(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    466
    Пол:
    Женски
    Морам да ти кажам дека те разбирам скроз, низ исто поминуваме.
    Верувам и дека не сме само ние, сигурно и многу други се во иста ситуација. Пишував и претходно, стресот си го прави своето, дефинитивно најголемо влијание има врз сѐ, секогаш викам дека физичкото и психичкото се поврзани.
    Непопуларно мислење, мислам дека не се збори доволно дека и храната е еден вид порок, како што се цигарите, алкохолот, дрогата.. како што кажа ти, бараме ,,утеха" во храната, како таа да ќе нѐ утеши и ќе ни ги реши проблемите. Стварно е еден вид зависност, јас за мене можам да си кажам дека бев убедена, си имав на психа ставено дека без благо и тестенини не можам, дека нема да успеам. Имаше период кога не ги консумирав воопшто и успеав да намалам килажа, ама кога ми беа сведени на минимум, кога бев во дефицит, е тогаш, имав (според мене) најдобри резултати. Од физичка активност, слушалките и пешачење, асално пешачење. Прво почнав со пократки рути, а после кога стекнав кондиција и со подолги. Имаше период кога идев во теретана, ама тоа искрено не ми прија, свака част на тие што си идат, за мене не е, дефинитивно преферирам пешачење. Во карантинот и дома си вежбав.
    Што се однесува до тоа колку време е потребно да се ослабе, не знам, не сум стручњак, само би рекла дека е индивидуално, од човек до човек. Јас на пример кога ќе се решам, стварно гледам резултати за релативно брз период (зборам за помали резултати, а за поголеми нормално дека е потребно повеќе време). Од прилика, за нешто помалце од пола година, имав намалено 10 кила, со калориски дефицит и секојдневно пешачење.
    Како што кажа @Polyincognito нема магично стапче, нема инстант решение, нема скратен пат, само трпение, упорност, дисциплина. Би се сложила со неа и за делот за мотивацијата, клучот е во тоа да се трудиш и кога не си мотивиран, не само за слабеење, за буквално сѐ во животот е така. За ова и со психолог имав разговарано, само ми рече ,,Почни, не чекај да си мотивирана. Мотивацијата ќе си дојде постепено, кога ќе видиш промена кај себе." И стварно беше така, не е клише, не е празен муабет. Најтешко е додека почнеш, после веќе станува рутина и начин на живот, мене денот ми немаше смисла ако не испешачам. Пешачењето ми правеше да се осеќам продуктивно и корисно, дека сум направила нешто добро за себе и сум го искористила денот максимално. Значи, не само што има физички резултати, туку и психички, внатрешно се менуваш на подобро.
    Само знам дека не успевав кога си давав рок, кога си викав дека, пример до свадба морам да ослабам. Не успевав ни кога си викав дека од понеделник ќе бидам на диета. Успеав кога само ете така, еден обичен ден пресеков и си реков нема да јадам кога не сум гладна, нема да јадам од досада, нема да јадам од стврност дека некој пред мене отворил чоколадо, па ај и ја да земам, иако не ми се јаде. Значи, оној момент кога ќе си стварно решена и одлучна, ќе успееш. Најбитно е да не се осеќаме лошо и да не се обвинуваме себеси зашто килажата е последица на стресен период, нормално е, се дешава, на секој може да му се деси и може да се среди, не е крај на светот. Мене ми беше многу тешко да си ,,простам" за тоа што сум се запоставила и сум дозволила да вратам килажа кога сум била под стрес, и сѐ уште се борам со тоа, не ми е целосно надминато ама одам кон тоа и си ставам во глава дека стварно не е крај на свет, се десило, идемо даље.
    Кога веќе еднаш си успеала да симнеш килограми, секако дека можеш и сега, овој пат со повеќе искуство од претходно.
    Само напред и не се секирај, ќе се среди(ме). :hug:
     
    На penelope10, Polyincognito, Mrs. right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.076
    Пол:
    Машки
    Најздраво слабеење е до 1кг во недела, не во месец.. 3-4 во месец, толку сало ќе ослабнеш со било која диета се + на ова е губење на течност и мускул.
    А за да не се вратат килограмите треба диетата да ти стане начин на живот, затоа подобро е да не е со некои строги диети туку со нешто што можеш да го контролираш пример количински помалку да јадеш и не да се откажеш од одредена храна туку многу да намалиш.. Бидејќи ако е некоја строга диета веднаш штом ќе ослабнат повеќето се опуштаат премногу во храна "ослабнав па сега да се почастам".
     
  3. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.964
    Допаѓања:
    16.446
    Пол:
    Женски
    @Panda00 калориски дефицит само, све друго за жал не помага, коа формулата е таа.

    А само пешачење мене лично не ми е доволно. За пешачење ич не е проблем, ја и така брзо идам, не се ни проблем километрите, сеа да сакам во моментов ќе ги испешачам тие 20.000 чекори па и над, за пешачење имам и повеќе од доволно кондиција, не се изморувам воопшто.

    Сакам да вежбам пак, дома.. И никако не можам. Изговори еден куп, раното станување у 6 и нешо, после се враќам и престимулирано се осеќам за било што, мрзата...
    Некад сакам и да искочам нели што е најнормално. Не разбирам како постигаат све..
    А знам дека не морам ко на времето по 6 пати неделно, доволно е вајда и 4-5 ама ај накани се :|
    Јас на двапати по 20 - на .. Премногу имам изварирано низ последните 5 години. Сеа, 8-9, па и 10 ми се потребни.

    Пак ко преку ноќ да ги накачив, сфаќам дека храната е доста калорична, дека си јадам, и се прејадувам, но до волку не очекував.

    И не, првпат не ми е, коа више имаш искуство, се слагам дека можеби е малку полесно да се доведеш во ред.

    Искрено, и сеа не сум страшна, :rofl: според мене, личам нормално онака, со облини, дури ни за дебела не се осеќам, али, сепак, сепак боље е без овие, признавам. Самото чувство на леснотија, па се останато.

    Се глеам на слики од лани, сум била топ.. ;(
    А тогаш мислев треба да се слабее и да се дојде на 68-9 како коа бев еден период. Сум се лажела, мене таа килажа од 73-4 сепак ми прилега најубаво, све испод, више не сум ја тоа, се губам, се топам целата.. и некако пак ко да не ми е тоа тоа. Најздраво па и најфит би кажала, токму со тие килограми изгледав.

    Секако дека ќе успееме, ама сакам овојпат да биде последен, иако не постои гаранција за ништо, да се потрудиме да ја задржиме килажата што ни е желба да ја имаме. :f:
     
    На Panda00 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    9.484
    @Mr.Limonko Дефинитивно ова е неточно за да се земе како општо правило.

    1 кило за 1 недела е единствено реалистично само за луѓе кои спаѓаат во категоријата на гојазни и имаат превисок процент на масти. Исто така, возможно е можеби и за луѓе кои се на строга медицинска диета т.е под лекарски надзор.

    A губење по 4 килограми на месечно ниво, едноставно не важи за луѓе кои веќе се приближно до својата целна тежина.

    За жена која се обидува да изгуби 8 килограми ова е невозможно без екстремна рестрикција, губење на мускулната маса и брз јо-јо ефект.

    Поентата не е брзината, туку одржливоста. На повеќето луѓе со јо-јо ефект не им е потребна побрза диета или резултати за 1 месец.

    Потребно им е да го средат односот што го имаат со храната или кој и да е друг коренски проблем што им го предизвикува прејадувањето и вишокот килограми :*:
     
    На theowndemon и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  5. ani23

    ani23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    929
    Допаѓања:
    1.282
    Пол:
    Женски
    На први килограми + дигам аларм,можеби и дека природно сумбила слаба.Се осеќам грозно со 4 кила +.Последно сакав да откажам одење на свадба кога видов сум се здебелила.Ми влијае на самодоверба многу,ни на работа не ми се оди вака со некое кило плус.Затоа барам работа од дома,ме фаќа очај и анкс,немам желба да купам ништо ново,кондури купувам.Можеби и тие околу мене ме имаат искомплексирано многу.Луге со многу килажа не знам како фунционираат секој ден.Првпат ми е и ме фаќа паника.
     
  6. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.964
    Допаѓања:
    16.446
    Пол:
    Женски
    Ама како да намалувам толку споро, коа чим сум на рестрикција, и тргнам тоа што дебелее, летаат килограмиве ко луди, не мора да сум 100..
    Е сеа добро, течностите се првите тие кои заминуваат, мастите на крај.

    Сепак би рекла до организмот е, а и вие ако почињате со 60, и тоа го нарекувате 'дебелина' за да сте дошле до 54, тогаш друго е. Неам такво искуство јас, тие килажи у 3 то одделение сум ги имала :drunk:
     
  7. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    466
    Пол:
    Женски
    Тоа е точно, дефицитот е клучен и пресуден за здраво и квалитетно слабеење.
    Физичката активност, било каква, е само плус и секогаш е добредојдена, пред сѐ за ментално здравје е добра, а после и за добра форма.
    Ако веќе можам да дадам совет, би рекла постави си реални цели. Не можеме сѐ наеднаш да решиме, потребно е време.
    Пример, не почнувај одма со некои напорни и тешки вежби, почни си со некои поедноставни за почетници, од оние што ги има на јутјуб, 10 минути во денот, сосем океј и доволно за почеток.
    Почни со еден здрав оброк во денот, да не филозофирам многу, ама тајната е уствари баш во тие мали, секојдневни навики.
    Една мала промена води до уште поголеми промени, постепено, без форсирање. Со тек на време ќе биде полесно, бидејќи веќе си почнала со тие мали промени.
    На крај, најбитно е ти да си се осеќаш убаво и пријатно во својата кожа, ти да си задоволна. Со среќа! :l:
     
    На Mrs. right и theowndemon им се допаѓа ова.
  8. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.076
    Пол:
    Машки
    Јас генерално кажав, дека е здраво до 1кг неделно, ама нормално дека зависи од повеќе фактори.