1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Maelina

    Maelina Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2025
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    351
    Пол:
    Женски
    Не вежбам.. А имам и време и можност. Буквално секој ден се прејадувам и си викам ајде од утре сериозно, доаѓа следниот ден и пак исто.. Имам направено цел план за вежбање и исхрана, сѐ до детал, и пак е истото. Не можам да си превземам контрола сама врз себе и стварно не знам зошто. :(
     
    На Peperutce6 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.608
    Допаѓања:
    180.509
    Пол:
    Женски
    Дали случајно премногу голема рестрикција си даваш преку денот па мора да прајш overeating покасно?
     
    На Maelina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Maelina

    Maelina Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2025
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    351
    Пол:
    Женски
    Не не. Не знам, самиот мозок ме тера на јадење иако не сум воопшто гладна на пример.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. dejanadejana777

    dejanadejana777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    459
    Пол:
    Женски
    Најди ја причината прво зошто се прејадуваш? Или барем зошто мислиш дека се прејадуваш, зошто доаѓа до тој момент? Дали е можеби несвесно, од досада, ете членката погоре пиша можеби си даваш преголема рестрикција, дали можеби се условуваш од типот "не јадам веќе благо" и чим каснеш и залче било какво блакце не можеш да се контролираш и продолжуваш. Мислам дека е најбитно да видиш уствари во кои моменти најчесто ти се случува, под кои околности, па да реагираш соодветно.
     
    На Maelina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    9.814
    @Maelina Според мене,

    Тренерот може да ти помогне со воведување рутина, но нема да го реши коренот на проблемот. Повеќе е соодветно за на психолог.

    Земајќи го во обзир мислењето за суицидните мисли, мислам дека премногу се притискаш себеси, одиш во екстремности и тоа само доведува до уште полош резултат.

    Односно, што и да те мачи на приватен план го манифестираш со тој "сè или ништо" погрешен мајндсет и си навлегла во маѓепсан круг во кој правиш план, се притискаш себеси истиот да го следиш, губиш контрола, се обвинуваш и пак од почеток.

    Односно, ова не е физички глад, туку на психолошка база (како резултат на стрес, психичка исцрпеност, барање допамин во храната). Доказ за тоа е и што не вежбаш и покрај тоа што имаш време.

    А имањето совршен план често може да е и погрешна идеја, бидејќи колку построг е планот, толку посилeн е реактивниот нагон на мозокот.

    Но, мора да дојдеш и до коренот на проблемот. Буквално за сè има решение. Take it easy on yourself. И одморот е многу важен. Седни, слушни се себеси и дај си рака.

    Воедно, исхраната. Што јадеш и колку, е многу важно. Ако не се храниш правилно во текот на денот, нормално вечерта ќе си гладна. Ти може да изедеш многу количински, а тоа да биде шеќери и јаглехидрати кои не заситуваат. Односно, потребни ти се и протеини и здрави масти. Не само за да не си гладна, туку и да се регулира нервниот систем :*:
     
    Последна измена: 16 декември 2025 во 14:20
    На Maelina и Ema.Sk им се допаѓа ова.
  6. Maelina

    Maelina Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2025
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    351
    Пол:
    Женски
    @dejanadejana777 @Polyincognito
    Благодарам многу за пишаното. Не правам никаква рестрикција во смисла да се прегладнувам, знам дека ми е психата за никаде. Се има случено период во животов каде што ослабнав 16 кг за 3 месеци, буквално престрого се држев до план, прегладнував но никогаш не се предадов. Долги години после тоа не ги вратив килограмите, но сакам да кажам дека во нормални случаеви не би “потклекнала” на мал глад.

    Знам дека ми е проблемот психички, преголем стрес, многу лош живот, притисок од сите страни, константно под анксиозни напади и храната ми е единствената утеха во денот. Буквално јадењето го имам сфатено како уживање, а не како нешто кое ми е потребно за преживување. Можам во текот на денот да сум прејадена и пак да седнам да јадам. Ќе звучи смешно но at this point испаѓа како храната да ми е смислата на животот.

    Немам премногу ригорозен план, не се изгладнувам ниту си правам рестикции, но стварно не знам зошто не можам да имам самоконтрола. Орбитрекот ми е во мојата соба буквално, и наместо да вежбам јас губам саати во лежење и скролање на телефон. Колку и да сакам да се вратам на прав пат, секој ден станувам и продолжувам исто. Знам дека ова е веќе длабок проблем и ако не се стопира на време ќе биде многу лошо. Сакав да слушнам искуства дали можеби некоја од вас била во ваква ситуација и успеала да се врати. Да напоменам дека ова ми се случува веќе година ипол, а не само краток период.
     
  7. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    9.814
    @Maelina Врз основа на сè напишано, очигледно е дека не станува збор за недостаток на самоконтрола, дисциплина или мотивација.

    Она што всушност ти недостасува е психолошка сигурност, редуцирање на хроничниот стрес и пронаоѓање друг поздрав извор на олеснување на истиот.

    Ова многу наликува на класична fight/flight исцрпеност на нервниот систем.

    Од една страна го имаш "истренирано" мозокот дека што и да се случи, храната е утеха. Од друга страна, комбинацијата од храната + постојаното скролање, создава состојба на numbness (отупеност), како начин да се преживее денот.

    Затоа, наместо тренер, во оваа фаза, многу поважно е да соработуваш со психолог, кој особено е стручен на ова поле - анксиозност преку емоционално прејадување.

    Храната не ти е проблемот, храната ти е симптомот.

    Едноставно биди си поддршка и не се откажувај од себеси. Со правата помош, чекор по чекор ќе го решиш ова :f: