Ден 9 Поручек 1 ѓеврек и кафе чаша од 86 калории и чаша сок од калинка. Ручек 1 чинија полна со пилешка чорба и 1 ѓеврек, сиренце малку, јогурт една чаша и домати. Како за десерт си измешав боровинки со малку сушен ѓумбир и мешовина од јаткасти плодови (многу малку). Чатџпт ми пресмета 1800 калории, но мислам дека сепак нема толку многу, ама во секој случај сум тука негде. 5.000 чекори до сега, но ќе стремам кон 10к. Вчера ги направив 10к и каснав само една мандарина. послушна сум деновиве.
Во ѓеврекот имаш калории, во чорбата ако има мн. масло, и тоа има мн. калории, јаткастите исто имаат доста калории, затоа мери во грамови на вага. Ако не си во дефицит нема да слабееш.
Денес чекори средно жалосно, ама страв ми е да не донастинам па денес скокнав активно одење. Ваљда уште 1-2к ќе допрам до вечер. Ама ќе видиме.
Можам. Ама неќам. Се шо сакам е да оздравам зошто настинав непосредно пред примање терапија и то ми е приоритет ngl. Еден неактивен ден никој не убил. Додуша и салатава ја туркам со сила не знам дал ќе влези дур и пола од неа.
Мене ме убива, ако сум толку болен што не можам да тренирам повеќе се нервирам што не тренирам отколку што сум болен.. Како сум се нервирал после операција на колено кога неможев да вежбам и што мора да одмарам ми доаѓаше да фатам да се обесам или кога ќе ме заболи на тренинг па морам да прекинам..
Претходен месец настинката не ме спречи да сум активна пошто со ништо не ми се поклопваше и можев да сум тврдоглава. Ова настинка има ужасен тајминг. Преѓе пишев на докторката дал има врска, дали воопшто да одам за боцкање. Рече нема врска. Дојди. Ама то не ме спречва да дам ден одмор пошто мене настинки ми трат толку, три дена. Четири ако е ептен сериозно. Ко за имунокомпромитиран чоек имам доста јака дефанзива.
Што значи ова 75 во кругчето? Многу ми се допаѓа како ги комбинираш оброците. А и апликацијава е супер, иако не ми се плаќа.
Вчера се прошуткав до 7к колку да не изгубам streak. После ден 100 со над 10к неќев да се форсирам многу па намалив стрик на 7к. Салатата сепак остајв. Уствари цел ден со leftovers ми е ама не ми е толку важно за да прерачунам колку реална беше бројката на внесот вчера. За секој оброк има нутритивен скор, и после има вкупно за цел ден. Јас го сликнувам и ставам то за цел ден шо е.
Немам вагичка, порано така правев. Ама отприлика по грами одев,и гледам да наддадам во калории секогаш малку, за да сум сигурна дека сум во минус. Ден 10 Поручек Ѓеврече, две пржени јајца (користам едно масло како спреј, за најмалку што е можно да се користи масло), доматчиња, краставица, домати и боровинки. Ручек доматна чорба со две лажици грчки јогурт и уште едно ѓеврече и малку ориз варен и парче сирење. Околу 1000 калории отприлика. Има место за уште нешто, ако сум гладна би изела од доматната чорба и некој зеленчук или овошје. Чекори денес само 5000 имам до сега.
Јас од денеска почнав. Сабајле: Овесни снегулки потопени со вода, банана и малини. Ручек: Боранија спремам. Вечера: Салата ќе јадам, во план ми е марула и краставица. Поддршка за сите.
Ептен ми се свиѓа идеава твоја со сликиве. Може да ти се придружам? Некако повеќе мотивација наоѓам кога е и естетски сето документирано . Само не знам како да прикачам слика. Ден 11 Поручек: две пржени јајца, шери доматчиња, краставички, пола јаболко и сушен ѓумбир 2/3 коцки. Ужинка: banana bread веганска и капучино Ручек: зеленчук со малку компирчиња и fishnuggets со сосче од лукче. Thats it Отприлика се околу 1500 калории.
Неделен извештај Во поглед колку различни состојки користам од 115 претходната недела, на 106 ова неделава намалив: Овие слики се пред Сабота како ден ама само руска знам дека лајца ќе пробам и буквално сите индивидуални состојки ги каснав неделава. И дефинитивно ѕвезди ми се овие: Грчкиот јогурт не знам како не ми е тука. Мислам дека преживувам на грчки јогурт. Имам другарка чиј сопруг купва пакетчиња грчки јогурт наеднаш, да не се мачи на секое да оди. Јас купвам по х2 зошто си ставам продавница во рутата на одење за да имам причина да излезам од дома. Ама толку многу грчки јогурт јадам шо можи треба и јас вака ко него да почнам, па нешто друго ситно за купвање да си клам со рутата за пешачење. А, за оние перечињата од ДМ се, со спелта биле. Не можам да опишам 1) колку е вкусно и 2) колку е мало, а сузбива глад. Најчесто земам такво ко ќе сакам да поттурнам да јадам покасно (пример пред да одам на чорба за да не пукнам за јадење, оти секогаш ми каснат луѓето за на чорба). Едно е 11г, а на 100г има 412 калории. Са причината зошто мерев секој ден: Вчера бев +1кг цело. Си реков ај, условите не ми беа исти за мерење. Нормално е. И денес не ми се ама дава то кило во минус. Имам една другарка ми велеше, забележала ако јади луто и солено после неколку дена давала поќе килажа. Не знам колку е точно, а ни па колку можам да забележам, јас луто додавам во се шо можам. Да не речам, јадење луто ми е некој статус кво. Сакам да кажам, можи има некоја врска во поглед задршка вода (солено) или пиење поќе течност (ради луто). Ова се го пишам Сабота сабајле така да Сабота не ја вклучва туку само ќе ја прикачам како последна слика пошто се ова си има индивидуално прикачено и на неа. [зошто реплицирам во башка мислење ќе е денешниот ден] Неделава сем еден ден шо беше под просек со 66% (просек т.е. цел ми е над 70%), друго се ми е над 70%. Денес има потенцијал да е пониско оти еве уште ја мислам руската. Ко видов ова -2 се вратив назад. Претходна недела сум имала оброк кој индивидуално бил 100%. Мислев 98% или 99% ми е највисоко ама ете, изненадување. Овес, путер од кикири и банана инаку. Зато и го рекреирав неделава со плус чиа (шо не беше проблем и скорот остана) и темно чоколадо (и тука малку падна скорот, незначително ама не беше чиста 100ка). Разликата меѓу двете овесни каши: @Mumoftwo30 вака личи тој индивидуален нутритивен скор инаку, со се овие "наградите" (и секоја ако ја прицниш има како стори презентација со информации за та категорија) + шо прајш добро во оброкот, и како можиш да го подобриш (некогаш и двете ги има, некогаш една категорија фали, зависи од оброкот). И после од цел ден индивидуалните скорови, вади еден дневен просечен шо јас го споделвам. Me and my Racoon against the world. Ми прирасна на срце. Можи да не го викам поќе Garbage eater. Искрено првата недела ме фрустрираше со то колку е sassy (за секое јадење дава како коментар демек и често ме "кара"). ------ Апсолутно! Самото то шо седнувам на вечер да едитирам слика ме тера да сум транспарентна и да сум "добра" за да не прикачвам само џанк. Денес ми тргна надолу дено ама успеав скор 70 да извам. Имам уште овошје и јатки за денес ама дур не завршам и не прицнам дека почнувам пост - не го сметам за завршен денот. Инаку само на "прикачи фајл" долу.
До тоа кај што кликаш за да испратиш мислење имаш опција "прикачи фајл", поле тоа ќе ти се отвори прозорче "додај датотека" кликни на тоа и избери фотографија која што сакаш да ја прикачиш.
@theowndemon леле, многу ми се допаѓа апликацијава, изгледа ќе морам да си ја купам! Премногу добри информации дава, ептен убаво и од твоја страна!
И ти па не мора да се венчаш за апликацијата. Фри верзијата дава калории + нутритивен скор (без "наградите"). Мислам дека и за растителни влакна даваше? Не сум сигурна. Не знам дали спомнав ама и влакна во исхрана број. Имаш три дена премиум фри. И можиш да се пробаш со неделен пејмент ако ептен сакаш премиум. Јас прво пробав така недела, па недела фри и си реков тоето, се венчавам со апликацијата една година. Овие шо се екстра инфо од "наградите" можам да ти сликам за кое сакаш, макс еднаш би ги прочитала нема потреба од поќе така да не се толку важни ако ме прашаш мене. Е сега едино екстра (а, важно) е то шо ти кажва шо прајш ко шо треба, а кај можиш да смениш нешто. Ама како rule of thumb сака комбинации. Сега јадев кифлички со руска и после една крастајца со сол. То е тој баланс за да се радва ракунот место да ме кара. На секое јадење пробвам поќе групи на храна да опфатам (извор на комплексни ЈХ, масти и протеин + зеленчук; овошје + здрави масти итн). Така да ако прајш комбинации ќе го радваш без да ти кажи дека прајш се во ред.
Се што опиша ми се свиѓа за во апликација Затоа ќе си ја испробам на неделно ниво прво, убаво викаш! А кажи ми, за рецептиве од кај црпиш мотивација? Зошто некад ми недостига ептен.
Најголем % од денот мислам на храна, и гледам рилс за храна (често) така да е нешто потсвесно шо сум видела, нешто шо со тек на време научив дека "оди" заедно итн.