Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.753
    Допаѓања:
    189.089
    Јас сум моментално 88 на 170см
    Л носам
    Уште 8 да симнам и доста ми е
    Инаку на уши и цицки ке останам само
    Мене ми е првично да и олеснам терет на кичмата
     
    На Lovebug01 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  2. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.744
    Допаѓања:
    9.532
    Пол:
    Женски
    Инаку заборавив да додадам дека и без вежбање најдобро сум се осеќала на околу 68-70кг. Толку бев кога правев свадба пред 7 и пол години и баш убаво изгледав. Градбата ми е таква, широки колкови, голем газ и бутови, горе сум помала. 60кг последно во средно сум била, даска рамна без ци*ки :D само газ и бутки на мене, смешно изгледам кога ќе се видам на слики. Иако според сите препораки за БМИ треба да сум до 62-3 кг максимум. Не знам може ако вежбам и стигнам до таа килажа па поубава ќе бидам :) Целта ми е засега да дојдам до 69-70. Три бремености има поминато телово, од кои една до крај, нормално дека телото се менува и после пораѓај.
     
    На H.VAGA, Peperutce6, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    4.175
    Секое сабајле на гладно цеден целер, еден месец така па пауза една недела...леб само од хељда или мелен лен , некогаш и семки сончоглед, сусам, лешници мешавина правам, после цедам пак сок и се движам 2часа пиејќи од цеденото , висока сум 172 , имам 77, со овој режим за еден месец дојдов до 75 не е нешто ама јадам што ми текне некогаш благо , проја од бело брашно , ама се умерено (не трпам ) мада искрено мислам пиењето течности и движењето највеќе ми влијаеше , еден месец тие 2кг не ми се вратија
     
  4. Ana-lib

    Ana-lib Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2015
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    246
    Пол:
    Женски
    Здеаво на сите
    Јас по стоти пат се трудам да ослабнам. Тргнав дури и во теретана и одам редовно. Сега моментално правам пауза една недела и имам страшен апетит. Наместо да слабеам дури и качив, што е нормално на ова мое јадење.
    Е сега завртав една цел и ќе се трудам да истрајам. Наместо ригорозни диети со јојо ефект, решив да слабеам бавно, но се надевам долготрајно.
    Сега сум околу 73кг, висока сум инаку 174 цм. Цечта ми е да внимавам на исхраната минимало и да слабеам на месец по -1кг. За една година би била околу -10 (2 се резерва ) што би било преидеално.
    Што мислите вие за ова мое размислување? Дали некој-а од вас успеала вака да симне килограми?
    Јас имам една познаничка што за една година ослабе 13 кг.
     
  5. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.744
    Допаѓања:
    9.532
    Пол:
    Женски
    Калориски дефицит спрема твојот бми, вежби со тежини и кардио комбинирај, и обавезно внес на повеќе протеини. Гледај кога огладнуваш меѓу оброци нешто протеинско да биде тоа (грчки со овошје, протеински пудинг, смути со протеин и слично) -држат повеќе ситост а немаат многу калории и немаш надуеност. Ако вежбаш со поголеми тежини, градиш мускул и можеш и да стагнираш (па дури и да качиш некое кило) на вага, а сепак телото да ти се трансформира и да изгледаш послаба и позатегната.
     
    На Ana-lib и Panda00 им се допаѓа ова.
  6. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    2.696
    Добро е што си свесна за проблемот. Ова се вика Binge Eating и се решава со психотерапија. Треба да видиш кој е тригерот за тоа прејадување( бес,тага, осаменост, стрес, досада). Ќе научиш техники како да ги контролираш тие "напади на глад". Диетата не е решение за тебе. Забрани само можат да ти одмогнат. Ти треба да изградиш здрав однос со храната. Само така ќе излезеш од тој "маѓепсан круг".
    Можеш да почнеш да водиш дневник во кој ќе си запишуваш што јадеш ама и чувствата кои ги имаш во тој момент. Психотерапијата ќе ти помогне и да изградиш самодоверба и да не ја базираш твојата вредност на тоа како изгледаш.
    Со среќа.
     
    На zemzela91, Marsi* и Panda00 им се допаѓа ова.
  7. Ana-lib

    Ana-lib Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2015
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    246
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на советите и воедно на подршката. Се надевам дека ќе бидам истрајна и ќе успеам во својата цел.
     
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.611
    Допаѓања:
    25.924
    Каква ти е исхраната за да имаш страшен апетит?
    Каква планираш да ти биде исхраната внимавајќи минимално?
    Какво ти е секојдневието? Работиш седентарна работа? Пешачиш барем?
    13 килограми за една година се и те како возможни, зошто да не.
     
  9. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    1.530
    Пол:
    Женски
    Ти нутриционист си?
     
    На ani23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ana-lib

    Ana-lib Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2015
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    246
    Пол:
    Женски
    Апетитот не ми е во врска со исхраната, туку на психичка база. Поради оправдани причини неможев да вежбам една недела и тоа некако доведе до тоа да паднам и психички и да немам доволно мотивација. Покрај тоа и стрес на работа поради некои тековни промени и тоа е нешто што многу ми влијае и на расположението и на мотивацијата.
    Е сега јас си допуштив малку одмор и сега сум решена пак да се вратам во нормала и да продолжам да внимавам.
    Доста сум едуцирана околу исхраната, што и како треба да се комбинира и количински колку да се внесува.
    Прво што ќе направам ќе намалам на тестенини, леб и пржени работи. Благо исто така минимално. Нема да искчучам ништо во целост, но ќе намалам секако на количина.
    Целата ми е на долгорочен план да внимавам и да ги спуштам килограмите постепено, без да се казнувам.
    Мотивацијата тука е многу битна, јас ќе се потрудам да истрајам.
    Секојдневието ми е 4 дена со две мали деца дома и сите домашни обврски што вклучува и шетање, играње.. инаку одам 3-4 пати во теретана. Работам 3 дена претежно пред екран, но некогаш и на терен, што подразбира доста движење.
     
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.611
    Допаѓања:
    25.924
    Океј, значи страшниот апетит не ти бил поради внес на претерано низок број на калории, помислев да не си јадела многу малку, поради што логично би имала страшен апетит. Обично со добро избалансирани оброци не треба да осеќаш претерано многу апетит, дури и ако си во дефицит. Е сеа на психичка база друго е, но штом знаеш дека е така, можеш да го менаџираш.
    Дисциплина е повеќе во прашање, мотивација се нема баш секогаш. :D
    Добро, штом си едуцирана за исхраната, можеби и џабе комуницирам со тебе, мислев ако на таа тема ти треба разговор, совет, идеи, да ги размениме.
    Иначе прашав за секојдневието бидејќи многу е важно, не е исто да работиш 8 саати пред компјутер (како мене) и да си константно во движење. Оттука тргам дека не сите трошиме исто калории само работејќи, а да не збориме за сè останато.
    Јас сум од тие што сметаат дека може многу да се направи со релативно малку, само тоа малку да е редовно. Пример, 30 минути брзо одење 5 пати во неделата не е нешто претерано многу за правење ама прави многу за телото. 20 минути вежбање со тежина 4 пати во неделата исто така не е претерано многу за правење ама прави многу за телото. Не мора многу ригорозно, само редовност подолг период. Башка сета останата активност, играње со дечињата, качување скали наместо лифт, пешачење до поблиски места барем, итн. Сè се собира и влијае.

    Не сум, а ти?
     
    На Lovebug01 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ana-lib

    Ana-lib Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2015
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    246
    Пол:
    Женски
    Може да се успее но треба истрајност. Е мислам дека тоа е пробем кај сите што се трудат да слабеат.
    Јас сум успевала повеќе пати да стасам до целта, но спак сум ги враќала бидејќи ми паѓа мотивацијата.
    Имам дома добар демотиватор што е брутално искрен и што например после еден месец трудење и внимавање со исхрана ме обесхрабрува и вели “па и нема баш некоја разлика или ефект”
    Е тоа е тоа што ме демотивира, а гледам дека оваа група е баш за тоа да се охрабруваме и да си дадеме подршка, па и некогаш кога нема бидливи ефекти по напорен труд од месец или два.
    За информирани, мислам дека денеска сме сите доволно информирани, имаме доста извори на информации од кај што може баш се да се научи.
    Јас ви праќам подршка на сите што се трудите и сте тука, посебно на оние што имаат поголем вишок на килограми. Не се откажувајте иако некојпат е тешко. Мајките што се тука и имаат дечиња, тоа треба да ни биде најголем мотив да бидеме пример за нашите деца и да истраеме во нашите цели.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.611
    Допаѓања:
    25.924
    Секако дека може, ехехе, зошто да не.
    Не може да нема никакви резултати, или ќе има на вага или на обем, како и да е, некакви резултати после некое време има. Понекогаш бројката на вагата не е баш битна ниту значи нешто посебно, кога телото како и да е менува облик. Јас на пример (со друга цел од твојата) стопив сало и така намалив обем, но ги задржав истите килограми што значи салото се стопило, а мускул се зголемил (колку толку). Така да, се осеќа разликата општо, како се осеќаш, облеката како стои, итн. Така да, можеби подобро е да си тераш ти со твојот план и на тој што така ти зборува да го замолиш да не споделува мислења, едноставно терај си, сепак за себе го праиш.
    А за дечињата секако, и јас имам, ама едно, и како и за сè друго, водење со пример најдобро учи други.
     
    На Lovebug01 и Ana-lib им се допаѓа ова.
  14. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.189
    Допаѓања:
    5.125
    Искрено не личи дека имаш многу за симнување, ако имаш воопшто, но разбирам дека сакаш да намалиш. Тоа што си тргнала во теретана е супер, ќе забрзаш метаболизам, ќе направиш мускул, тежината може и да не мрдне, а сепак телото ќе добие форма и ова мислам дека е многу подобро отколку да симнеш 10-12 кг. Мене исхраната ми е проблем, се супер, знам што да јадам и што да не јадам, ама пусто време немам за спремање и тоа ужасно ми смета, и нормално кога ќе дојде вечерта, времето мое за опуштање, баш се опуштам и со храна. Тоа што паузираш една недела не игра никаква улога. Јас секогаш паузирам за време на циклус, едноставно не можам да вежбам таа недела, активна сум само со лесно раздвижување до работа и назад. Кај жените 1-2 кг на вага не значат нешто многу, буквално постојано имаме игра на хормони. Јас варирам +/- 2кг во текот на месецот. Лично, во моментов си дадов слобода да бирам дали да вежбам или да пазам на храна, одбрав да вежбам, а кога имам можност припазувам на исхрана, ако можеш двете да си ги оствариш како цел е најидеално. Приоритет исто дај на сонот и внесот на вода, ова не одзема време, а има придобивки многу :)
     
    На Ana-lib и Lovebug01 им се допаѓа ова.
  15. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.744
    Допаѓања:
    9.532
    Пол:
    Женски
    Нормално е понекогаш сите да имаме таков период кога јадеме на психичка база. Сите поминуваме низ некој стресен период некогаш, ама среќа не трае вечно па се враќам во нормала. Мене ми се случува понекогаш приметувам и кога сум екстремно уморна навечер. Ама почнав да приоритизирам спиење и легнувам во 22 часот, одма подруго е.
    Ти немаш некој вишок на килограми, верувам дека и 5 да намалиш со вежбање и правилна исхрана ќе имаш топ резултати.
    Јас исто сум имала многу обиди за слабеење и сум успевала со калориски дефицит без никакво вежбање, ќе симнев за брзо време некои 7 кг и после се враќав на старо поради недостаток на мотивација и ги враќав. Скоро пред 1 месец почнав да вежбам + да пазам на исхрана и внес на протеини, а претходно од есента навака бев ослабена некои 7-8кг со исхрана од нутриционист и пешачење. Погоре пишав баш дека килажата првите 2 недели не мрдна, а сите ми коментираа колку сум ослабена. Одма почна телото форма да ми добива.
    Друга работа кај нас жените што килажата во тек на еден циклус варира со плус минус 2 кг. Во лутеална фаза кога доминира прогестерон и првите 2 дена од менструација килажата е најголема и како почнува фоликуларна фаза се нормализира. Тоа е нормално скроз и е задршка на течности. Затоа јас прогресот почнав да го запишувам не само обем и килажа секоја недела мерење, туку и спрема циклус. Пример секој месец се мерам на прв, седми, 14, 21 ден и споредувам со претходен месец.
    Друга работа што би ти олеснила во процесов е да си направиш листа на оброци (доручек, ручек, вечера, ужинки) со пресметани калории и макроси, и да си правиш еднаш неделно план за оброци. Така ќе можеш да правиш и еднаш неделно meal prep полесно, ќе знаеш што треба да пазариш и слично, што ќе ти заштеди време во текот на неделата.
    Не е важно ако некој ден внесеш и повеќе калории отколку што треба, следен ден ќе внесеш малку помалку и така си се компензираш. Гледај главните оброци особено ручек и вечера да ти бидат со повеќе салата со што ќе внесеш повеќе влакна и ќе зголемиш воедно и волумен на оброкот.
     
    На Marsi* и Ana-lib им се допаѓа ова.
  16. Ana-lib

    Ana-lib Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2015
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    246
    Пол:
    Женски
    За спиењето си многу во право. Јас кога сум ненаспиена сум многу глафна и плус нервозна. Но тоа го средив од пред неколку месеци, си легнувам со децата во 9 и супер сум и наспиена и расположена, а и полна со енергија.
    И јас почнав скоро во теретана од декември. Но правев и пауза за зимскиот одмор, па продолжив во јануари на почетокот. Тоа што го приметив е исто така кога се преоптеретувам со тренинзи си правам и контра ефект, бидејќи мо паѓа енергијата и почнувам да јадам без контрола. Доаѓам до заклучок дека Балансот е најважен во се и во јадење и спиење и вежбање.
    Инаку -5 би било добро, но -10 би било идеално. Пред 3 години бев 65 и бев таман.
     
    На H.VAGA и Lovebug01 им се допаѓа ова.
  17. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    17.759
    Пол:
    Женски
    Шо?

    Мускулна маса? Изглед?

    174см си висока, и имаш околу 73кг и ми збориш дека се многу, притоа у теретана идеш, и сакаш да си -10.

    Не сте возможни мајке ми :drunk:

    Малце се инаку -10, ја би -20 ..
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ana-lib

    Ana-lib Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2015
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    246
    Пол:
    Женски
    Моето тело баш изгледа опуштено и имам доста целулит и сало, згора на тоа кога сум над 70 кг имам и стомак. Градбата ми е таква што нозете ми се дебели и над 70 секако не се осеќам убаво, имам широки колкови.
    Секој си знае за себе како би бил задоволен и не гледам причина зошто ти сега би ме осудила мене што јас се осеќам убаво кога имам помалку килограми.
    Колку килограми имаш ти? Ако смејам да прашам. И колку си висока?
     
  19. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    17.759
    Пол:
    Женски
    Мнооооооогу, моментално многу, за многу од вас баш трагично многу, 83-84, варирам, плус у пмс сум, али тука некаде. Сум била и многу поише пред 7 години.
    Се иам видено од 67 до 100 :drunk:

    За моја градба 67 ми се премалку, со 73 делувам најтаман, дури и фит, висина 168 некаде. Со 67 нозете ми беа стапчиња, чудна сум си таква, камо ли 60, не можам да замислам, ќе пропаднам и ќе се изгубам целосно. Не сум ни била со толку малку, можеби ко мало дете на 7 години..

    А килажа трпам, не се заокружувам лесно, па и со оваа сегашна тежина да ти кажам, која се води за прекумерна.

    Не, не те осудив, само ми е чудно и малце нереално, али крај краева ти најубаво си знаеш. Само знај дека и сеа си у нормалата. :)
    Ако преферираш слаба баша слаба, и тоа е океј, чим ти причинува задоволство.

    Коа се сликате пред огледало, како испаѓате баш ме интересира?
    Дали сите огледала се исти или има некои кои истенчуваат, издолжуваат и обратно? Мислам дека да.
    Иам впечаток дека на слика се изгледа послабо, агол, поза :bug:

    Не збориме за ефекти, едитирање или фотошоп, обична нормална слика.
     
    Последна измена од модератор: 10 февруари 2026 во 07:20
  20. Ana-lib

    Ana-lib Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2015
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    246
    Пол:
    Женски
    Па тогаш и двете имаме по 10 за симнување ;)