прво да те прашам колку години имаш? заради тоа што со текот на годините само ке добиваш на тежина...не можеш да се споредуваш со некогаш. порано немав повеќе од 70 кг, а сега имам 78..а ако сакаш диета, нема проблем, јас држам диета што максимум може да стопи 7 кг и тоа за 7 дена. Засега имам успех: 1,5 кг за само 2 дена. а за повеќе, не знам, побарај на гоогле наш
која диета ја држиш ако може да ми кажеш?инаку ја имам 16 год од 7мо одд се замарам со диети од тогаш слабеам се здебелувам кожата ја уништив
Јас се бапнав на Алцхајмерова диета. Едноставна е ептен. Јадеш што ќе ти дојде при рака и забораваш дека си јадел, па упорно си продолжуваш.
Абе како така на 16 години толку нагло слабеење... Цела со стрии ќе се испонапраиш, а и плус сега растеш, па сега се му треба на твојот организам... Незнам, до 18 години јас никогаш не бев на диета, а и јас на твои години бев мече, ама после со тек на време ослабев, незнам да не ти солам памет, кога од дома ти дозволуваат...
Од кога се канам,ај уште 5 уште 5 само,ќе симнам едно утредента пак е тука,БУМЕРАНГ Женски јас откако ослабев се немам поправено пак ни грам,фала Богу. Но на каков начин успевате последните килца да ги симнете? Неможам со истиве диети. Ех,да можеа комарците да ми ги исцицаат
Ауу само да знаете деновиве на кој начин се воздржувам од јадење Пред да посегнам по нешто во фрижидерот, си ги соблекувам панталоните/шорц/пижами и трк до огледалото, застанувам некоја минутка и се анализирам. Веднаш губам желба за јадење Пред малку посегнав по нутелата, ама после враќањето од пред огледалото, одма ја вратив во фрижидерот
^^^^^ Јас па си симнав слика од некоја си дебела и си ја залепив на фрижидер,така што нема утка,а тргнам да земам некое забрането јадење,кога ќе го видам тој морж богами и една година на вода би живеела А инаку денес ми е 6ти ден,ама ќе го комбинирам со лунарна диета и така е од 9 вечер,јас до девет ќе си јадам леќа,и утре после 9 ќе си јадам макарончиња,за сладолед ако има време ако не здравје за 4 дена
па во право си,ама знам дека треба од сеа да внимавам зс после 18 потешко ке биде слабеењето.а јас една раб неможам да сватам мајка ми ме тера да бидам на диета секој ден ми збори ме третира како 100 кила да имам ,ја и викам да прекине и дека сум свесна ама она не сваќа само ме фрустрира од 7мо одд ме ставаше на разни диети
Абе како така на 16 години толку нагло слабеење... Цела со стрии ќе се испонапраиш, а и плус сега растеш, па сега се му треба на твојот организам... Незнам, до 18 години јас никогаш не бев на диета, а и јас на твои години бев мече, ама после со тек на време ослабев, незнам да не ти солам памет, кога од дома ти дозволуваат...[/quote] па во право си,ама знам дека треба од сеа да внимавам зс после 18 потешко ке биде слабеењето.а јас една раб неможам да сватам мајка ми ме тера да бидам на диета секој ден ми збори ме третира како 100 кила да имам ,ја и викам да прекине и дека сум свесна ама она не сваќа само ме фрустрира од 7мо одд ме ставаше на разни диети[/quote] Бог да чува, неможам да верувам, а ти да почнеш да не јадеш после 8 и да се запишеш на пилатес/аеробик нешто јас ти гарантирам дека мн подобри резултати ќе имаш отколку било каква диета, бидејќи телото ти е подлежно на брзо дебелеење и слабеење и немаш резултат пак... незнам тоа ти е мој предлог, зошто само така ќе се справиш со проблемот кој го имаш, ти посакувам се најдобро...
За да станам член на форумов ме мотивира токму оваа група.. ја сум висока и моментална тежина ми е 60,5 кг, а висока сум 168цм.. Се хранам здраво околу 3 недели и симнав точно 3кг.. мн комплименти добивам и тоа ме демотивира.. ме фака голема криза посебно сеа во моментот... сеа имаме гости и ја ја местев масава со грицки и благо.. прилично благо си каснав и мн се каам. незз до кога ке издржам ми требаат да симнам барем уше 5кг.. потребна ми е ваша мотивација..
За 4 месеци ослабнав 6 кила. Знам дека е малку, ама не се придржував кон никаква диета и не вежбав, ама малце намалив со јадењето. Бев 71, сега сум 65. Деновиве се стегнав повеќе, почнав да пешачам, од септември на аеробик и така. Само да ви кажам дека мн ме демотивирате Јас сум висока 168, и сакам да дојдам на 60, а тука упорно читам како сите сакаат да бидат 55 со таа висина. Не можам да замислам дека и кога ќе бидам 60 и ќе ја постигнам мојата цел, пак ќе бидам дебела. За мене тоа не е реално. Не знам што да ви кажам. Ај да дојдам до 60, па тогаш ќе се нервирам оти не сум 55. А сите ли тука се високи околу 170 и имаат по највеќе 60, па се нервираат? Да фанам јамката да си ја опнам.
Сношти, мевце, торта, кока кола...диетата кој ја ферма!!! Ама си се најадов човечки!! А денес: појадок макарони со сирење и салама, ручек прескокнат, вечера чоколадни мусли!! Диетата?-Пак кој ја ферма!! Не можиш да ја држиш ко ќе си на гости и то е то!! Ама затоа вежбав на орбитркот повеќе денес!
Сабајлево три залачиња пржено лепче,(другото на кучето ), пола банана и малку лубеница. Се беше супер дур не дојде мајка ми и ми го купила мојот омилен сладолед. И секако, попуштив, и сега сум напната дека го смачкав цел, ама нејсе, пак ќе вежбам сега. И после саат време две парчиња шпанска пита, многу убава Бааги денес, затоа до вечер ништо, ама ништо не ставам во уста. Инаку, каде сте бре диеталки?!! Каде сте, кај отидовте? Трендафилка, Лудото, Лилит, Валерин... никој нема
Јас денес на овошје од сабајле 2 праски,2јаболки и 3-4сливи,и еве до сега си рипкав со јаженцето,а вечер искрено ако не ме мрзи ќе трчам на кеј,ако не здравје.Исто за вечера планирам лубеница и диња
И мене ми е денес овошен ден. Јадев само лубеница сабајле и толку. Не ми се ни јаде од пеколов. Да се подзалади малку па ќе позумбам
Јас сум 171 а имам 77 кг. Ослабев малку и сакам уште малку, барем некои добри 5 кг и тогаш ке биде борбата да ги задржам Има секакви конструкции на тело и затоа не се чуди зошто толку повеќе кг имам од нормално. Имам поширока карлица и тоа е тоа. И не се замарај со тоа да држиш строги диети. Јас морав заради тоа што почна сериозно да ми смета тежината дури и на здравјето И не врши нагли намалувања на тежината, можеш да станиш анемична...
Ауууууфффф,денес направив грешки,наместо само на овошје (додуша бев до 7 саат),после каснав една рака пржени компири-немаше ни 5-6,и тоа не е толку страшно,само што после тоа изедов 3 топки сладолед Затоа од утре пак протеински ден и почнувам од 0.Утре прв ден
Успеав да симнам 6.5 кг за 2 ипол месеци што е многу малку спрема тоа што го јадев. Треба уште 6 да симнам ама некако не иде веке, вагата не сака да се мрдне Најдов една диета на форумов и ме интересира дали некоја од вас ја има држено , колку кг. имат ослабнато и дали кг. ви се вратиле ако после завршувањето на диетата сте внимавале на исхраната?? http://www.femina.mk/диети-и-фитнес/популарни-диети/тридневна-диета Позз
Хехе и јас тоа го приметив на форумов Не се споредувај со другите, ти си најбитна за себе...Иначе јас сум висока 170 цм и имам 68 кг, а сакам да стигнам до 60... Пред една недела се нервирав што вагава стои, па оставив диети, вежбања и само си се релаксирав...Се мерам денес и гледам вагава некако магично покажува кило помалку..И ај сеа речете дека треба да се мачите-најважно е да сте среќни со вашиот изглед, каков и да е...