Тоа е веќе друго. Сигурно ти брои колку јгх, протеини, масти и калории треба да изедеш во денот. Можеби во другите оброци имаш застапено протеини и масти. А овај сам по себе е само јаглехидрати.
@Mumoftwo30 @Mr.Limonko @quattro фала ви на одговорите. А, рецептите на Ана Стојанова какви се, знае некој? Гледам има доста рецепти за здрави десерти, ама не се разбирам и не знам дали се добри за слабеење.
Незнам какви се рецептите, ама што и да јадеш не треба да претеруваш.. Не постои храна што можеш да ја јадеш и ќе ти помага да слабееш. Треба да внесеш помалку калории отколку што ќе потрошиш.. Можеш да започнеш некоја недела со броење на калории да видиш од прилика што како, после ако те мрзи тоа да го правиш не мораш ќе знаеш од прилика во кои граници си и со колку благо можеш да се почастиш.
За слабеење најбитно е на крајот од денот да заспиеш во калориски дефицит, односно да го ставиш телото да работи на резервната енергија или гориво кое ја складирало претходно, односно на енергијата од складираното сало а не од храната што ќе ја внесуваш. Тоа значи дека ќе внесуваш помали количини оброци и истите да не се многу "енергични" т.е полни со калории, за да може телото да префрли да работи на енергијата од салото, тоа е исто ко од нафта да префрлиш на бензин, бензинот ппн Рецептите на Ана Стојанова и сите други останати се базираат на "ниско калорични" намирници, односно намирници кои немаат голема количина на енергија, со единствена цел како шо реков, телото да се префрли на режим да ја троши енергијата од салото а не од храната која ќе ја внесуваш зошто таа храна нема доволно енергија па телото мора да посигни по друг извор на енергија за да преживее и функционира а тоа е салото и тогаш доаѓа до топење на салото и слабеење. Многу е битно да не јадиш калорични, кондуторски и индустриски јадења полни со нездрави масти и шеќери (јгх) туку истите да ги замениш со нешто поприродно, со поздрави масти, сложени јаглехидрати и протеини.
Да, тука си во право, најбитно е да си во дефицит, и физичка активност ако имаш плус, уште подобро, ама у секој случај дефицитот е клучен. Јас така имав ослабнато многу, драстична промена имав, ама благо воопшто не јадев, ептен ретко. Се чудам како сум издржала без благо искрено, затоа сеа барам замена да имам, барем.
Ден 13 Одлично се осеќам и добро се снаоѓам. Слики не направив Гладничка троа од поќе бев за поручек, после работа. Изедов 4 пржени јајца со 2 кришки црн леб и нискокалоричен намаз. (Поручекот ме фати околу 900 калории, бидејќи кришките беа големи и имаа доста калории во една) и плус една чашка кафе баланс од 85 калории. Ручек туна во сос од домати, брокула, шери, краставички малку и две кришки црн леб, мали кришки со истиот намаз. (Овие кришки беа од друг леб, многу помали по 90 калории во едно парче, целиот ручек ми беше 600 калории.) Достае за денес. Се мерев денес, точно 77.0 кг. Вкупно за денес околу 1500 калории.
Shortcut до тонирани раце. Благо. Јас имав период ко бев опседната со протеински колачиња (sneaker doodle од Be Healthy), ама најмногу спамам протеински пудинзи (две во едно ми е = протеин + ми задоволва крејвинг за десерт). Ова за побрзо. Ако не се брзаш - има многу убај здрави рецепти шо можиш да пробаш. Сега од ко сум со ракунов се пробвам со баланс за да не се фрустрирам (си дозволвам МНОГУ ПОМАЛКУ од шо сакам и шо имам јадено). За тестенини, јас од ДМ имам јадено од тие со црвена леќа знам беа едните, другите со наут, не сум сигурна. Многу ми беа цврсти, ако ги вариш поќе се распаѓаа и општо имаа многу чудна текстура и колку и да пробвав и сакав да ме бендисаат - едноставно не можев да ги јадам. Е са јас имам проблеми со одредени текстури. И највкусно да е, џабе. Претходната недела завршена официјално на -0.7кг. Ова недела: Вчера -100г, денес без промена. Едит. И само шо ми текна дека заборајв текст да клам, лол. Појадок: овесна каша: млеко од индиски орев, овес, чиа, јаболко и малку јаворов сируп, од горе банана, путер од кикири и јатки. Ручек: печен компир, домат, фалафел и грчки јогурт со кисели краставички. Вечера: од ручек ми остана нешто помалку од пола, па го дојадов со витаминска салата: црвена и бела зелка, морков, цвекло, сол, јаболкова киселина, маслиново масло. Десерт: од оние мини пити (?) од ДМ. Spoiler
Денес пак без промена, изгледа стигнав до обработка на руската. Денес прегладнав, цел ден излезена. Појадокот огромен, класика овесот. Па ме држеше доволно за после работа да излезам и да се зафркнам и да стигнам да јадам пак вечера време. Сум заборавила да допишам, полнетите пиперки без леб и крастајца секов на пола со сол зошто едноставно ми се згрчи желудникот за јадење. Колачињата ми беа ручек колку да турнам до вистинскиот ручек за вечера. Две ми личеа на 50г, и дома мерев другите од паковањето и до грам сум погодила.
14 ден Денес не сум за пофалба. Ме мавна депресијата и се разјадов лебче. Поручек Две пржени јајца, со една кришка намаз ниско калоричен, по некое боровинче и кафенце едно. Ручек две/три (непамтам колку беа) кришки црн леб големи со ајвар и малку сиренце (сепак горда сум на контролата со сирењето, итоа е напредок ). Ужинка 1 банана, една мандарина и јаткасти 3/4 со 3/4 парчиња сув ѓумбир. Вечера Едно како пита танка како тортиља со спанаќ и сирење и некоја лажица грчки јогурт. Не сум во калориски дефицит, ама не е страшно, продолжуваме утре *76.6 кг денес (веројатно од премногу спиење )
@Panda00 Според мене, Можеби непопуларно мислење, но кога се слабее, исто како кога се тренира, не мора се да биде вкусно, убаво, слатко и да предизвикува оргазам. Твоето мислење ми фати око, бидејќи многу пати го имам сретнато во овие теми и мислам дека ова е токму проблемот и одговорот. Многумина постојано бараат вкусни "хелти" рецепти, па како десертот да бил здрав, па како оброкот да бил со сијалички и панделки и така само се навлегува во магичен круг. Односно, пак се тренира мозокот или истиот станува зависен храната да ја гледа како задоволство, награда, утеха - што и првично довело до проблемот со вишокот килограми. И на крај, пак цел ден мислиш на храна. А баш целта во овој процес треба да биде и да се исправат тие нездрави навики и храната да се гледа како извор на енергија. Да се изгради поцврст мајндсет. Значи ќе седнеш ќе јадеш месо, туна, јајца, зеленчуци и ако сакаш слатко, ќе си земеш свежо овошје. Знам, досадно е, ама досадното е добро во овој случај. И ако сакаш некогаш тестенини, земи си класични и направи си 1 чинија. Не ти се потребни тестенини од леќа, цвекло или јапонска пропалица што велеше еден . Бидејќи и трагањето по фенси тренди производи е дел од магичниот круг. Пресметај си колку ти треба дневен внес на калории прво. Ако имаш премногу килограми и/или нула кондиција, започни со едноставно пешачење од физичка активност. Не ја комплицирај и со среќа, you've got this
Јасно, те разбирам што сакаш да кажеш. Не барам ништо фенси, само чисто ете да имам некоја замена, макар еднаш во неделата кога ќе ме фати криза за благо, од причина што кога сум пробувала да се ,,лишам" од благо, брза храна или што и да е, само уште повеќе ми се јадело и имало јојо ефект, а кога сум јадела ,,од сѐ по малку" тоест умерено, сум се осеќала добро и психички, и физички. Не е оправдување, ама последниве две, три години имав некои стресни промени во животов, па тоа и на храната и на линијата ми се одрази, и малку изгубив компас што како. Сега сум во фаза на враќање во форма, и затоа пишав тука, сечие искуство е добредојдено. Ама, држи вода тоа што го кажуваш, во право си, некогаш и самите се опседнуваме со храна и мислиме дека без нешто не можеме (како во случајов ја со благото ) а нема везе, сѐ се може ако си упорен и дисциплиниран, тоа ми е проверено. Фала во секој случај на поддршката, ми значи и ќе го имам предвид твоето мислење
@Panda00 Апсолутно нема зошто да се чувствуваш лошо што килограмите се последицата на претходен доживеан стресен период. Нормално е, don't beat yourself up Веќе успешно си го поминала половина од патот во овој процес бидејќи веќе си свесна и сакаш да се вратиш во форма. Тоа е најважно, одлучноста за промена Во однос на кризите за благо, види што ги предизвикува, бидејќи многу често тоа не значи дека ти се јаде благо, туку: -Оброците не ти се доволно богати со протеин, хранливи влакна и масти т.е не се заситни. -Под стрес си, бараш емоционална утеха, жедна си, не спиеш квалитетно и доволно. -Наеднаш нагло си престанала да внесуваш јаглехидрати и шеќери и тоа вообичаено backfires. Значи, не се плаши да јадеш јаглехидрати, и тие се потребни, само консумирај ги умерено. Па дури и коцка чоколадо не е крај на светот. Воедно, не си давај рокови, дека мора до Петок или до Декември да ја постигнеш целта. Биди присутна во моментот, види дали си под стрес, труди се колку што е можно повеќе да го менаџираш, пиј повеќе вода, пешачи за почеток, гледај секој оброк да ти е заситувачки. Биди досадна и упорна - бидејќи во ова најважен е континуитeтот. Значи мораш секој ден to show up for yourself. Тоа е тајната, нема скратена рута
Фала ти премногу. Баш така, континуитетот е најбитен. Би додала само дека сето ова треба да го гледаме како начин/стил на живот, поточно треба да си практикуваме физичка активност и здрава исхрана постојано, не само додека да ослабеме и после пак на старо да се вратиме, а со тоа и килограмите да се вратат. Џабе целиот труд. (Ова колку им го кажувам на другите, толку и на себе си го кажувам зашто и таму ми беше грешката ) На тоа и мислев кога реков дека кога се лишувам од нешто, само полошо правам. Среќно на сите, можеме!
15 Ден Поручек ѓеврек (300калории округло) и кафенце (86калории). Ручек две пржени јајца, салата со зеленчук и лосос и две кришки црн леб со нискокалоричен намаз. 6 парчиња мочи благи, по 35 калории едно беше (210калории). И 3 коцки црно чоколадо. Thats it
Појадок: Житарки со банана и шумско овошје. Ручек: Месо јадев, потточно плескавица правев печена. Вечера: Салатка. Денес повеќе имав за јадење.
Денес нахнадни -0.3кг, вкупно -0.4кг неделава. Денес пократок "пост" зошто знаев дека пак ќе сум цел ден надвор, за да не се зафркнам како вчера и да имам време за два оброци пред да излезам. Појадок шакшука од готова салса и две јајца со леб со лук. И две мандарини. Ручек полнети пиперки со џекфрут и краставица салата. Ужинка овесно колаче со полнеж од јогурт. 17к чекори од кои 11 и пол километри ми беа "од едно". Имам слика ама морам да ја конвертирам оти од инста не ми ги прифаќа и ме мрзи. Утре.
Појадок: Грозје, покасно мандарини Ручек: Цезар салата без мајонез и кашкавал. Вечера: Пченка шекерец со лимон и хималајска сол ја правам.