Абе, не барам публика јас. Барам луѓе шо исто си пишат. Имам irl accountability buddy, ама екстра поддршка не е на одмет.
Да не биди ве заборајв, некој (јас) изнастина па е на присилна диета (супа, јогурт, чај). Па после оздравување ако сте уше тука најмал проблем ми е да копирам денот и тука да пишам за поддршка. Денес си реков да се мерам после една цела недела јадење џанк. Не се здебелив. Не намалив, ама не ни кладов. И после неделата шо ја имав - то е победа.
Со помин нека ти е девојко, ако до сега ти нема поминато. Касно палам Еве јас почнувам од денес да ве дружам, си се опуштив и си вратив некои добри 7 кг. Е сега башка што ми се на ум вишокот што ги имав, ги имам вишокот и здовишено . Денес планирам детокс, да јадам овошје, зеленчук и чаеви да пијам и вода. Малку од малку да се чуствувам подобро со себеси, не за друго.
Скоро ко нова, на се она шо пијам за имунитет веќе чудно ми е дека успеав да настинам. Од денес се враќам и јас со детално бележење.
Две пржени јајца, гуакамоле од пола авокадо и малку домат со лимон. Пола кето ѓеврече. Уба идеја и замисла за оброк ама каснав жолчка и мислам дека влегов во фаза кај шо ми е пак одвратна и едноставно изгубив апетит. Можи уште си игра со мене настинката. И то е опција. Ама дека спамам долг период јајца - спамам. + зелен чај со ментол, турско горко, лимонада без ништо додаено, и сок 100% демек јаболко за со 30ml имуноломплекс сируп (ова се го викам џабе калории ама јбг) Њоки во доматен сос со пармезан и пржени буковки печурки со зачини. + едно кисело крастајче за да докрепам да напрам ручек Girl Dinner: неколку крекери со кисела краставичка, бразилки орев, лути кикири и грозје. Чекори - исполнати. [ден 78] 8 и пол илјади надвор, другото успеав дома шо се шуткам низ соби без да се качам на трака.
Јас денес денот го поминав со зелен чај и ловоров лист, многу вода и други течности. Одлично си поминав, дефинитивно сум јадела за денови унапред . Дури се чудам како вака лесно си поминав, ама дефинитивно јадев премногу претходно и затоа сега не ми се јаде. Од утре ќе почнам балансиран стил, со броење на калории.
Печен овес со чиа, протеин, грчки јогурт, малку млеко, мед, рендано јаболко и едно јајце. Од горе пола киндер јајце му накршив оти се осеќав ко да ми треба десерт за појадок (попаметно ќе беше од после да го изедам оти не прај разлика, многу "свеж" овес беше на вкус) и протеин со грчки јогурт и една урма е горе ко демек фил. + горко турско кафе х2, чај од манго и шафран, зелен чај со ментол x3 моцарела стикс во Фраер праени, со малку мајонез мешан со кромид и кисела краставичка и дур праев ручек лајче пчејнца, сакав цело од сликата ама не вредеше. Обожавам пчејнца ама ова беше грда. Еден од работите шо учам да ги прам периодов е, ако нешто каснам и не ме бендиса дека е о-кеј да го остам и "да кренам рачна". Никому ништо. Њоки во доматен сос и денес со парче лосос котлета маринирана во сос од мед и црвена пипер. Голема зелена салата со марула, краставица, кромид, маслиново масло, јас користам јаболкова киселина и сол. Пуканки. Чекори денес исполнети [ден 79] Почнав нова навика околу нив да вметнувам, а то е паузата на работа да ја користам за одење.
@theowndemon Браво за истрајноста Јас денес супер почнав, поручек шејк протеински и за ручек протеински бурек од галети со протеински кварк. И после работа 4 кришки леб со кашкавалче и тро мефце Знам дека не ми требаше, ама обично се чуствувам overwhelming после работа и тогаш најлесно потпаѓам на храна.
Омг сум изнапишала и изгледа драфтот не го зачував. Тага. @m.triball ќе ти велев дека сепак не е многу храна. И особено ако се осети како да се изгладнуваш многу е лесно после да "надохнадиш". Во работен ден мене вечерта ми е време за готвење за нареден ден. Пробај така. То шо планираше да јадиш вчера можеше да се спреми целосно пред време или барем (само) дел од него да се спреми пред време за да ти олесни? Или да имаше quick snack дур спремиш по план? Ако да - така најлесно ти е да имаш одма оброк спремен и да немаш "избор" сем да го јадиш. Ако не - најди си нешто брзо шо ќе ти биди секогаш спремно. За мене то е најчесто туна (со зеленчук) и кето сплескано лепче како крекер. П.С. Шо е "протеински бурек од галети со протеински кварк"? Обично ко ќе читам по диета темите несвесно бројам калории и ова едноставно не знам шо е и ме боцка нешто од внатре да дознам. Парче сирење шо ми се накрши, х2 зденки, чери доматчиња, белка од јајце со зачини и х2 крекери [едниот е со вкус на козјо сирење, другиот со домат и босилек ако не се лажам, од КАМ, I'm obsessed] + горко турско, зелен чај со ментол и грозје. Ориз со пченка, грав, маслинки, другото парче лосос мариниран со мед и црвена пипер и кисели краставички. +тркнав по едно веџи компирче "за да пробам", завршив со 4. А-у ми се собра стомакот за благо и земав х2 од колачињава со путер од кикири. Stew е вариво? Епа то, од буковки печурки и леб со лук. Се гледа кој гледа серија во Петок на вечер и не се социјализира. Ама денес се осеќам како дупната вреќа. Snack plate: бразилски орев, чили кикири колку шо останале, две урми Чекори исполнети [ден 80] Денес вагата ме повика и се мерев. Сум минус 800 грама од претходно мерење. Обично толку сум на неделно ниво, ама tbh два дена само супа јадев и то си влечи.
Вчера вечерта станав од спиење и каснав уште едно колаче со путер од кикири. Можда не треба да одам да прикупам уште cuz God, I love them [Lidl]. Јајца со тенка веган колбасица, авокадо и леб со лук. + зелен чај со малина и капучино со лајче шеќер Тестенини со (бел) сос [крем за готвење, сирење, кашкавал, зачини] Мочи сладолед х1 х3 моцарела стапчиња со малку мајонез со кисели крастајчиња. И околу 2-3 лајци тиква ама yucky беше. Чекори исполнети [ден81]
Има еден протеински бурек што се прави со корн флекс, епа наместо корнфлекс јас му издробив галети. Во галетите додадов јајца, кварк и сирење и прашок за пециво малку додавам. Сето да омекне и потоа го печам. Одлично бурече е. Мене ми се допаѓа. Инаку викендов бев на мало патување и секако дека таму не пазев многу на храна и ми требаа ден/два да се вратам на нормала и да се вратам во реалност. Тешко ми е да истраам, некако првите денови сум запната и предобро ми оди, а потоа оп нешто ќе излезе вкусно за јадење и ми го поматува паметот. А после ослабнувањето на повеќе кила сфаќам колку е значајно во животот да имаш тело на кое му де восхитуваш постојано, да се чуствуваш добро во своја кожа. Ам ај, не сум истрајна, само кога постам сум. И што да правам психички мие, исто страдам од бинџ итинг. Денес издов сендвич со пилешко поховано и компири со кашкавал. И имам испиено едно капучино.
Сакав и јас да се придружам со слики, но нешто не ми дозволува, не знам зошто. Денес решив да се фокусирам на избалансирана храна и да не претерувам во јадење, за да се контролирам во јадењето. Ама само поручеток беше контролиран, убаво лично си спремив ѓеврече со малку путер и кашкавалче, две варени јајца, домати и чаша сок од портокал. Потоа се фрлив на благото . Вечера решив да не јадам, се осеќам предуена. @theowndemon гледам преубаво ти се избалансирани оброците. Следиш некоја диета или со нутриционист или сама си ги смислуваш рецептите? И дали чуствуваш глад? Како се справуваш?
Не треба количински да јадеш малку, треба да си во калориски дефицит за да слабееш. А мала количина не значи и малку калории, зависи што храна јадеш.. Треба да имаш избалансирана исхрана, во никој случај не треба да гладуваш.
Се согласувам потполно, и потполно ми има логика тоа. Но еве лично во мојот случај тоа не одговара. Проблем е кај мене што не слабеам ако не почуствувам глад, не слабеам. Можеби држам ритам, ама не намалувам. Има. Пробано милион пати, можеби тоа е така бидејќи сакам да си каснам нешто по калорично за ручек и со тоа ги надокнадувам калориите и ако изедам плус за вечера сум го качила дневниот внес. Предходната година го вратив ритамот со храната, го држев добра некоја година, ослабнав 25 кг., но сега, сега пак некако се наоѓам во иста замка на прејадување. Одржувам тежина, имам некои 5 кила само вратено во 2 години, ама сега последниот период некако одам нагоре и ме фаќа страв. Мислам дека страдам од бинџ итинг
Сама, храна ми е "хоби". И да јадам и да пробвам да ја разберам. Сериозно размислував за исхрана во консултација со нутриционист ама ми е многу рестриктивно да пратам план зошто јас бркам допамин. Да ми кажи општо за храна како да градам оброк и не ми треба зошто ... I can do that. Диети исто не следам, не вервам во диета. Вервам во трајно менвање на исхраната/ навиките за исхрана и здравите навики. Диетите не се одржливи долгорочно па не се држам до нив. Не осеќам глад. Ако осетам глад подолго време завршвам со бинџ сесија. Еднаш месецо една недела бројам калории за да видам во кои рамки се движам. Не ко рестрикција, туку ко статистика. Имам сопки, пред некој ден имав. Уште осеќам тешко на желуднико. Па сега вака шо можам да увидам колку лесно се осеќам со нормални оброци наспроти џанк - мож и ќе се опаметам. Ама ај. Не можи и без сопки јбг. Имаш пробано со (ниско калорична) волуменозна храна?
Сега работам од дома, то е доста олеснителен фактор за готвење/ спремање. Кога одев физички дефинитивно е позахтевно. Спремна исто ко на пикник да одам. Примери: Е сега има неколку важни работи: Сат пред спиење ко ќе не сум дома наредниот ден ми е време за спремање и паковање храна. Ко ќе сум дома влегвам в кујна на вајбс, ко ќе има потреба. Не готвам долго туку се ми е користење на то шо имам и минимално спремање зошто во мојата срж јас сум мрза. Spoiler (пр. Грав, ориз, лосос од претходната недела - грав татко ми ми донесе од некоја црква, било некој празник и му текнало дека сакам грав. Ориз и лосос да спремам ми треба помалку од 30 минути вкупно. Ezy.) Исто кога бирам рецепт или спремам нешто по мое, секогаш гледам да нема многу чекори, идеално да е one pan рецепт итн. Има деној кога сакам да се занимавам со естетика ама day-to-day го држам најнекомплицирано и најмрзливо шо можи. Мрзнам. Ќе спремам количина колку за јадење 3-4 пати и 1-2 јадам, друго мрзнам и само некој сат пред време за јадење вадам да се одмрзни. Знам дека многу сеќават разлика во мрзнето. Јас не сеќавам и практикувам. Spoiler Пример од сликите мини сендвичињата можам уше утре да ги напрам зошто имам keto mini buns паковање и имам замрзнато веган ќофтиња во сос. То шо мрзнам ми помага во мрзливи деној да имам нешто брзо да извам место да нарачам или да ждерам леб и чоколадо. Леб и чоколадо ми се омилени. I'm a carb girlie.