Од утре почнувам ама стварно овој пат Некои лесни вежбички за 2 ипол месеци пп и исхрана прилагодена за доилка ама пак да симнам некое килце и да се хранам здраво
Слава/именден core: Ама реков "не" на торта. Отворив во статистика чисто да видам daily average до сега трите недели и пак сум во исти граници така да I won't beat myself for a day like this. Треба да преќинам да се социјализирам во Сабота.
Слика немам, заборавив да сликам ама ајде денеска: Доручек: 2 јаболки Ручек: Пилешко месо со салата Вечера: Пченка со лимон, шекерец.
Извини што ќе ти се умешам ама те држи ова? Доручеков на пример јас би била прегладна со две јаболки...
+1 на ова Ако не се гледа, I eat eat. Да сакав баш да јадам х2 јаболка ќе додаев путер од кикири или пола рака јатки, или чиа пудинг итн. Во секој случај браво на истрајноста. Јас макс ден и пол би издржала така пред да изедам 3-5к калории за да надохнадам фрустрацијата.
Искрено не почувствував глад некој си екстремен поради тоа што денеска на работа бев од сабајле и дури едавј најдов време да ѓи изедам. Ама да сум дома не би издржала. Се фатив на инает, свадба ме чека и ќе издржам. Јас знам инаку и да се изгладнувам.
Најлошо е да се изгладнуваш, го успоруваш метаболизмот, ништо добро не правиш со изгладнувањето, за кратко време ќе имаш јојо ефект.
Е истово ми се дешава. Бебето ми е мало. Значи некад или доручкувам или не. Ако не сум стигнала да јадам ко што треба прегладнета сум. Штом добијам малце време идам јадам све што можам а тоа секако све нездрави работи. Доручек до сега ми беше било што од фриждер зашто штом ја оставам 10цм подалеку од мене вришти. Ама сфатив дека треба да бидам паметна Мм од утре е дежурен, сега си направив овесни со цимет, утре ќе си додам јаболки и некое оревче и топ.. Морам така зашто иначе отиде телцево и тоа малце што го одржавам.. А да не зборам после колку ми е жал што се прејадувам зашто реално гладна сум прегладнета и не знам што да земам прво..
Знам, ама ајде де, кој да разбере. Еве денеска имам различно мени: Сабајле: Сок правев од морков, портокал, лимон и ѓумбир. Поручек: Риба спремам. Вечера: Пак некоја салата, може и само краставички со лимон и хималајска сол.
Ден 12 Се приклучувам ијас со слики официјално. Денес се мерев 2 кг помалку. Плус од на сликата изедов 2 малечки парчиња печена тиква, и по некоја бисквита. Планирам да изедам уште некое овошје ако ми се јаде.
Денес на х2 имав можност да спремам јадење само, ама буквално ко snack plates ми беше. Две лајци шо пишав мислев зацрпи-израмни. Не како планина полна. Чекорите ми беа во едно одење, остатокот од денот ми беше гледање филм под ќебе (и зато ко гремлин спремив јадење пред време и после само грицкав): Еднаш неделно морам 2+ сати да изодам споено.
1ден. Почетна е 72кг Целта е 64... За доручек: Овсена каша со јаболко, малку арома од ванила, цимет , карамелизирано јаболко и неколку оревчиња. Ручек: 2 Парчиња пилешки стек печен, ориз со зеленчук и марула салата. Вечера: Во грчкиот јогурт ставив банани, јагоди, и малку путер од кикирики. Имав две ужинки: јапонско јаболко и вториот пат 2 мандарини. Не успеав да сликам, немав време ама океј е не сум гладна и мислам дека се океј намирниците ако мислите дека нешто треба да сменам додадам поправете ме. Физичка активност денес ми беше бутање количка со корпа и бебе од 6 ипол кила од почеток до горе до Матка така да се изморив бгм.. А цел ден носење бебе у раце спаѓа ли у вежби за раце Утре ќе можам и да вежбам ќе пробам некои полесни вежби, и се надевам ќе сликам така поубаво и повеќе мотивација ќе имам.
Доручек: Проја со спанаќ, морков и малку сирење како за вкус. Ручек: Печен компир со додатни зеленчуци. Вечера: Салата некоја, марула со краставица мислам.
Ти фали да внесеш протеини.. Поточно мислам дека ти фали бидејќи не сум сигурен дали во проја се ставаат јајца. Можеш за да внесеш повеќе протеин друг пат со истиве оброци за доручек +чаша јогурт, за ручек извади дел од компирот и стави пилешко месо.
Сакав да се испостам без месо затоа не весов. Инаку заборавив јогурт, да си земам. Инаку ставив јајца во пројата затоа ме држи.
Дечки, што препорачувате како замена за благо и тестенини? Освен смути и овесни каши, и за оние макароните од ДМ ме интересира, какви се? Поддршка до сите, да си ја постигнеме целта.
Месото не дебели, можеш слободно да го јадиш. Дебелат јаглехидратите, поточно пројава, компирот, итн. бидејќи задржуваат по 3гр вода на килограм тежина и ако е се почесто тоа јадење и калорично, таа вода ќе се складира во сало. Месото ти е чист пртеин и масти, тие не дебелат зошто не прават инсулин спајк. Најубава замена за благо е овошјето, но и со него треба умерено. Или пак производи кои имаат додадени засладувачи без калориска вредност, гледај да се со стевиа, сукралоза и делумно со ацесуфлам-к, а аспартам воопшто не.
Ако ти се јаде чоколадо земи 1-2 коцки ама стопи ги во уста не ги џвакај за да осетиш вкусот и доста благо ќе ти дојде.. Исто така медот е супер, можеш со мед и сусам такви едни се прават се става сусам, мед, овошје суво ако сакаш. Сусамот се пржи и после се меша со мед, се става во тава и во фрижидер.. Ако ти е по лесно да измешаш можеш да го загрееш медот ама многу малку ако многу го загрееш, над 40° ако достигне температура губи од корисните својства.