Не морам ја 10 искрено, колку се толку се, мои се. Со таа разлика што ти викаш си 174, а сакаш 10, притоа имаш 73 сеа, а ја 168 со 84, а сакам 73 може и 75, не се проблем ич. Не се брзам ја, да сакам за месец дена 6 ќе симнам, очигледно не сакам.. Се оптеретувате со бројки, па преувеличувате Ајде убав ден, сo среќа
Не се расправајте дечки, секој најдобро за себе си знае. Тука сме да се поддржиме. Бројката на вагата не мора ништо да значи, една иста килажа на различна висина и различна градба/конструкција, може многу поразлично да изгледа. По опишаново, @Ana-lib има слична градба како мојава, и висината ни е тука негде. Ја имам широки и доста изразени кукови, доле сум покрупна, горе поситна. И најмногу се дебелеам баш во нозете, куковите и долниот дел од стомакот. 10 кила мене лично ми прават доста голема разлика, нозете ми изгледаат далеку поубаво кога сум -10 кг. Моите очи и очите на некој друг, не гледаат исто, тоа е веќе работа на вкус на кого какво тело му се свиѓа. Јас на мојава висина и градба најубаво си се осеќам со 65 кг, што е и најбитно, пред сѐ ние да си се осеќаме пријатно во својата кожа. А што некој друг решил да прави со своето тело, мене стварно ништо не ми мења. Сѐ додека не се работи за екстремна гојазност или анорексија, (што во случајов мислам дека не е) сѐ си е таман. Не гледам ништо страшно во тоа што девојката сака да симне 10 кг.
Не се фаќајте никогаш стриктно за бројка на вага и дека мора толку да сте, килажа може да биде и задржана вода и мускул.. Повеќе обрнете внимание на мерење на обем и изглед. И најважно само калориски дефицит за намалување на масти и тренинг за затегнување на телото и додатно трошење калории. Ако не сте сигурно дали сте во дефицит или не некоја недела можете да броите калории и ќе видите од прилика каде треба да се движите со храна.
па и јас мислам дека е кортизол. Осеќам стрес. Се мислам да си воведам ашваганда. не можам да средам спиење бидејќи одам на работа во 3 смени. Не дека не сум наспана коа сум 3та смена ама тие 5 дена се стрес за организмот бидејќи е нарушен биоритамот а тоа не го осеќаме краткорочно но долгорочно излафа на виделина. За пешачење пешачам одвреме навреме вежбам дома. Сега изнакупив ластици од тему и кај да е почнувам малку посериозно. Иначе за овие 2 недели успеав да симнам само 2 кг
Да се пријавам по којзнае кој пат,само еден стап за мене.Го достигнав врвот свесна сум ,знам дека мора да ослабнам,имам и убав повод за тоа ама некако немам ни волја ни желба да се замарам со броење на калории и некој строг режим.Предложете нешто брзо и ефективно .
Брзо и ефективно значи само Јојо ефект. Фокусирај се на слабеење 2-5 кг месечно, тоа е здраво а не налага огромен калориски дефицит.Ако сакаш да не варираш со тежина смени го начинот на живот. Под тоа не подразбирам да исфрлиш јаглехидрати, алкохол и нездрава храна еднаш и засекогаш, туку да има баланс.На пример , ако знам дека викендов би излегла со друштво и би јадела нездрава храна тогаш во текот на неделата би се трудела да намалам со калории, а да внесувам повеќе протеин. Не гладувај, не постигнуваш ништо со тоа. Гледај да внесуваш 500 калории помалку од твојот нормален дневен внес и барем некаква физичка активност. Споро е, ама функционира и не ги враќаш килограмите назад.
Нема брзо и ефективно. Може да се соочиш само со контра ефекти. На телото му треба исто толку време исто како што му требало време за да стави сало. Ниту преку ноќ салото дошло, ниту пак преку ноќ ќе си замине
Се знам, се ми е јасно АМА никако мозокот да се уклуче и да каже стоп доста е.Секогаш викам од утре ,ама тоа утре никако да дојде.Треба сега,веднаш,а не утре.
Ако ова го направиш, придружено со дисциплина зошто таа е најклучна а потоа ќе ти дојде и мотивацијата, тогаш ќе изградиш победнички менталитет а со тоа и резултатите ќе дојдат сами по себе. Најклучно нешто е психички да се подготвиш, да се натераш за промена и да му кажеш на умот како да го "сетира" организмот и телото
Zdravo! Dali ima nekoj iskustvo so Saxenda za slabeenje, PCOS i insulinska rezistencija? Preporacan mi e lekot od doktor, no bi sakala da slusnam poveke iskustva!
Да се пофалам за 3 недели - 3кг. не,ја уствари сакам од 71 брзо на помалку од 65 да стасам ама... и се разочарувам што немам резултати ама и ова 3 кг за 3 недели е too fast. Според апликација треба по - 3кг месечно да намалувам да за 3 месеци го постигнам посакуваниот ефект на килажа
Првите кг секогаш најбрзо се губат, бидејќи губиш вода и гликоген, а не масно ткиво. Кога ќе почнеш да губиш масти (кога телото ќе се адаптира) ќе почнеш да намалуваш по отприлика 2 кг месечно, зависи на колкав дефицит си и дали вежбаш.
Се решив да почнам да си запишувам тука сѐ што јадам па да ми биде како дневник, да видам кај ќе стигнам а и да си имам инспирација за понатаму до лето сакам уште 5кг да намалам (до сега од октомври имам симнато 12кг и последниве 2 месеци активно вежбам во теретана 5х неделно од кои 2 дена повеќе кардио правам) и гледам во денот да имам минимум 10.000 чекори вкупно. Доручек: грчки со дозерка протеин, шумско, 3 лажици домашна гранола и путер од лешник (ова ми е еден од омилените доручеци) Ужина: Флипс на Бубало Ручек: порција грашок манџа, парче домашен леб од семиња и салата Вечера ќе биде туна салата најверојатно. Ако осетам потреба за благо или глад, имам дома протеински коцки замрзнати, ќе каснам една
браво стварно. Полека слабееш но сигурно. Дали броиш калории или секогаш се држиш до редоследни оброци?
Бројам калории во главно, гледам да се 1600-1700 дека вежбам. И исто пазам да внесам отприлика 100гр протеин во денот. Веќе знам горе долу за секој оброк колку калории има. Леб бели пецива многу ретко јадам. Газирано и алкохол не пијам. Благо од време на време знам да си дозволам. Кога сум на роденден на пример си каснувам таму што има и торта. После многу обиди во животов за брзи резултати ова ми е прв пат вака да сменам и начин на исхрана и живот со месеци. Инаку секогаш кога сум имала такви брзи резултати сум имала јојо ефект. Ова е веќе друг левел на свесност за храната и можам да кажам дека одлично се чувствувам и не се оптеретувам ако вагата и обемот не мрднат некоја недела важно генерално слабеам, баш полека но сигурно
После вежбање пред доручек: дозерка протеин со вода Д: тост со овесно лебче У: 5-6 бадеми Е: ослич со печен зеленчук У2: 3 урми со 1 лажичка кикирики путер В: пита со тиквица, јајце, малку брашно, пилешки гради и кашкавал со грчки јогурт
Д: чиа пудинг со чоколадно протеинско млеко од бадем, 1/2 банана, шака боровинки и путер од кикирики У: протенска коцка Р: рижото со морски плодови и салата В: врап со мелено месо
Ден 1 Поручек една малечка банана Ручек печурки со вода изварени и зачини, еден ѓеврек и мало парче леб со мармалад. И 4 парчиња кекс. Инаку сум на пост без масло.
И маж ми пости без масло. Пред некој ден му направив 4 лажици овесни варени со вода, мед, цимет, какао, измешав со 1 банана пасирана и сецкано јаболко и наросив сомелени јатки. Превкусно му беше чисто идеја за доручек или вечера да ти дадам.