Од каде го купуваш лебот? Моментално домашниот интегрален леб ми се потроши па сакам да пробам некој друг
А-у вчера сум се свињосала и ми беше лошо на стомак. Испешачив и заспав. Риба поќе не јадам бар две недели. Обично на х2 неделно ограничвам ама х3 дена со ред е no-no. И се осеќав како дупка шо мора да се пополни со грицки, ете толку менва една салата во денот. Ужас.
Не знаев кај да пишам сем овде. Па си реков ќе спојам со то да се пофалам дека надминав 50 дена одење секој ден, без прекин, над 10к чекори (моментално почнав и просекот да го кревам околу 13тина илјади). Луѓе веќе ми коментираат дека сум ослабела. Јас уште не го гледам то и искрено поважно ми е јас да го гледам него други. Ама ќе биди. Какоидае, знајте дека сум лебар и јадам протеински леб и решив да дам шанса на кето лебот (без глутен, таман да видам дали и bloating ќе се намали, ама пак не е нешто шо ќе си ограничам, I love gluten; додуша ако не сум поќе гасовита топка можи ќе напрам промена, ќе видиме). И се думав меѓу да одам и да земам шојма Зегин или еднаш да нарачам пакетот. И нарачав. Пиши дека е за 7 дена (мене месец ќе ми треба да го завршам, ама имат рок и то е топ, ако се вкусни ќе нарачам пак) и иди со предлог план за исхрана за тие 7 дена. Ама, сакав да коментирам за предлог планот со рецепти. Ко сфаќам дека бараа начин да вметниш толку леб во денот и пак да си под 1400 калории ама сум читала и сум се смеела. Сакам да кажам, ако барате план на исхрана секогаш нека е то од стручно лице. Ве молам. Какоидае, до Недела ми се планирани оброците. Па од Понеделник ќе пробам да сум креативна со производите и мислам вкупно 2 идеи ми се допаднаа за да ги пробам од планот. Wish me luck да ми се вкусни и да сакам пак да нарачам. Поздрав.
Не е од Зегин, туку производите ги има и таму. Јас до сега од Рамстор сум купвала ко ќе сум Скопје. Ама Битола едина опција ми е Зегин, и то то Зегин шо ми е најдалеку оти е најснабдено. И зато нарачав пакет. https://glutenfree.mk/product/keto-challenge/ Јас имам и други производи јадено од овие и ми се (многу) вкусни. Ама планов за исхрана е лудница. Са се консултирав и со чупињата, деф е AI ама ај ќе речам 80% е allegedly AI ради legal purposes. Уствари пишам за да не земат луѓе вакви планој и да мислат дека е балансиран и добар. Балансирано и добро само кај нутриционист.
Ќе ти пишам од Понеделник зошто до Недела ми се планирани оброците таман да не ми останва другиот леб па од Понеделник ќе заменам со овој целосно. Ќе пишам после една недела. Ако не пишам @ me. П.С. дефинитивно нема да се водам по планот, никогаш то не ми беше намерата, јас земав за пакетот со леб лол. Ама ме интересира дали мом да заменам протеинскиот леб со овој и да е подобро. Па ќе пишам.
Здраво на сите. Ја држам УН диетата веќе 14 дена, денес ми е 14ти и немам намалено ниту цел килограм. Почнав со 80.20, денес имам 79.50, а се придржувам навистина строго, сѐ правам како што треба, освен некогаш ретко ако земам енергетски пијалок со 0 калории. Пред неколку години исто ја држев, тогаш почнав со 86 килограми и за месец дена намалив 8-9 кила, не се сеќавам точно ама знам дека беше голема бројка. Се соочил ли некој со ваков проблем? Дали вака треба да биде, бидејќи ја држам по втор пат или? Се разочарувам искрено, барем еден цел килограм да симнев..
@Mumoftwo30 пробав х2 различни пакетчиња денес. Slim bread & mini buns. Првото како крекер ми е. И убо ми одеше со намазот шо го прам (наут, грчки јогурт, јајце варено, малку мајонез, зачини). Еден крекер ми беше доволно и ме засити до ручек. За ручек х2 mini buns со веган ќофте во сос едвај дојадов 30 минути можи се мачев. Многу ме засити во моментот. Ама околу 2 сати покасно ми се јадеше м н о г у. Ни приближно За вечера со мексиканска туна уште еден крекер, пак се осеќам многу сито така да има голема разлика меѓу двата производи. Јас сакам крекери и често намази макам со (интегрални) крекери така да овие дефинитивно во ротација ќе ми влезат. Stay tuned за друго шо ќе пробам.
Не можам да си објаснам веќе што е со килограмиве. Денес 18ти ден, сабајле се мерев на гладно и имав 79.05кг. Вчера имав 79.9 Минус еден килограм за 18 дена.. Ќе почнам да си запишувам тука што сум јадела и јас, па баш да видиме каде грешам. Ќе почнам од претходните 3 дена: 16/90 овошен Две банани, еден портокал и 100гр индиски ореви 17/90 протеински Доручек банана и ред бул зеро Ручек пилешки стек (околу 150гр) пропржен со 3 кругчиња модар домат и една пиперка + 3-4 парлиња брокула, едно парче баварски леб и по ручекот 250мл бистра супа (половина коцка варена). За вечера уште едно парче стек и дома имаа правено скара па зедов и едно мало парченце свинско. Само месото, без салата. Денес 18/90 скробен Доручек банана и ред бул зеро Ручек печени компирчиња со брокула (како салата, може да им ставам малце масло) и домат За вечера печени компири со кромид салата, на пола од ручекот За енергетскиве знам дека ми се грешка, но најголем порок ми е кафето, а го пијам само со млеко и шеќер, црно обично многу ми го паѓа шеќерот и се тресам и нема да можам да издржам без да јадам нешто ‘тешко’. Па, привремено си најдов нискокалорична замена. Следниве дена нема да пијам, ќе пробам да се одвикнам од кафеин.
Како некој што ја држел Ун диета и ред други диети, можам да кажам дека на крај се се сведува на бројот на калории кои го внесуваме. Ти најпрво грешиш што внесуваш и ред бул, без разлика што е без калории. Друго, иако се придржуваш на планот за ручек и вечера ( иако како што пишуваш и тука правиш грешка, не смееш да мешаш пилешко и свинско и да биде пржено со масло) можеби количината на оброците е поголема од таа што е пропишана и внесуваш поголем број на калории и си во калориски суфицит. Јас од како почнав да бројам калории видов во каква заблуда сум била со диетите. Пример, 10мл масло ти се 90 калории. А во салатата ако ја зачинуваш сигурно ќе ставиш и повеќе од 10мл. Пробај да го исфрлиш ред булот, и салатата да ти биде свежа, не зачинета и да внимаваш на количината на главниот оброк ( протеин, скроб и јх).
Важно е да бидеш во калориски дефицити и да внесуваш доволно протеини, јаглехидрати и витамини.. Ден 1 ти е многу слабо само овошје, каде се протеинит..? Не треба еден ден да ти е овошен, друг протеински... Треба секој ден да имаш внесено доволно од се. Исто така брзо слабеење со некои строги диети е и нездраво слабеење и мора таа диета и после од кога ќе ја постигнеш целта да се држиш до неа да не се вратат килограмите. И најчесто со вакви диети губиш и на мускулна маса не само сало.. Вагата следи ја ама немој само резултати од вага да гледаш, може да биде задржана вода, зголемена мускулна маса... Следи се и на огледало и мери обем со метро.. Исто внимавај и како ја подготвуваш храната дали со премногу масло, дали внесуваш премногу калории преку течности. Ова со кафето не мора да се откажеш од кафе, или чоколадо или било што само гледај да избалнсираш со калориите и да внесеш доволено протеини. Физичката активност е исто така важна..
@zemzela91 @Mr.Limonko Ви благодарам. УН диетата ја држев пред неколку години и ослабнав околу 15 килограми, после тоа со години не вратив ниту еден килограм. Беше единствената диета што ми прија и од која што гледав резултат. За калориите, мислам дека сум станата експерт во броење, мерам буквално сѐ на кујнска вага, до грам внесувам. Каде ми беше проблемот не знам. За енергетските, знам дека се огромна грешка и погрешна работа дури и кога не е човек на режим, но морав да најдам замена за кафето на некој начин. Не пијам, не пушам во животов но затоа кафето ми е порок голем колку за сѐ заедно. Сега ги сфаќам луѓето што не можат да се откажат од цигари или алкохол, навистина е тешко. Кафето ми е можеби и број 1 виновник за тоа што не можев ни претходно да се ставам на некој режим, затоа што ми го паѓа шеќерот, се тресам и после тоа морам да јадам нешто навистина тешко за да ми се смири организмот. Во право сте за сѐ, мислам дека одлучив да ставам крај на УН, залудно е кога не можам ниту еден килограм да симнам. Како личност со 25+ вишок килограми, мислам дека барем на почеток треба да оди полесно, во овој случај не беше така и е очигледно дека нешто не штима. Ќе се префрлам целосно на броење калории и воспоставување здрава врска со храната, исто така обавезно почнувам и во теретана. Ќе се дружиме тука, колку што можам ќе запишувам што сум јадела, баш ми е мило што вака има некое место каде што некој може да ми укаже дека грешам.
А зошто не пиеш и понатаму кафе со млеко и шеќер. Пример 1 на ден и преполови ја количината на шеќер и готово. Тргни ги тие енергетски пијалоци. Јас знам исто еднаш ја држев и немав никаков резултат и после за 2 недели паднав многу во обем може дури 2 броја. Btw. Нели почнува некој со слабеење за Нова година или рано ви е уште. Мене мотивација ми фали па друштво си барам .
Престанав да пијам енергетски, неколку дена си го заменував кафето со нив. Кафе, било какво, многу ми влијае лошо на организмот, ми го паѓа шеќерот и не можам да се опоравам после, морам да јадам нешто тешко за да се смирам. Не познавам човек на кој до олку лошо му влијае кафе, а пак кафето ми е најголемиот порок во животов. Сѐ за тие пусти 15 мин среќа во денот. Ќе пробам да го намалам или откажам, морам. Еве јас те дружам. Ќе си се мотивираме тука. Само овие два дена имам битна прослава, па нема да се замарам за режимот, ама од недела почнуваме јако и со теретана, завршија тешките обврски. Време е за посвета на себе.