Јас ионака детално пишам во белешки веќе некое време и ми влијај убо на телото, па се канам да пишам и јавно. Во најмала рака за идеи и поддршка со сите. Последната недела и пол -2 кила. Следно, јас не вервам во не јадење, така да јадам. Trigger warning ⚠️ да не некој се уплаши од храна во тема за диети. Целта ми е разновидна храна, поќе зеленчук и поќе протеин (дури и то да е со прашак, пудинг, чоколадни плочки итн). Исто сакам да одржувам streak од 10к чекори 100 дена (сакам да отклучам achievement на апликацијата шо ја користам). 20/100 сум моментално.
ќе мора и ја нешто вака да почнам. Со пишување. Некоја апликација некој да сподели? Некогаш менито си го правам во тетратка. Теории изнапишани имам куп. Информации исто. Ама секогаш едно е теоријата а друго праксата.
Јас наједноставно OneNote користам за белешки. И некако естетски ми задоволва око оти можам како шо сакам да средам. За пешачење паралелно на Google Fit користам Step Counter.
22/100 Вистина 21 ден требало за навика зошто денес страшно мачен ден имам и пак излегов без да ми е проблем, чак праела минимумот.
Килажа иста. Саат и 20мин пешачење на трака околу 6,5км. Д: 3 јајца на око, мало парче сирење и пола патлиџан, црно кафе Р: Печено пиле В: ?
Ова е единствениот леб шо не е бел и шо можам да го јадам, ако значи то нешто. Мислев никогаш нема да раскрстам со леб, а овој ем ми е вкусен, ем многу ме заситва.
Денес зеленчук ни за лек неќев. А, и утре сакам да излезам на вечера упсич. Имав многу надеж во она Лидл протеинско колаче со бело чоколадо и бадеми ама ептен се осеќа дека е "здраво". Ама ќе го истуркам со сладолед некој друг ден.
Пиење вода ко ќе не сум на работа е нешто на кое дефинитивно морам да поработам оти нереално е колку заборавам да пијам вода и после се чудам оти глата ме боли (денес). А, дур работам скроз несвесно само пијам вода чак и да не осеќам жед. И не јасно сум напишала за сокот, мислам на х2 чаши од околу 200мл. Не знам зошто мислев дека zero sugar ќе има ефект како обичната и дека ќе ми крени притисокот. Oh well. Џабе преживеав пиењето газирано. Газирано пијам ко ќе морам (немам избор, а сум жедна или ми паднал притисокот па пробвам да го кренам оти ништо друго не фаќа). А, уствари само вода требало да седнам да испијам ама ај. Учам на грешките.
Абе одењето вистина ко навика ми стана. Заладва и само ме тера нешто од внатре да излезам. За храната, малку почнав да се "свињосвам" последниве деној. Упсич.
Јас од викендот навака си го изгубив редот, гости и други надворешни фактори…Тие седат, мене само ми се врти во глава дека треба да испешачам. И со храната ја зезнав работата, се надевам брзо ќе се вратам во нормала.
Зборав со жени кои примаат терапија како мене и од шо забележале дека идат hot flashes. И најголем % ми рекоја "шеќер/благо". И потсвесно сакам да се остам само на овошје и темно чоколадо и се гледа дека неќев еклерите да се фрлат за да можам да почнам од почеток. Ова е инаку многу лош мајндсет ама ај.