Д: 1 мало парче проја (без сирење) со кајгана од 1 цело јајце и 1 белка, 3 лажици грчки јогурт со таратур микс зачин и 1/2 млад кромид У: протеински чоколаден пудинг со 2 лажици домашна гранола (во пмс сум и ми се јаде многу благо) Р: врап со мелено (ми остана мастраф од вчера) В: ќе биде некоја салата со останатото мелено месо
Да се пријавам дури не сум отишла во 70ка. Сега одам во кафана ради веридба, ама ќе си јадам само зелче и што има за пасење. Почнувам со 68кг на 176 цм. Ќе каже човек ок е за висината, ама не е. Идеално ми е до кај 61-2, било што плус ми се собира од половина нагоре и не ми се допаѓа. Градите мистануваат сало, грбот со витки, половината станува целина со толкав ѓеврек околу... не бива. Генерално брзо слабеам кога сакам, ама како затерав од лани ова време, никако да се вратам во колосек со вежбање и за празници накачив уште едно 2-3 кг. Не се ни осеќам веќе женствено и лесно, па редно е да се ставам во ред. Исфрлам само леб и благо, секако тука се и ептен мрснотии + идеме со 16:8 пост пак.
Ќе пишував минатата недела, ама си викам, ајде да видам неколку дена под режим што ќе донесат. Епа -6кг сум За 8 дена. Еден месец прејадување не беше добра идеја, ама дека на одмор, се опуштив. Дури и алкохол пиев Сега не дека не јадам благо, ама правам многу чекори и пазам што друго јадам . Никако да се натерам да појдам во теретана. Цела вечер гледам видеа од женцки во теретана, со стомачни. А јас секогаш кога ќе симнам малку, се враќам на бинџање и пак вагата угоре иде. Наместо да си појдам и да се фатам за теговите. Има некоја друга што е на диета или само јас дремам тука веќе 6та година
Лесно. Контролирав што јадам плус 15 000 + чекори дневно. Е сега, за да намалам уште повеќе, ќе ми треба многу повеќе време.
Што јадеше пример Сакам да прашам за броење на калории дали има некоја добра апликација? Или како да ги бројам калориите како да внимавам што јадам бидрјќи од ун нема фајде .
Не сум пишала одамна Кога пишував тука имав 73кг, сега имам 67 Веќе два месеци сум на поинтензивна здрава исхрана без гладување Целта ми е да сум 64 до јули, а до август да бидам права згодна мајка Вежбам тежински истовремено, стомакоттт премногу ми е намален влегувам во сите фармерки 38. Пред два месеци кај бутките застануваа..
Мене ми помогнаа рецепти и групни програми за исхрана од овие девојки https://fitlife.com.mk/plan-za-ishrana-7-dena/ https://www.thehealthieryou.mk/blog/ Не барав индивидуална програма со нутриционист, туку повеќе идеи како да комбинирам храна за да сум сита во текот на денот, а да сум во калориски дефицит и да слабеам. За апликации, сум симнала да ги пробам, за некои треба рачно да внесеш што си јадела, а тие што ги рекламираат дека ти ја скенира чинијата и пресметува калории се плаќаат. Според мене подобро е да се земе некое мени со пресметани калории и да се оди по него, Дали вежбаш во теретана/дома и колку пати неделно
Вежбам дома. Имам тегови. Од оние сетовите до 85кг имам. Три пати вежбам глутеус и нозе. Два пати имам кардио и стомак(односно вежбам дијастаза после пораѓај ми остана и ја средувам) Клучно секако мислам дека беше јадењето кај мене, ама и дисциплината.
И за колку време колку кг ослабе јас сум 83кг морам подхитно да се вратам барем до 75кг пред близначката бременост и тогаш бев дебела ама барем влегував во Л или 38/40ка број сега све изгледам отечена како бумбар .
https://mkmarket.mk/product/tegovi-85-kg/ Повели. Не сум сигурна дали мм ги зема од бидифи ама истите се
Update од 10 јануари, -8 кила, 67 кг сум, сакам да дојдам до 60 Вежбам, пешачам и готвам рецепти од секој што ми фаќа око, Ана Стојанова, Драгана фитлајф, инстаграм, тикток и со помош на fitnesspall апликацијата пазам да сум во калориски дефицит.
Уште -2 на вагата. Се на се, -8 за 4 недели. Се вратив на старата килажа, ама сите ме нервираат, постојано некој ми кажува дека изгледам многу слабо Ќе почнам да тепам. Синоќа чоколадо јадев. Секој ден над 10 000 чекори, многу вода. Уште теретана да почнам и се ќе е перфектно
Лесно. Јадам претежно протеини и зеленчуци, пешачам над 15 000 чекори на ден. Само црно кафе и вода. Јаглехидрати скоро па ич.
На chatGPT најубаво да му пишеше што и колкава количниа јадеше и ќе ти пресмета детално се што сакаш. мене тој начин ми е најлесен
Мислам дека конечно после многу време го направив првиот чекор за да внимавам што и колку јадам.Сеуште сум на стаклени нозе ,но барем се трудам и не потккекнувам на предизвиците барем засега.Немам некоја диета претежно јадам омлет ,месо и салата ,овесни каши и некогаш малку црн леб.Е сеа знам да изедам и едно колаче,ама сум горда што се задржувам на само едно во неколку дена.Се надевам дека нема да се откажам и ќе постигнам некој резултат со оваа исхрана.
Така е најубаво и најпаметно. Немој да гладуваш, тоа кај мене е најлошо зашто два дена гладувам третиот сакам се да изедам Со таква исхрана сум супер ослабена, си јадам секој ден по нешто благо зашто не можам без благо. На пример си правам здрави бомбици, палачинки, смути, ако немам време знам и некое колаче да каснам ама се во граници. Главното според мене е да не се оставаш гладна и да гледаш да е 80 посто барем здраво. Се надевам ќе успееш во целта
Вагата покажуа -3кгр.за 10 дена.Знам дека е вишок на течности,имам повеќе килограми за симнување и овие не се ни приметуваат дека сум ги намалила.Се надевам дека нема да се откажам и вагата ќе оди барем уште -10кгр.надолу.