Луге кажете као да ослабам и тоа не 10 туку 20 кила сум пробала се диети , бев во диет вита клуб , се сто ке чујам и нисто не помага се е краткотрајно додека си на режим и после тоа се се враќа . Сега решив само да намалм со јадењето и не јадам леб и благо воопшто и многу пешачам и се надевам дека конечно ке има некаков резултат . ке ви кажам што бидна
Нормално дека ке ти е краткотрајна секоја диета ако после завршувањето на истата не си внимавала на исхраната.
Начин да ги намалите килограмите: Прво свртете ја главата на десно, потоа на лево. Надесно, па на лево-Повторувајте ја оваа вежба секогаш кога ќе ви биде понудена храна. Spoiler Успева 100%
Тука сум девојки,повторно да се жалам и да се фалам Гостите ми замина,и сега се вракам на стариот режим за да ги симнам уште тие 5-6 кг што ми останаа.Али јас и мојот стомак пак си имаме проблем,никако и никако да се намали кога го мерам секогаш е ист и кога беф здебелена и од кога ослабев.Правам стомачни секоја вечер,од вчера ги зголемив и правам 480 али пак исто и исто Иначе да се испофалам за денеска што изедов.Сабајле една кришка леб со намаз.Потоа кога правев торта не можев да одолеам и касни си од филот,касни си од ресаните ова она.Али не изедов многу.Вечерва неколку мали кифлички и салата со макарно.(ова не го земајте во предвид од утре сум на стариот режим )
Правам стомачни,немам некој услови за трчање али за скоро планирам да почнам втеретана па таму има некој справи како орибтрек.За брза храна и грицки лесно можам да се откажам и многу ретко јадам,али благо........
Денес ја почна аткинсовата диета, друга солуција во моментов немет. Појадував две јајца, еден помал патлиџан, пиперка и морков. Spoiler И ќе се казнувам сега со здрави оброци, кога не знаев за доста! Застанувам сабајле на вага и што да видам. Ми се идеше сама да си удрам еден така врел шамар што ќе имам фобија од храна. Првен се збунив од цифрата, никогаш не сум била толку, поправена сум за цели 5 кг во рок од две недели. После следеше делот на самообвинување, лутина и бес, па самосожалување, па префрлање на вина на метаболизам, на пмс, на карма, на судбина, па добивање мотивација и свечено ветување дека од денес почнувам со нов начин на исхрана. Е сега му е мајката, сад или никад! Овој пат не, неможе храната да биде посилна од мене, има да го нема вишокот!
До кај сте згодноќи? Слаби, полнииички, елегантно пополнички, сите сме убави, нели летово поминува, и што, нели убаво се поминува, дотерани, лепршави сме си Јас си стојам така заслабната, си терам по својот режим, и си се допаѓам
Денес касно станав, а за ручек немав ништо па морам да јадам пита со месо, колку осминка бурек отприлика, па сега јадев малку грозје и тоа е тоа за денес. Вчера трчав на кеј, денес рекордни 45 минути издржав вежбање, и откако се истуширав си реков, дај да го пробам тој фустанот. Е кој фустан?! Фустанот на сестра ми за матура. Најубавиот фустан на светов. Тој фустан го земав лани со мене на одмор. Три другарки пробуваа да ми го закопчаат, лежев на кревет, на земја, собирав стомаци, се грчев целата само за да се закопча-и ништо. Готов беше да се искине после пола саат тегнење. Мај оваа година, на дечко ми матура, си реков, дај да видам може ќе ме собере овој пат. Мајка ми и сестра ми се запотија пробувајќи, нема шанси. Се откажав од него и само го гледав и си тажев. Е денес мили мои, три месеци од последниот обид, успеав сама да го закопчам. Без ни малку напор. Без ни малку салце да стрчи до страна. Аххх колку сум среќна, едвај чекам да го облечам за негде!
Другарчиња..имав проблем со тежината но тоа беше пред 4-5 недели едноставно кажав не на ЛЕБОТ и баш е ок со тоа ослабев 8 кг и не ми се потребни никакви диети Поздрав
Јас одлучив да си се ставам на диета и еве веќе 10 дена не сум пробала леб или брза храна а тоа ми беше најголемиот проблем.Не сум на некоја напишана диета само јадам овошје,зеленчук,супи,ориз а леб во никој случај единствено понекогаш кога сум ептен гладна по две парчиња црн леб.Немам дома вага и не сум се мерила па не знам дали сум симнала барем некое килце . Иначе да поставам неколку прашања. Дали бејк ролсот е целосно диетален? Оти јас си јадам барем по едно пакување дневно откако сум на диета. И оние овошните јогурти на кој пишува 0,5 масленост? И дали нес кафето со млеко од 0,2 масленост има многу калории?
Bake Rolls - serving size: 90 g, Calories: 391, Fat: 13g, Carbs: 57.9g, Protein: 10.5g Има премногу јаглехидрати. А и не е баш сиромашен со калории. Сепак можеш да си го дозволиш, само не треба да претеруваш со калории. Кај овошните јогурти не е проблем масленоста, туку јаглехидратите. Сепак подобро ти е обичен јогурт да пиеш... Ако е обично нес, со 250ml млеко и без шеќер има околу 100 калории. Обичниот нес и еспресото немаат многу калории, од кафињата калорични се турското и капучиното.
По која логика турското е најкалорично?! Вода и кафе?! Ај не кажувајте вакви смешки. Калорични се сите оние кои имаат полномасно млеко,крем,шеќер,а се знае кои се тие.Турското има 1 до 2 калории во зависност од количината и дали сте ставиле шеќер или не. А за мастите секако дека е важно.Јагле и масти мора да се внимава,протеините се пожелни. Ајде бе девојчиња,каде сте тие што ве читав цело лето?! Зошто ве снемува?! Ајде пишете како оди?!
незнаев каде да прашам па ај си реков тука,кога сте на диета од јаткасти плодови што конзумирате освен ореви нешто ф'стаци,индиски ореви конзумирате или не??
Ма не можам веќе,шо карактер ќе имав човече,од почетокот некаде на јули па сееееее досега јас не сум мрднала,нит сум симнала нешто,нит сум качила,а се токмам цел месец да ја почнам ун и никако не можам,2-3 дена па ќе се откажам и така сум цееело време во круг. Ми требаат уште некои 5-6 килца да ги симнам,ама ете,не мога
http://fatsecret.com/calories-nutrition ... ee-turkish Во споредба со нес со вода кое има најмногу 3 калории - да, калорично е!
Јас ја поччнав медицинската диета и ми одеше супер со до денес кога добив страшен напад на глад и ептен ми се слоши, дури ми се повраќаше од глад, па решив да правам пауза ден два. Пошто сум љубител ептен на летни манџи, пржени пиперки и јајца, пиперки и домат со кисело млеко и сл, ме интересира дали смеам да јадам нешто такво ако сакам да ослабам, знам дека треба да се избегува пржена храна, ама пиперки и домати пржам во тефлонска тава со ептен малце масло и доматот се вари во сопствениот сок, не може ваљда да биде покалорично од месо? Некој да е упатен колку калории има таквата храна?
Хуху јас сум -5кг -2 кг пред постот и -3кг оваа недела како резултат на постењето. Знам дека -3кг се многу за една недела ама и моите кг беа многу. Сега ќе си одам на одморче колку толку задоволна со себе! А кога ќе се вратам после постот продолжувам со режимот на Ирена да си ја остварам втората зацртана цел уште -5кг и толку доволно ми е.