Крофничките од вчера, и истиот состав како мафин испечени со малку чоколадо од горе. Денес изедов х3 мафини. После секој оброк по еден. Ама па не се ни вау благи и се генерално балансирани така да пробвам да не се осеќам лошо за то. Рибја чорба со една ж'та + лепче и макало. Girls just wanna have rakija and makalo. х1 raw ball од сините [КАМ] Не е многу ручек јадење ама земајќи во предвид дека ме мрзеше и одолеав да не нарачам - победа. Јајце со парче кашкавал пржено, еден домат, кисели краставички, чили сос (?), мајонез (?), нешто. И едно интегрално лепче. И каснав со малку леб едно veggie stick од Вердино само веќе бев уморна и ме мрзеше да одам по телефонот.
за 2 месеци 20 кг е нереално, најмнг што можеш се 7 до 10 максимум и тоа ако јадеш по 900 до 1200 калории
Денес добро се држам, барем така мислам. Поручек геврек со малку путер и едно капучино. Ручек чорба од домати со печен зеленчук, пржени јајца со пиперки и малку зеленчук потпечен. Две кришки леб со кашкавал гилти плежр ова. Вечерта изедов едно парченце пица мало и една чаша црвено вино за добар сон
@Снегулк@23 мора да си поставуваш реални цели ако сакаш да не бидиш разочарана и да не се откажиш. Ако ти не успејш -20кг до НГ (шо стварно не е реално) - ќе се разочараш, а ако се разочараш имаш големи шанси да се откажиш. Следно, ако некако успејш толку многу кила да намалиш то нема реалност каде ќе биди на здрав начин и после би имала проблеми со здравје (+ забавен метаболизам) и страшен јо-јо ефект ко ќе почниш да јадиш нормално (зошто за толку брзо, толку кила да намалиш не можиш едноставно да смениш навики, туку мора да напрајш ептен голем дефицит шо не е издржлив долгорочно). Така да, ти почни го процесот. Евентуално ќе стигниш до -20кг, ама не можи одма.
Денојве ми беше досадно и платив една недела на BitePal зошто бев бомбардирана со реклами и јас сум само жртва на конзумеризам. Ко шо реков не бројам калории сем 1 недела месецо. И видов дека апликацијата има нутритивен скор на секое поединечно јадење + на целиот ден се на се. И исто како ко ќе почниш да бројш калории - прво бројш да видиш која е реалноста, после прајш промена. И си дадов два дена да видам колкав нутритивен скор вадам in my natural habitat. 50 и 61 од 100. Така да си ставив цел барем над 70 да бидам. И денес ми е 79. Шо ми се допаѓа, особено за некој кој пробва да балансира и да носи поздрави одлуки во поглед избор на храна - има мали tips and tricks со шо е богата храната и ако има можност како да подобриш оброкот. Онака ако прицниш пример на source of fiber и ти дава како неколку информации во формат на рил кој го кликаш. Ова апликација е створена за спржнат мозок. Ама се плаќа или еднаш годишно околу $30.00 или неделно по $4. Ако ми е доволно долго интересна можи и ќе се комитнам поќе кон неа.
Дали некој ја има пробано програмата Fitness Mastermind Momentum на Наде Василевска? Ми излезе пред некој ден на инста и ме интересира некој дали има искуство
Ден 1 Поручек Овесни снегулки со протеинче, банана, боровинки, овесно млеко и семки од тиква. Какао едно со стевиа и овесно млеко една капка. Ручек Три сарми со пушено месо и 3 кришки цен леб од цело зрно. Како што пресметав сето има околу 1500 калории. Цел ми е 10.000 чекори во секој случај, а можеби и нешто плус. Идемо
Одлично како за почеток, мислам дека се е внесено во оброк. Почни и со вежбање, па ќе видиш како напресуваш и дали треба промена.
Денес ден 100 како одам над 10к чекори. Најдобра одлука шо ја донесов годинава. Неделава засега 200 грама во минус. Цел ми е полека да оди надолу и за сега само 1 имав стагнација ама то е ради то шо потфрлав со исхраната. Така да минус 200 е подобро од ич.
Толку имам навика да пишувам, ама ќе се трудам почесто. Ден 2 Помфрит од тиква, вафла со цимет и малку месо ролат и едно капучино. Тогаш направив 21.000 чекори. Ден 3 Ѓеврек со путер и едно капучино поручек. Ручек геврече со кашкавал и малку месо свинско. 12.000 чекори Ден 4 Поручек Ѓеврек со путер и салама Мекица со павлаче лукче и кашкавалче и една палачинка блага 11.000 чекори Знам не е идеално особено денес, ама си ветив дека ќе настојувам да бидам редовна во извештаиве. Па ќе си ги пишам и грешките .
Јас се решив неделно да објавувам чисто оти макс можи 10 слики во мислење, плус my garbage eating racoon ми дава екстра сличе статистики. Тамам. Е са никако немом да наместам да функционира со почетен ден Понеделник. Зошто функционира со почетен дел Недела статистиката ја имам во Сабота. Денес денот хаос ама меѓу 5 и пол сати сон и кајдае за сат ќе напрам 24 часа будна - и не е така лошо. Знаев каква вечер и тек на ден ме чека па утрото се трудев максимално да го импресионирам ракунот. Џабе. 59%. [цел: 70+ %] + да додам за чекорите, не се 10к ама се 8к праени на штикла. Real feel нозете ме болат. Прво му дадов шанса на апликацијава ко на секоја шо давам шанса и ми здосадва. После еве скоро 2 недели користење, можам да кажам дека ко ќе одбирам храна се думам како ќе ми ја оцени и дали има доволно различни состојки вклучени. Шо ме носи до food diversity делот: Ми број колку различни состојки јадам ова седмица и колку поќе, или помалку разновидност има од претходната седмица. Исто вака имаш графа за каков нутритивен скор имаш во текот на неделата и каде е повисок, каде опаѓа. Ова искрено ми е напредок зошто претходната седмица личеше вака: Јас исто знам да сум опсесивна со калории, и мило ми е дека тука се "претпоставка" колку да знам во кои рамки се движам, зошто ако бројам ко шо знам да бројам - лесно станвам (нездраво) опсесивна. Добив коментари дека личам подобро и свежнато. Јас си знам дека е до килата зошто сега ко ќе се видам во огледало се препознавам. A baddie. Искрено "трансформацијата" од последната година имаше напраено да не се препознавам и да изгубам то "здраво" ниво на нарцисоидност шо го имам. Иако завршвам неделата со 3к калории (real feel 3.5k ама која сум јас да му преречам на ракунот дека не се согласувам), генерално сум задоволна од ова недела. Ќе пишам пак наредна Сабота со се минус кила во статистиката зошто мерам во Понеделник најчесто. И да, знам дека долу ќе пиши дека мислењево е во Недела пратено. Мене уште ми е Сабота зошто немам легнато да спијам од вчера ова време. Ова беше долг, долг, долг ден и ако станам пред 8.30 ќе плачам.
Јас ги едитирам со Insta stories. Таму користам се шо ми е достапно за да напрам да личи како шо сакам. Прво со layers, после со cutout додавам слики шо сакам да се од горе.
Ден 7 Поручек 1 банана Ручек 4 кришки протеински леб (малечки се, колку од тонус лебот големина) со ајвар и две чаши ајран јогурт. Кафе со малку млеко, сушен ѓумбир од дм и една рака јаткасти плодови.
Не, жалам. Само ги едитирам сликите и зачувувам во папка "daily food". Едно време објавував рецепти со се нутритивна вредност ама ако бројам толку детално калории стварно запаѓам во посебна дупка. Зато вака на vibes. Не е Сабота ама ај се собраа неколку дена да објавам: Нормално дека ракунов сака комбинирани јадења. Во смисла ако седнам сега да јадам само салата ќе ми дај понизок скор. Ако решам да јадам ручек и со ручекот да ја додам та салата - ќе ми дај повисок скор. И пошто ми е како irl игра, почнав поќе да комбинирам така чисто за да извам повисок скор. Некогаш се смеам дека ја „хакнав“ апликацијата ама уствари то е целта. Во поглед кила, неделава е 200г. За експеримент мерам секој ден ме интересираат тие флуктуации сакам да ги доживеам за да се ослободам од ментален терет. Црвено е инаку оти завршив со 600тина грама претходна недела, па качив кило и пол (?! мислам, знам дека има толкави флуктуации ама малку се шокирав) и сега прогресивно секој ден паѓа и ми рачуна само 0.2 во споредба со претходната недела.
Ден 8 Поручек јајце пржено, сушен ѓумбир, малку јаткасти плодови и боровинки. Чаша аризона чај. Пола пиде изедов за ручек Вчера се зафркнав, вечерта казнав сирење отпоќе браво за мене и здебелена плус, страв ме фаќа
Работата е шо мене се ми здосадва евентуално. Јас и да напрам профил и да постирам можи по месец да го запоставам скроз оти едноставно "не ми е вајб" поќе. На арт профилот сум објавила последно Мај годинава, а претходно Март 2024. И така тага на срце ми паѓа дека толку труд ми пропадна. И ова има скроз ист потенцијал. Да се фиксирам на нештото па да го баталам. Башка, ако потенцијално стани нешто со поголем фидбек, неќам некој то шо јадам и објавувам да го земи здраво за готово. Пошто јас нутриционист не сум. Сакам да кажам дека го осеќам како преголема одговорност да го прам "формално", за разлика од тука шо е анонимно и сум од дете и кој ме чита по темиве знај какви проблеми со храна имам. И ко веќе пишам, уствари ако не си водам монолог јас можам и секој ден да објавувам место поретко групирани слики: Ептен имав крејвинг за торта вчера и скоро цела ја изедов. Тргнав и да пешачам ама изгубив сила и со кола ме вратија. И така кренав температура. Она кашата со туршија екстра мала слика оти само ја макнав малку и остајв јбг. Кузнај шо ме најде џизс. Имунитетот поголема каша ми испадна од та шо пробав да ја јадам вчера. Се мерам секогаш под исти услови: на сабајле, после празнење, на гладно. И денес е нахнадни -0.5кг. Знам дека и во ден да се мерам 1939292 различно ќе кажи ама вака оти мерам секој ден и гледам разлики ми е чудно. Вкупно за неделава дава, не од вчера за денес ова: