те ослабат трајно. Дај си рака, на иста мака сум и јас. Откако ќе ослабеш мораш да продолжиш со внимавање, може не цел живот да си на калориски дефицит, али да внимаваш да. И вежбање е пред се за здраво тело, не за слабеење. Сфати си дека ќе се бориш со килограмите и тоа е тоа. Јас кога ослабев со Ана 25 кила бев цела година на одржување и топ ми беше, многу убаво се осеќав, останав трудна и со доење вратив.
Решив да се активирам на темата ми треба поддршка без осудување па сметам дека овде ќе ја добијам. После три инвитра и бременост помината со куп терапии телото веќе не ми е исто. Пред бременоста и последното ивф пешачев многу, планинарев, еден период одев и во теретана имав многу повеќе енергија. Кога ќе почнам да вежбам останувам повеќе време доследна одколку во исхраната. Гледам да се хранам здраво и да бидам хидрирана најмногу поради тоа што дојам. Ме нервира тоа што пак имам леб во исхраната, а предходно ми беше целосно исклучен па се трудам да го исклучам пак. Најголем проблем ми е што прескокнувам ужина па навечер сум гладна и јадам тоа што ми е најбрзо за спремање што не е секогаш баш здраво. Со какви вежби почнувате на почеток кога немате вежбано долго време и по колку време вежбате? Ми треба да останам мотивирана, а не да ми трае една недела се надевам дека овде ќе се мотивирам повеќе.
Јас почнав со бубало зимото,со нејзините програми на healty.me Дека немав како да трчам,многу ладно беше Има бесплатно една недела,можеш да се приклучиш да пробаш со постнатал програмата,која е најлесна да речам Исто имаш пристап и до мени со здрави оброци Вежба цело време со тебе и држи мотивација,пробај
најубаво со тренер почни си ако можеш да издвоиш еден саат од денот за себе, тренер и теретана е спасот
Планирам сега да почнам дома за почеток оти проблем ми е да се организирам со бебето, мало е сега ќе направи 4 месеци мм работи па нема кој да ја чува. Здравје за некој месец имам план да почнам во теретана со тренер. Знам дека најдобро е во теретана така вежбав таму барем останувам мотивирана дома кога вежбам кога не. Најмногу проблем ми е да сменам комплетна исхрана т.е да останам доследна. Јас многу малку јадам брза храна дали еднаш месечно или на два месеци, благо јадам само во пмс. Ама кога и да сум имала мени ретко да издржам цела недела без да направам измена.
-2kg. Цел викенд бев со гости, скари, чуда ама се воздржував колку можев. Јадев само месо и салати, овошје и по некое печено лепче, парче торта. Сабајлево 5км на трака, 4степени успон, пешачење, немам кондиција да трчам Д: Туна и лепче (немав зелена салата) Р: Компир манџа ќе биде В: Којзнае