16 Ден Утнат Изедов повеќе месени работи, и торта малку. Ден 17 Одлично враќање во форма Поручек салата разновидна со малку оревче и мозарела нискокалорична со многу протеини, и плус две пржени јајца. Ручек пилешко месо со печурки и зеленчук.
Појадок: Шејк со круша, цитрон и шумско овошје. Ручек: Риба со салата. Вечера: Салата од краставица со лимон и хималајска сол.
Ја се извинувам вака што упаѓам, оти не сакам никого да разочарам Ама кога следите прогрес на тежина, нека биде тоа на подолг временски период, пример на месец или две недели најмалце. Работата е што тие 300, 400 грама може да се сменат и во текот на еден ден, зависи дали си јаден, си бил во тоалет, си вежбал итн. Башка самите телесни ваги имаат девијација од 300-500 грама (на мојата пишува дека се 500 грама). Јас на пример после доолги трчања сум била олеснета и за 1-2 кила ама дехидрирана и нејадена значи биле вода, сол и гликоген. Ова општо, не само за тебе, за да не се разочара некој ако е +300 грама од претходно. Али како и да е, со среќа
Да, да знам. Поназад имав пишано дека мерам за да ги видам тие флуктуации за да не се нервирам ако некогаш не ми испаѓа математиката, а гледам очигледна промена. Уште малку сум на пред хемо тежина (скоро 10кг минус) и гледам промена, ми коментираат промена. А, јас дур месецов почнав да ја гледам. Така да моето дневно мерење недела-две е "експеримент".
Ден 17 Поручек капучино и сендвиче со зеленчук и варено јајце. Ручек Ѓузлеме со кисело млеко и некоја маслинка. Плус кафенце
Појадок: Двопек со хумус и парче кашкавал. Ручек: Месо имам пак, пилешко ќе правам. Вечера: Салатка секако.
Zdravo lugenca, kje ve zamolam kazete mi kako da pocnam, stignav do 78 kila i nikako da pocnam so vnimavanje na ishrana bidejki ne mozam da se iskontroliram...Strvna i gladna sum konstantno..vezbam pilates megjutoa so samoto toa shto zderam celo vreme ne mozam nikako da vlezam vo red
Сестре ајде дружиме. Исти случај сум и јас. Почнав да јадам огромна количина на оброци ама сето зеленчук и овошје. Ме пренајадува, никогаш не се чуствувам надуено и се чуствувам преубаво. Со ретки исклучоци знам да згрешам и да си земам ден. Ама тежнеам подолг период да си сум на ваков режим. Се радувам кога треба да си направам нешто здраво, го декорирам па си го сервирам, преинтересно мие. И покрај тоа сум во калориски дефицит. Секако пазам на калории. Ден 18 Поручек ми беше ова (протеинела со малку калории и повеќе протеини, некаде околу 150 калории на 100гр а цело е 200 гр.) плус една малечка кришка леб од зрна со малку млечен намаз. За ручек изедов можеби малку повеќе. 1 парче свинско месо печено на скара, 1 лебче округло и уште едно пола, салата многу и 2 путер колачиња. Плус испив едно кафе. Сигурно имам преминато денес, си се опуштив, стресен ми е денес денот на работа.
Денојве дома не се завртив за да можам да едитнам некоја слика. Од вчера памтам шо јадев. Наназад тешко. Појадок - чорба со лепче и дупло еспресо. Ручек - ХАХАХАХАХАХАХХА ТРИЛЕЧЕ со портокал. Вечера - рамен со чаден лосос и варено јајце. Ужинка - х2 мини переци со спелта и х1 ред темно чоколадо со вино и смокви (реално ред од ова чоколадо колку макс две коцки е, it's tiny; ќе го вклучам денес во сликите пошто омилено ми е и вчера го добив па полека да го докусурам ) Вода ко да немам видено. Одамна имав крејвинг за лимонада, и то вчера. Без додаен шеќер, саде лимон пијам. Денес исто со лимонада денот почнав. За некоја причина горка лимонада ракундов ми ја рачуна ко 50%. Чекори 21к. Додуша до Среда ми се така малку кнап денојте ама си викам дека нема да заспијам пред да можам да едитирам сликите вечер.
Неделата све изедов дома. Нема веза ајде. Денес, Појадок: Двопек со авокадо и домат. Ручек: Леќа Вечера: Туна салата ми се пријаде.
И еве ме пак после скоро година,среќа иста килажа сум од јануари, рамно 58 Што фино изгурав пред три години до 52.5,ама после останав бремена... Сега почнувм пак со иста мотивација и иста килажа да стигнам до кај 53..... Од утре почнувам држете ми среќа!
Не знам дали е соодветно прашањето тука, но најактивна е темава. Знае ли некој на кој принцип работат, ко од ракав да ги слабеат килава, а недоволно информации на странава...
@Lady*Bug Според информации од Интернет, користат неинвазивни методи. Односно, термален третман со инфраред сауна за наводен детокс и "топење" на масти, озонска терапија + топлина за побрз метаболизам, електро-мускулна стимулација за активирање на мускулите, ултрасоничен третман за обликување и тонирање, инфра-светлечки третман за обнова на клетките. Третманите покрај за слабеење ги промовираат и како за детокс, намалување на болки и воспаленија. Тврдат дека нема штетни последици, бидејќи не станува збор за операции, а резултатите варираат кај секој различно. Според мене, не си го троши времето, бидејќи нема скратен пат, ниту магично стапче. Единственото вистинско решение е: калориски дефицит + физичка активност (да потрошиш повеќе од што си изел) + менување на животниот стил од корен
Фала за одговорот. Знам, така е се што пиша, и не, не мислам дека со магично стапче ќе ги решам вишокот килограми (станува збор за околу 7,8кг) него мислев нешто онака да те бустне, да добиеш као воља, и доколку не е штетен методов, да се проба. Навистина не знаев на кој принцип работат, а до толку да лажат дека тек така луѓе симнуваат 10кг ко од шала и тоа не ми се веруваше...
@Lady*Bug Дај си 8 месеци да ги изгубиш тие 8 килограми. Знам можеби звучи разочарувачки толку долго на прв поглед и мислиш дека е долг период. Но, верувај поголемо разочарување ќе добиеш од вакви третмани или држење диети, кога можеби ќе ти дадат резултат до Петок, ама за краток период, пак ќе си на стартот. Односно, 8 месеци е таман период, бидејќи токму бавното и правилно губење на килограмите ќе ти помогне засекогаш да се ослободиш од нив. Плус времето и онака пребрзо лета и ништо нема да изгубиш, освен килограмите За делот со волјата, разбирам дека дека често најтешкиот дел е да се почне, како и за секоја една работа. И нормално е да сакаш мотивација, но јас би ти рекла да ја занемариш и да не ја бараш воопшто, бидејќи нема секој ден да бидеш мотвирана и со волја. Ова е само уште еден магичен круг кој води до откажување на првата кривина. Она кон кое треба да се стремиш е да бидеш дисциплинирана и конзистентна. Со помош на тоа, you'll show up for yourself секој ден, без разлика дали си расположена или не си, дали надвор врне или е сончево. Ако ти е потребен boost, започни со наједноставниот сигурен начин: Вметнување пробиотик и основни витамини во рутината, пиење многу вода, излегување секој ден на сонце/свеж воздух, па макар и само 20 минути и слушање музика која ти го крева расположението. Воедно, калорискиот дефицит - пресметај колкав треба да ти биде дневниот внес. Воедно, при сметањето земи во обзир дали ќе. вежбаш или не. Јади правилно, не држи диета. За физичката активност, ако не си љубител на вежбањето, започни од наједноставното - пешачење на рамно - Do it every day. Регулирај го и нервниот систем со мали работи за да го поправиш односот со храната. Со среќа, you've got this
Нели е предолго ова? Јасно ми е дека поарно е бавно, ама ја да почнам да слабеам по 5-6кг у месец ми идат у минус. Јасно е дека бавното слабеење е најдобро, нема толку јојо ефект, но сепак, ако не се внимава и пак се почиња со прејадување, ќе се вратат. Неколку пати слабеам, и секогаш пребрзо се топеле, а за јојо ефектот ми требало година ипол до две, не скроз да ги вратам сите, туку одреден дел. Не можам да замислам вака за толкав период.. На темава коа сме, имам за симињање, ама никако да почнам, не може и не може.. Многу се нервирам периодов, мислам и затоа највише и качив, ќе отерам све у курац, и земам си се почастувам, као божем ќе ме утешела храната Најлошо нешто што можете да си го направите.. Го чекам едвај денот коа конечно ќе сум спремна да се вратам у нормала.
@Mrs. right Па, ми ја докажуваш поентата: Слабеењето 5-6 кг на месечно ниво е вообичаено кај луѓе кои имаат многу поголем вишок на килограми или се во екстремен дефицит/на некаква диета и затоа и потоа се јавува јо-јо ефектот и истите се враќаат и цело време вртење во круг. Што значи дека бавното слабеење во долг временски период, во кој како што напоменав треба да јаде правилно (не да гладува) и да си го поправи односот со храната, е единственото решение за трајни резултати
Потпишвам шо кажва @Polyincognito Целта уствари е да се смени односот кон храната и промената да е трајна. Тогаш ко ќе стигниш до одредена цел веќе имаш (здрави) навики и не е тешко долгорочно да се држиш до тие нови навики. И нема јојо, зошто не прајш прекин па да се вратиш на претходната исхрана. Јас веќе почнав да се смеам кога зборам за исхраната дека ја "репрограмирам" gut bacteria.